Со реконструкцијата се предвидува замена со стариот слој на асфалт со нов, замена на старите рабници со нови, замена на подлогата, како и реконструкција на шахти и сливници на истите улици. Исто така оваа реконструкција вклучува и изградба на споредна улица која ќе се служи како економски влез до новоизградената градинка. Градежните активности се очекува да бидат завршени за 20 дена. |
Повеќе...
|
|
Наскоро 62 социјално-загрозени фамилии од нашата општина ќе добијат трајно станбено решение. Во склоп на зградата предвиден е и паркинг простор. Средствата за изградба на овој проект се обезбедени од банката за развој на Советот на Европа во согласност со Законот за задолжување на Република Северна Македонија. |
Повеќе...
|
Започна месецот на рамазанските пости. По тој повод на сите припадници од муслиманска вероисповед им го честитам започнувањето на Светиот месец и рамазанските пости. Ви посакувам пријатни и со позитивна мисла исполнети празнични денови, а деновите на постот нека бидат денови на заедништво и толеранција. |
Во наредните неколку денови додека ќе траат градежните активности, улицата Манчо Малиминов ќе биде затворена за сообраќај во должина од 100 метри на потегот од спојот со улица Маршал Тито до спојот со улицата Индустриска. Имено. во овој период се изведуваат активности за реконструкција на атмосверската линија и се поставуваат приклучоци за вода до индивидуални станбени објекти. По завршувањето на градежните работи, на улицата Манчо Малиминов ќе продолжи нормално одвивање на сообраќајот. |
Повеќе...
|
На мое огромно задоволство, а верувам и на сите граѓани на општина Неготино дека изведбата на овој нов модерен објект по сите стандарди и критериуми е во завршна фаза. Останува опремување на внатрешното уредување (ентериерот), комплетирање на партерното уредување и парковска површина во непосредна близина на градинката. Новата градинка има 9 занимални, односно капацитет за згрижување на 160 дечиња. |
Повеќе...
|
Од мое лично име и од име на општина Неготино ми претставува задоволство да ја упатам мојата честитка по повод 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите кој ги претставува почетоците на ромското движење од 1971 година кога на Првиот светски конгрес е потврдено дека Ромите имаат свое знаме, химна, јазик и култура. На припадниците на ромската заедница од општина Неготино им упатувам искрени честитки по повод денешниот празник со уверување дека како локална самоуправа ќе продолжиме со реализирање на зацртаните определби за зајакнување на социјалната и економската вклученост на Ромите во сите општествени текови, како и недискриминација и заштита на човековите права на Ромите. Ова од причина што заедничката битка за унапредување на правата на Ромите е од заеднички интерес. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Лист 46 од 314 |