Општина Неготино
Се поставува хоризонтална сигнализација и се одбележуваат паркинг-местата PDF Печати
  Општина Неготино започна со активност за поставување на хоризонтална сигнализација и одбележување на паркинг-местата во најфреквентните делови од градот. Хоризонтална сигнализација се поставува на улиците Маршал Тито, Партизанска и Ленинова, во централното градско подрачје, пред училиштата и градинките и на други локации. Исто така, се врши и одбележување на паркинг-местата. Се апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна согнализација, да возат внимателно, а се препорачува и да се тргнат паркираните возила на улиците и локациите каде што се изведуваат активности.
 
Санација на главната улица во Војшанци со должина од 30️0️ метри. PDF Печати

Санација на главната улица во Војшанци со должина од 30️0️ метри.  

Повеќе...
 
Увид на бројни проекти реализирани во Централното училиште „ Гоце Делчев “ во Неготино PDF Печати
 Градоначалникот Тони Делков денес заедно со амбасадорката Рејчел Галовеј, министерката за образование и наука Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, директорот на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „ Чекор по чекор “ Сузана Киранџиска и директорот на училиштето Петар Мантев  го посетија ООУ „ Гоце Делчев “ и направија увид на бројните проекти кои се реализирани во ова училиште.
ООУ „ Гоце Делчев “ во рамки на Проектот „ Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран “ аплицираше за изградба на игралиште за ученици со попреченост кои следат настава во ова училиште, каде општината беше вклучена со покривање на дел од трошоците за градежни активности во наменското игралиште.
Имено станува збор за проект чија цел е подобрување на можностите за образование на децата со попреченост и придонесува кон развитокот на инклузивен систем на основно образование. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за следење на наставата како и ќе се овозможи подобрена пристапност до и во училиштето.
Беше презентирана и новата спортска подлога поставена на теренот за кошарка, како и бројните проекти спроведени во училиштето.
 
 
Повеќе...
 
Амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ Рејчел Галовеј во посета на Општина Неготино PDF Печати

Денес во работна посета на општина  Неготино беше  амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ нејзината екселенција Рејчел Галовеј. Најпрво градоначалникот Тони Делков ја запозна амбасадорката Галовеј со работата на општината, со реализацијата на бројните проекти кои се спроведуваат во повеќе области на општественото живеење.
Средбата беше искористена да се посетат и да претстават неколку значајни места во општина Неготино. Заеднички градоначалникот Делков го посетија „ Музејот на олд тајмери “ на Дионис Пашлаков каде од страна на неговата фамилија беше раскажана приказната за Дионис и неговите стари автомобили како и документарниот филм кој беше снимен за неговата пасија.

Повеќе...
 
Хортикултурно разубавување на централното градско подрачје PDF Печати

 Засадени се повеќе од 3600 цветни задници на неколку локации во градот

Повеќе...
 
Се санира коловозот на четири краци од улица „ Маршал Тито “ PDF Печати

Во тек се градежни активности за санација на коловозот на четири краци од улица „ Маршал Тито “ во град Неготино.  Со санацијата предвидено е да се заменат оштетените делови со нов асфалтен слој, крпење на ударни дупки и нивелирање на оштетените и пропаднати шахти. За фирма - изведувач избрана е ОСД ДООЕЛ - Скопје, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 42 од 314