Општина Неготино
ОБЈАВА За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на подрачјето на општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 50 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002), член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз  на патници во Општина Неготино бр. 08-475/4  од 28.07.2021 година, а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ бр.68/04....71/16) ,

ОПШТИНА НЕГОТИНО-ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
ОБЈАВУВА


            ОБЈАВА
За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на подрачјето на општина Неготино

Објавата се однесува за распределба на:


Линија бр.7   
Неготино-с.Курија-с.Црвени Брегови-Неготино



Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:

Повеќе...
 
ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ PDF Печати

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на:
•    Реонски попишувачи  и
•    Реонски инструктори.

ЈАВЕН КОНКУРС

 
Започнуваме со реконструкција на улица „Едвард Кардељ“ со вкупна должина од 430 метри PDF Печати

Во периодот кој следи поради градежните активности наа оваа улица ќе има времен режим на сообраќај, а поради тоа апелирам жителите кои живеат на оваа улица и сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.  

Повеќе...
 
Честитка од градоначалникот по повод Курбан Бајрам PDF Печати

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,
Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам и да ви посакам овој ден да го поминете во добро здравје и убаво расположение.
 Курбан бајрам е празник на солидарноста и хуманоста, толеранцијата и меѓусебното почитување.
Нека е честит денешниот ден, Курбан Бајрам !!!

 
Одбележана годишнината од загинувањето на Диме Поп Атанасов PDF Печати

   На 13 јули 2021 се навршија 80 години од загинувањето на Диме Поп Атанасов, 1917-1941. По тој повод во селото Горни Дисан- општина Неготино пред споменикот на Диме Поп Атанасов, обраќање пред присутните имаа Перо Стефанов и Атанас Најдов- претстедател на Сојузот на борци од општина Неготино. Воедно се положи свежо цвеќе во негова чест од:Сојузот на борци – Неготино, Сојуз на борци – Кавадарци, Сојуз на борци – Радовиш, претставници од локалната самоуправа од општина Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, од општинската организација на СДСМ од Неготино и Претставници од Општинската установа Музеј на град Неготино.

 

Повеќе...
 
Никогаш заборавени !!! PDF Печати
Никогаш заборавени !!!
На денешен ден навршуваат 20 години од враќањето на резервистите/бранители од општина Неготино кои учествуваа во Воениот конфликт во 2001 година.
На 14 јуни 2001 година се мобилизирани околу 350 резервисти од општина Неготино, а околу 250 се испратени во Тетовски регион притоа распоредени на повеќе места и локации односно биле дел од различни позиции. За среќа сите се враќаат во Неготино на 13 јули ( Павловден ) 2001 година  за кои беше организиран свечен пречек во Манастирскиот комплекс „ Св. Ѓорѓи “ во Неготино.
Драги, бранители, Ви благодариме за се !!!

 
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>

Лист 38 од 314