Општина Неготино
Неготино домаќин на Државното првенство во гол-бал за слепи лица PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со претседателот на Националната спортска федерација на слепи лица за отворено го прогласија Државното првенство во гол-бал за слепи лица кое од денеска до недела се одржува во СС Младост во нашиот град, а на сите учесници им посакаа фер и коректна игра со желби победата да ја однесат најдобрите. По одржаните квалификациски натпревари, на завршниот финален турнир во Неготино учествуваат 6 екипи од Прилеп, Тетово, Скопје, Кавадарци, Битола и Куманово, а според распоредот дневно ќе се одигруваат по максимум 5 натпревари со строго почитување на пропишаните здравствени протоколи за заштита од Ковид 19. Турнирот завршува во недела кога ќе бидат прогласени најдобрите екипи и ќе бидат доделени пехари и медалји за 3-те првопласирани екипи.

Повеќе...
 
Од петок до недела (24-26.09) изменет режим на сообраќај кај новиот кружен тек PDF Печати

   Со интензивирањето на градежните активности околу изградбата на новиот кружен тек во близина на зградата на ОВР Неготино, се јавува потреба од изменет режим на сообраќај во тој дел на градот. Имено, во деновите од петок 24.09 до недела 26.09. ќе се врши асфалтирање на кружниот тек и поради безбедно одвивање и на работите и на сообраќајот, се известуваат граѓаните дека овие 3 денови ќе има изменет режим на сообраќај   односно тешките товарни возила кои ќе сообраќаат на патниот правец кон Кавадарци и обратно ќе бидат пренасочувани преку патниот правец Росоман – Кавадарци. Токму затоа, се замолуваат граѓаните за разбирање и почитување на режимот и поставените сообраќајни знаци. Со завршувањето на изградбата на новиот кружен тек ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот хаос на најфреквентната раскрсница во градот и ќе се создадат услови за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.

 
Презентација на можностите за производство на енергија од био маса PDF Печати
   Во организација на општина Неготино, Стопанската комора и Здружението Еко-вита се одржа презентација на можностите за производство на енергија преку искористување на земјоделски отпад, како на пример лозови прачки, гранки од праски, сливи и слично кои имаат висока калорична вредност од речиси 99 отсто, исто како и пелетите и брикетите. Идејата е преку нивно рециклирање да се дојде до искористување на земјоделскиот отпад преку 2 аспекта- енергијата која се губи во природата и заштита од заразни болести во лозарството преку собираање на заразени прачки кои потоа би се гореле. На тој начин, отпадот од виновата лоза и гранките од овошки, односно био маса, би се согорувал и претварал во топлинска енергија. За таа цел, беше претставен прото-тип на машина за рециклирање на отпадот кој би се собирал од земјоделските површини, истиот се складира во контејнери, се гори во индустриски печки и се добива топлинска енергија, а подоцна има можност и за електрична енергија. Свои излагања на презентацијата имаа експерти од оваа област, а со свои прашања и дискусии се вклучија и заинтересираните присутни на настанот. 
Повеќе...
 
Промовирана монографијата „Хумана мисија и активно стареење“ PDF Печати

Во дворот на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа промоција на монографијата насловена како “Хумана мисија и активно стареење“ по повод 10 години Клуб на пензионери-хуманисти “Анри Динан“ од Неготино и по повод 20 септември - Денот на пензионерите.
Промоцијата започна со воведно излагање на Петар Стефанов во кое што го раскажа целиот пат и настани од основањето на клубот па се до денес. Почетоците се од 2010 година како предизвик од зголемувањето на бројот на волонтерите и јакнење на волонтерскиот капацитет, како движечка сила за имплементација на активностите насочени кон подобрување на животот на ранливите целни групи од заедницата. За таа цел Општинската организација на Црвениот крст, вклучувајќи се во Програмата за интензивна надградба на капацитети (ИНК) на Црвениот крст, својата активност ја насочи кон вклучување на волонтери од трето доба бидејќи тие со своето работно и животно искуство, желбата за волонтирање, хуманите капацитети и активирањето на разните видови хуманитарни ангажмани ќе придонесат за квалитетно и квантитативно јакнење на човечките ресурси во Црвениот крст. Идејата беше предочена во проект, изготвен од Александар Гичовски, професор по македонски јазик во СОУ “Св.Кирил и Методиј“ од Неготино, кој беше и усвоен од Црвениот крст на Македонија, поддржан и поткрепен со финансиска помош од 70.000, денари. Веднаш по усвојувањето на проектот, Извршниот одбор на Општинската организација на Црвен крст-Неготино определи лица за координација и комуникација во подготвителната фаза од реализацијата на проектот. За пензионерите е определен Петар Стефанов-член на Извршниот одбор, за младите-Александар Гичовски, а за комуникација со институции и фирми и за буџет-Блаже Настов-Секретар на Општинската организација на Црвен крст-Неготино.

Повеќе...
 
Општина Неготино изразува сочуство до загинатите во општина Тетово PDF Печати
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков изразува најискрено сочуство до семејствата на загинатите во пожарот кој ја зафати модуларната болница во  општина Тетово во која се лекуваа болни од КОВИД 19, а на сите повредени им посакува брзо закрепнување.   
 
Во тек се градежни активности за реконструкција на улица „ Едвард Кардељ “ во Неготино PDF Печати

Покрај реконструкцијата на коловозот и тротоарите на улицата утврдено е дека е потребна замена на водоводната линија долж цела улица со приклучоци до самите објекти како и изградба на два дополнителни сливници за атмосферски води со кои ќе ги решиме проблемите кои најчесто се предизвикани од поројни дождови. По изведување на овие активности следува тампонирање и асфалтирање на целата улицата како и реконструкција на постоечките тротоари. Според утврдената динамика се очекува градежните работи комплетно да завршат до првата половина од месец октомври 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>

Лист 34 од 314