По повод 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино и оваа година во кино салата на Центарот за култура ,, Ацо Ѓорчев ,, се одржа традиционалната свечена седница на Советот на општина Неготино. На седницата присуствуваа актуелниот и поранешни градоначалници и претседатели на општината, советниците во Советот, претставници на организацијата на борци и членови на семејствата на загинати учесници во НОБ, парламентарни делегации од Собранието на РМ, претставници на збратимените градови со Неготино, како и други заинтересирани граѓани. |
Повеќе...
|
|
Во чест на одбележувањето на празникот на општина Неготино – 8-ми Ноември, во организација на локалната самоуправа, а во соработка со институции и поединци, беа реализирани повеќе пригодни активности. Меѓу другото, на иницијатива на неуморниот ентузијаст – професорот Дионис Пашлаков со асистенција на претставници на Авто – мото сојузот на Македонија во нашиот град се одржа најмасовната ревијална изложба на олд – тајмери досега организирана во Македонија. На изложбата со сопствени стари возила учество зедоа љубители на стари автомобили од повеќе градови од земјава, а граѓаните од општината во голем број излегоа на градскиот плоштад каде што беа лоцирани олд – тајмерите и со нескриена доза на љубопитност ги разгледуваа возилата кои се произведени и по патиштата се движеле пред повеќе од половина век. Самата изложба имаше и натпреварувачки карактер, а на сопствениците на најатрактивните олд – тајмери им беа врачени пригодни награди. |
Повеќе...
|
Градоначалникот и Советот на општина Неготино, преку Комисијата за јавни дејности ги известуваат сите активни спортски клубови, здруженија на граѓани и невладини организации од општината, дека најдоцна до 15 ноември 2009 година до 16.00 часот, во Општинскиот Услужен Центар треба да ги достават следните документи: |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов ја информира пошироката јавност дека негов приемен ден за граѓаните ќе биде секој четврток во периодот од 09,00 до 12,00 часот кога секој што е заинтересиран за тоа, ќе може оствари средба со првиот човек на општината. Пријавувањето за прием кај градоначалникот ќе се врши на приземјето во зградата на општина Неготино. Се апелира до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот Стојанов да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот. |
Во рамките на реализацијата на проектот финансиран со средства од Владата на РМ за изградба на спортски сали на територијата на цела држава, еден таков објект започна да се гради и во Неготино. Имено, од неодамна се започнати активностите за изградба на најсовремена фискутурна сала која ќе функционира во склоп на СОУ Св. Кирил и Методиј. Согласно изготвениот проект, фискултурната сала ќе биде со должина од 44 и ширина од 29 метри, односно ќе опфаќа корисна површина од околу 1.300 метри квадратни. Истата се предвидува да биде повеќенаменска, а во нејзини рамки ќе бидат изградени и трибини. Изведувач на работите е ГП Гранит, а надзорот го вршат стручни лица од Градежниот институт од Скопје. Со изградбата и ставањето во функција на новата фискултурна сала средношколците од СОУ Св. Кирил и Методиј наставата по физичко воспитување ќе можат да ја реализираат во нови и стандардизирани услови, без притоа секојдневно да се упатуваат кон блиската спортска сала со што се ризикува нивната безбедност или пак часовите по физичко да се одржуваат во импровизирани услови во училниците. Се очекува фискултурната сала да биде завршена во согласност со утврдените рокови за нејзина изградба. |
Локалната самоуправа Неготино секоја година од Агенцијата за државни патишта добива на располагање средства во висина од околу 5 милиони денари. Употребата на овие средства е строго наменска и се однесува на реконструкција и изградба на патната инфраструктура на територијата на општината, се разбира со утврдени приоритети од страна на надлежните органи, додека еден дел е наменет за зимско одржување на уличната мрежа во градот. Според предлозите на стручните служби, се очекува оваа година овие средства да бидат искористени за изградба и реконструкција на два патни правци и тоа Неготино – Тимјаник и Неготино – Курија. Направените пресметки говорат дека средствата ќе бидат доволни за комплетно уредување на 3,5 километри од патот Неготино – Курија и 1 километар од потегот Неготино – Тимјаник. Со реализацијата на овој проект се очекува да дојде до значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овие два патни правци.
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 311 312 313 314 Следно > Крај >>
|
Лист 313 од 314 |