Општина Неготино
СЕ ГРАДИ НОВ ГРАДСКИ – ЗАБАВЕН ПАРК PDF Печати

   Општина Неготино продолжи со континуирано спроведување проекти преку чија реализација на младите генерации им се создаваат услови за нивен правилен психофизички развој преку создавање услови за спортување и рекреирање и отргнување од опасностите кои демнеат од присуството на мноогубројните пороци на денешнината. Така, на просторот помеѓу ул. Фемо Кулаков и Марксова беше поставен камен темелник и започнаа работите за изградба на нов забавен парк во нашиот град. Вредноста на проектот изнесува 2 милиони денари кои се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а работоте ќе ги изведува Градба-промет. Според зборовите на градоначалникот Пане Трајков, во состав на градскиот рекреативен парк ќе има игралиште за кошарка, игралиште за мали деца и песочник, поставување на урбана опрема, клупи за седење и канти за отпадоци, пешачки патеки со бехатон коцки, како и засадување на површини со трева, садници од липа и див костен.

Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ 10 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на 10-мина граѓани од општината им додели решенија со кои им се легализираат веќе постоечки и изградени објекти. Како што изјави градоначалникот Трајков, со донесувањето на Законот за третман на бесправно изградени објекти решен е еден децениски проблем и на граѓаните им е овозможено под исклучително поволни услови да ги легализираат своите објекти. Инаку, до надлежната општинска комисија досега се доставени околу 70 барања за легализација на објекти и тоа во најголем дел доградби и надградби на станбени објекти, гаражи, објекти за домување, како и неколку барања за легализација на стопански објекти. Инаку, бројките говорат дека во општина Неготино се поднесени најмалку барања за легализација на дивоградби што според зборовите на надлежните се должи на фактот што Неготино е еден од најдобро урбанизираните градови во Македонија со исклучителни мал број на регистрирани дивоизградени објекти. Со издавањето на решенија за легализација ќе се продолжи и во наредниот период.

Повеќе...
 
ОСВЕТЕНА ГРАДСКАТА КАПЕЛА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во присуство на голем број заинтересирани граѓани, митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со свештени лица од МПЦ изврши осветување на новоизградената Градска капела во Неготино. Како што истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков за комплетна изградба на капелата од Буџетот на општината се потрошени средства во висина од 12 милиони денари, а капелата беше завршена во рок од една година. Објектот располага со вкупна површина од 400 метри квадратнии, а во склоп на капелата има влезен трем, сала за излагање, просторија за подготовка, соба за одржување, за најблиските и за свештените лица, како и друг простор. Градоначалникот Трајков најави продолжување на интензивната комунална изградба, како во градот, така и во населените места, додавајќи дека секогаш на прво место ќе бидат интересите на граѓаните на општина Неготино.

Повеќе...
 
ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ МОСТ ВО Д. ДИСАН PDF Печати

  Во присуство на месното население, на пригоден начин во употреба беше предаден новоизградениот мост во селото Долни Дисан чие профункционирање овозможува полесен проток на луѓе и возила и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Изградбата на проектот се одвиваше во неколу фази и опфати изведување на земјени зафати, бетонски работи и поставување на платформата и вградување на ограда. За реализација на овој проект кој се спроведе по барање на жителите на Долни Дисан, од Буџетот на општина Неготино се издвоија 600.000 денари, а изградбата на мостот заврши за две недели. Свечениот чин на предавање во употреба на новоизградениот мост го извршија заменик –претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков.

Повеќе...
 
КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ТРЕМНИК PDF Печати

   Во присуство на месното население и претставници од локалната самоуправа, во селото Тремник беше поставен камен-темелник и означен стартот на работите за изградба на ново повеќенаменско игралиште. Обраќајќи им се на присутните градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков истакна дека за комплетна изградба на игралиштето од Буџетот на општината ќе се издвојат средства во висина од 2 милиони денари, додавајќи дека локацијата на која ќе се гради игралиштето ќе биде наменета за контакти на населението, одмор и релаксација, организирање и одржување на културно-забавни манифестации, како и спортски активности. Според оценките на стручните служби, локацијата наедно обезбедува и простор со уреден партер и урбана опрема, простор за одмор и спортско рекреативни намени, како и површини со ниско и високо зеленило.

Повеќе...
 
ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ФИСКУЛТУРНА САЛА PDF Печати

   Близу 1.000 ученици и нивните професори по физичко образование од СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино на располагање добија нова, модерна и најсовремена фискултурна сала која обезбедува идеални услови за одржување на часовите по физичко и за тренинг и на најдобрите спортисти. На пригодната свеченост што по тој повод се одржа, чинот на предавање на салата во употреба го извршија заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, државниот секретар во Министерството за образование Елизабета Тодорова и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Вицепремиерот Ставрески информираше дека досега вкупно 42 сали се отпочнати со градба, 10 се веќе завршени, а предвидено е до 2013 година сите 145 сали да бидат пуштени во употреба. Инаку, досега во општина Неготино се вложени 64 милиони денари за изградба на спортски сали, од кои 40 за салата во средното училиште и 24 милиони денари за училишната сала во основното училиште Страшо Пинџур.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Следно > Крај >>

Лист 300 од 314