Општина Неготино
ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ PDF Печати

   На пригодна свеченост, а во рамките на одбележувањето на празникот на општина Неготино – 8-ми Ноември, во употреба беше пуштено новоизграденото детско игралиште лоцирано на потегот помеѓу улиците Фемо Кулаков и Марксова. Вредноста на изведените работи и набавените реквизити изнесува над 2 милиони денари, а работите ги изведе ГП Градба промет. Во негов состав  има игралиште за кошарка, игралиште за мали деца и песочник, поставена е соодветна урбана опрема, корпи за отпадоци и клупи за седење, на пешаките патеки поставени се бехатон коцки, а се предвидува целата околина да биде засадена со трева, садници од липа и див костен. Со изградбата на овој објект општина Неготино продолжува со континуирано спроведување проекти преку чија реализација на младите генерации, и не само нив, им се овозможуваат услови за правилен психофизички развој преку создавање можности за спортување и рекреирање.

Повеќе...
 
НОВ ГРАДСКИ ЗАБАВЕН ПАРК ВО СААТ – КУЛА PDF Печати

  За исклучително краток период на просторот кој до неодамна претставуваше обична голина изграден е и пуштен во употреба нов градски забавен парк во населбата Саат – кула каде што во иднина населението од овој крај од сите генерации ќе може во одмор и релаксација да поминува дел од своето слободно време. Проектот е реализиран со средства од општинскиот буџет во висина од 2,5 милиони денари, а во негов состав поставена е фонтана, изградени се пешачки патеки во паркот и на околните улици, поставени се клупи за седење, како и повеќе разновидни елементи за забава и рекреација на најмладите сограѓани, а околината на ниовиот градски – забавен парк ќе биде оплеменета со зеленило. Градоначалникот Пане Трајков истакна дека во соработка со Агенцијата за млади и спорт предвидено е заокружување на овој простор со изградба на повеќенаменско игралиште од проектот за изградба на 100 маалски игралишта во Македонија, а се планира изградба  и на тениски терени.

Повеќе...
 
НОВ БИЗНИС ИНФО ЦЕНТАР ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Братислава – Словачка ја организираа завршната конференција на проектот – Зајакнување на малите и средни претпријатија – пат кон економски раст и пристапување кон Европската унија. Проектот има за цел на македонските партнери да им обезбеди словачки искуства за интеграција во ЕУ, развој на пазарот и на бизнис-амбиентот преку проверени мерки за поддршка на претприемништвото, како и подобрување на бизнис климата.Во рамките на проектот во Неготино е отворен нов бизнис инфо центар, односно регионален инфо – пулт со лице кое ги обезбедува услугите, а врз основа на здобиените информации од одржаните обуки. Новиот бизнис инфо центар треба да го обезбеди првиот контакт се претставниците на бизнис секторот и преку нивните оперативни услуги да обезбедат поддршка на развојот на приватниот сектор од општина Неготино.

Повеќе...
 
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МАЛОЛЕТНИЧКО ПРЕСТАПНИШТВО PDF Печати

   Претставници на општина Неготино учествуваа на работилница која ја организираа канцеларијата на УНИЦЕФ и Државниот совет за превенција од малолетничко престапништво, а на која се расправаше за активностите за имплементација на Законот за малолетничка правда согласно кој Советот на општината именува општински Совет за превенција на малолетничкото престапништво. Покрај именувањето на членови на ова тело, планирано е организирање тренинг-работилници за целите, задачите, надлежностите, составот, локалните превентивни програми, како и развивање на локални акциони програми за превенција на малолетничкото престапништво и третманот на малолетните сторители на кривични дела и прекршоци.

Повеќе...
 
ЦИСТЕРНА ЗА ВОДА И 30.000 ДЕНАРИ ЗА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на ,, Детската недела ,, одговорните и дечињата од неготинската градинка кои таму престојуваат, организираа низа активности за нејзино достојно одбележување. Меѓу другото, беше организирана заедничка посета на манастирот ,, Св. Ѓорѓи ,, ликовна изложба, театарска претстава и други активности. Дел од истите проследи и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој во таа прилика на директорката Весна Нацева и врачи ваучер од 30.000 денари – средства наменети за купување играчки за потребите на децата кои пак присуството на првиот човек на градот го искористија да презентираат дел од она што како знаење и умешност го стекнуваат низ секојдневното присуство во градинката. Предходно, а имајќи го предвид проблемот со недостигот од вода посебно во летните месеци, општина Неготино за потребите на градинката обезбеди и цистерна за вода во вредност од 180.000 денари.

Повеќе...
 
СЕ ЧИСТАТ РЕЧНИТЕ КОРИТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

    Врз основа на усвоениот Акционен план на Владата на РМ за 2011-та година, а во организација на локалната самоуправа и Центарот за управување со кризи, на подрачјето на општина Неготино започнаа активностите за расчистување на одделни речни корита со цел за обезбедување непречено одводнување на поројните атмосферски води. Работите најпрво се изведуваат во Индустриската зона каде што се врши чистење на поројот од наноси и вегетација од шамак во должина од околу 400 метри, со што се верува дека ќе се избегне евентуалното нанесување штети на постоечките стопански капацитети. Согласно планираните активности, предвидено е сечење на вегетацијата и извлекување на истата, машински ископ и расчистување на наноси и  ниска вегетација, исфрлање на комунален и градежен отпад, како и проширување и продлабочување на речните кроита.
Активностите продолжуваат на речните корита Брестов дол во должина од 500 метри, Дисанска река во атарот на селото – 1.000 метри, Тремничка река – 2.500 и на локалитетот Мушанци во должина од околу 2.000 метри.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Следно > Крај >>

Лист 296 од 314