Општина Неготино
ПРЕТСТАВНИЦИ НА СРЕДНОШКОЛСКИОТ ЕКО-ОДБОР НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКИОТ ТРАЈКОВ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков изврши прием и оствари работна средба со дел од претставниците на еко-одборот при Средното општинско училиште ,, Св. Кирил и Методиј ,, предводени од професорката и координатор Марика Ѓорѓиева и директорката Маја Тефова. Посетителите го информираа градоначалникот Трајков за активностите кои се реализираат во рамките на спроведувањето на Програмата ,, Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем ,, која се спроведува со поддршка од ресорното Министерство за образование и наука. Претставниците на еко-одборот информираа и за придонесот во практикувањето на екологијата низ наставниот процес, влијанието врз еколошката свест на учениците, како и за еко-акциите кои досега се реализирале, но и за оние што ќе се спроведат во иднина.

Повеќе...
 
НОВ ПРОЕКТ НА USAID ВО ПОВАРДАРИЕТО PDF Печати

  УСАИД во Повардарието започна нов проект за мали и микро претпријатија кој ќе го поддржува растот на претприемачите, сопствениците на мали и микро фирми и тоа преку размена на искуства, консултантство о поддржка за извоз и инвестиции. Како што беше потенцирано на неговата промоција во Кавадарци, проектот е уникатна можност за добивање обука и практични знаења, услуги за поддршка на бизниси и финансиски капитал, сето тоа насочено кон стимулирање повисока стапка на раст и создавање нови работни места во секторот за мали и микро претпријатија.

Повеќе...
 
ПРЕТСТАВНИЦИ НА KFV БАНКАТА ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

   Делегација на Германската KFV банка за обнова и развој предводена од проектниот менаџер Роза Екле престојуваше во работна посета на општина Неготино при што оствари работна средба со градоначалникот Пане Трајков , претставници на локалното комунално претпријатие Комуналец и општинската администрација и на лице место се запозна со актуелните состојби во делот на водоснабдувањето на подрачјето на општината. Колку за потсетување, пред извесен период беше потпишан договорот за финансирање за реализација на проектот ,, Водовод и канализација – фаза 1 ,, со кој на неготинското комунално претпријатие му беа одобрени средства во износ од 249.569 евра со рок на отплата од 28 години, грејс период од 10 години и годишната каматна стапка од само 2 отсто.

Повеќе...
 
ЗАВРШЕН НАСТАН ПО ПОВОД ПРОЕКТОТ - ЕФИКАСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА PDF Печати

  Општина Неготино во соработка со МТСП и Британски Совет го спроведуваше проектот – Ефикасно спроведуваење на Законот за заштита и спречување на дискриминација , кој имаше за цел запознавање на јавноста со овој Закон и подигање на свеста за заштитата на човековите права и почитувањење на различностите.
По успешната реализација на проектот кој се спроведуваше во 12 општини во Р. Македонија , МТСП организираше завршен настан во просториите на Влада на РМ на кој беа поканети градоначалниците на 12 –те општини , и на кој Министерот за труд и социјална политика им додели на Градоначалниците Сертификат за општини без дискриминација.

Повеќе...
 
ДИПЛОМИ ЗА ЗАВРШЕНА ОБУКА ВО РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и директорот на Работничкиот универзитет Коста Солаков на посетителите кои успешно ја завршија обуката за компјутери и странски јазици  им врачија дипломи. Станува збор за реализација на проектот Стручна квалификација – предуслов за подобра перспектива во чие спроведување учество зедоа 100 кандидати од општина Неготино кои предходно се пријавија по распишаниот оглас од страна на локалната самоуправа. Кандидатите кои ја следеа наставата беа поделени во 10 групи и тоа по информатика 5 групи со по 8 учесници, англиски јазик 4 групи со по 13 кандидати, додека францускиот јазик го изучуваше една група од 8 кандидати. Проектот беше финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од 300.000 денари, а градоначалникот Трајков најави дека доколку во буџетот за наредната година се предвидат средства, реализација на уште еден ваков проект може да се очекува и во 2012 година.

Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ 21 РЕШЕНИЕ ЗА ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ НАСТАВНИЦИ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на 21 наставник и помошен кадар од двете основни и општинското средно училиште од градот им ги подели согласностите за вработување на неопределено време. Станува збор за наставници кои повеќе од 2 години работеле по договор на дело и кои на пригодната свеченост добија решенија за трајно вработување притоа не криејќи го сопственото задоволство од конечното решавање на нивниот егзистенцијален проблем. Градоначалникот Трајков на наставниците им посака во својот работен век на прво место да ги стават учениците и нивното образование. Инаку, доделувањето на согласностите се должи на измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои наместо дотогашните 5, решенијата за трајно вработување се доделуваат по 2 години непрекината работа во образовните установи.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Следно > Крај >>

Лист 294 од 314