Општина Неготино
ОБУКА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЛОКАЛНО НИВО PDF Печати

  Во организација на локалната самоуправа, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Лудвиг Болцман институтот од Австрија во Неготино се одржа дводневна обука на тема ,, Мониторинг, лобирање и имплементација на индивидуални и колективни човекови права на локално ниво ,,. На обуката која се одржа во ТИЦ ,, Желкова куќа ,, присутните се запознаваа со тоа што претставува и што е активното граѓанско учество и зошто е потребно истото, како граѓаните можат да и шпомогнат на локалната самоуправа во однос на развивањето на односите помеѓу граѓаните и општината, како и со можностите за подобрување на комуникацијата на локалната самоуправа со граѓаните. Обуката ја следеа и активно учество зедоа претставници на локалната администрација, невладините организации и други јавни установи.

Повеќе...
 
ОДБЕЛЕЖАН ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК ,, СВЕТИ ТРИФУН ,, PDF Печати

  Со изведување на ритуалот на симболично закројување на виновата лоза и со желби за богат и квалитетн род и вистинско вреднување на трудот на лозарите, во Неготино на пригодна свеченост во рамките на одржувањето на  Неделата на виното  беше одбележан верскиот празник Свети Трифун. Првите лози ги закроија и го означија стартот на работите во лозарството Заменик-претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставрески и Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Вицепремиерот Ставрески ја искористи можноста да ги информира лозаропроизводителите дека на нивните сметки веќе се легнати средствата по основ на субвенции во висина од 3,5 милиони евра, како и тоа дека се создадени услови за деблокирање на сметката на ВВ ,, Повардарие ,, со што деновиве ќе се создадат услови за исплата на околу 300.000 евра за производителите кои овде го предале својот род.

Повеќе...
 
МИНИСТРИТЕ ЈАНАКИЕСКИ И АДЕМИ НА ЈАВНА РАСПРАВА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

  Да се разбие стравот кај населението од изградбата на капацитет за топење на челик и да се утврди дека инвестицијата ќе биде во рамките на законите – беа основните цели на одржувањето на јавната расправа по иницијативата на компанијата ИГМ-трејд од Кавадарци за изградба на железара во атарот на неготинските села Дуброво и Тремник, а на која присуствуваа и активно учество зедоа министрите за транспорт и врски и за животна средина Миле Јанакиевски и Абдулаќим Адеми. По извршената презентација од претставниците на потенцијалниот инвеститор за евентуалните вложувања, дел од присутните со став дека изградбата на еден ваков капацитет негативно ќе влијание врз развојот на лозарството и винарството – гранки со кои се занимаваат и егзистенција обезбедуваат најголем дел од граѓаните на општина Неготино. Одтука и предлогот во јавната расправа да се вклучат и стручни лица од Министерството за земјоделство со изработка на елаборат за можните влијанија на објектот врз лозарството и винарството.

Повеќе...
 
ИЗБРАНО РАКОВОДСТВО НА СОВЕТОТ ЗА МАЛОЛЕТНИЧКО ПРЕСТАПНИШТВО PDF Печати
  На 23.01.2012 во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино се одржа првиот состанок на Советот за превенција од малолетничко престапништво.Овој совет го сочинуваат претставници од подрачните единици на МТСП ,МВР, Центар за социјална работа, Адвокатска комора, Здруженија на граѓани и др.  На овој прв состанок членовите на општинскиот совет за малолетничко престапништво избраа свој претседател. За претседател на Советот беше избрана Флорида Илиевска, претставник од ЗГ  Помош – Н од Неготино и исто така беа избрани 5 лица кои ќе учествуваат на претстојната обука во Струга на тема : Превентивни програми за работа за Советот за малолетничко престапништво.
Со делувањето на овој совет ќе се делува превентивно врз децата и младите луѓе преку справување со девијантните и асоцијални појави во заедницата.
 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Печати
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 17.01.2012  година објавува

                   ЈАВЕН ОГЛАС
               до
                 невработените лица


1.    Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се:
•    евидентирани невработени лица над 6 месеци
•    поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини
•    професионални војници на кои им престанала службата во АРМ
•    Млади лица до 27 годишна возраст
•    Корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
И кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програма за самовработување, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.
Повеќе...
 
ВЕСЕЛО И РАЗИГРАНО ДОЧЕКАНА НОВАТА 2012 ГОДИНА PDF Печати

  Трета година по ред во организација на локалната самоуправа на градскиот плоштад во Неготино беше организиран заеднички дочек на Новата 2012-та година. Невообичаено пријатното време за овој период од годината придонесе голем број сограѓани да се одлучат и најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад. За одличната атмосфера и доброто расположение на присутните со својот настап се погрижија Младен Ничиќ, Александар Петров, групата Чардак, Антигона бенд, а како главна sвезда на вечерта настапи и го подигна расположението на присутните нашата позната естрадна уметница Блага Петреска-Кондратенко. Присутните на дочекот на Новата година имаа можност да ги користат угостителските услуги кои им беа на располагање, а благодарение на одличната атмосфера што се создаде, за време организираниот дочек за цело време беше весело и разиграно. Исто така, одлична атмосфера имаше и во бројните угостителски објекти во градот во кои и овој пат беше организиран заеднички дочек на Новата 2012-та година. Самата прослава помина беспрекорно и без ниту еден регистриран инцидент.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 291 292 293 294 295 296 297 298 299 300 Следно > Крај >>

Лист 293 од 314