Општина Неготино
СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

  По повод 68-годишнината од ослободувањето на Неготино, како и секоја, така и оваа година се одржа свечената седница на Советот на општина Неготино која ја отвори и водеше претседателот Сашо Николов. На седницата пригодно обраќање во кое се осврна за развојот и растежот на градот, како и за реализаните проекти во периодот помеѓу двата празника имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, а исто така присутните преку аудио-видео материјал имаа можност да се информираат за реализираните проекти и активности на локалната самоуправа во изминатиот едногодишен период. Свое обраќање во кое ги искажаа желбите за уште позабрзан развој на општината имаа првите луѓе на збратимените општини Неготино – Република Србија и Попово – Република Бугарија, а честитка пристигна и од началникот на општина Градишка – Република Српска. На свечената седница на Советот на општината беа доделени наградите и признанијата по повод празникот 8- ми Ноември, а седницата заврши со богата културно-уметничка програма.

Повеќе...
 
АКТЕРОТ ДИМЕ ИЛИЕВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА НЕГОТИНО PDF Печати

  Со одлука на Советот на општина Неготино за дадениот посебен придонес во афирмацијата на општина Неготино во сверата на културата актерот Диме Илиев е прогласен за почесен граѓанин на Неготино, а наградата – клуч од градот му беше врачена на свечената седница на општинскиот Совет. Како што е наведено во образложението, истакнатиот драмски, телевизиски и филмски актер Илиев е роден во Неготино во 1952 каде завршува основно и средно образование, а во 1975 година дипломира на Факултетот за фрамски уметници во Скопје каде е и професионално ангажиран во Нционалната установа Драмски театар. Во својата долга и многу успешна кариера има одиграно повеќе од 90 премиерни улоги, мошне успешни креации има и на телевизијата како медиум, а на радиото има остварено улоги во над 200 радиодрами. На целокупната јавност и стана познат по извонредната креација во филмот ,, Исправи се Делфина ,, а значајни остварувања има и во многу други филмови. За својата долгогодишна работа добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата ,, Ристо Шишков,, Најпопуларно ТВ лице за 1979 година, Најдобар млад актер во 1976 година и Наградата за главна улога на ТВ Фестивалот ,, Порторож ,, во 1976 година.

Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 8-ми НОЕМВРИ PDF Печати

  По повод празникот на општина Неготино 8-ми Ноември, врз основа на Статутот на општината и Одлуката за востановување општински награди и признанија, на свечената седница на Советот на општина Неготино беа врачени 8-ноемвриските награди и признанија. Годинава наградата ,, 8-ми Ноември ,, е доделена на Трговското друштво ,,Sвезда комерц ,, од Неготино за остварени резултати во стопанството. Исто така, на свечената седница беа доделени и признанијата по повод 8-ми Ноември кои им беа врачени на Швајцарската агенција за развој и соработка,  Љупчо Соколов – доктор  по стоматологија-специјалист по орална хирургија, Атанас Ристов – доктор по медицина-специјалист интернист, Мишко Крстевски – естраден уметник, Ана Петрова и Тони Лазов – истакна ти шахисти јуниори во ГШК Неготино, Тоше Зафиров – вицешампио на Светското првенство во бодибилдинг и Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст-Неготино.

Повеќе...
 
ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НОВОИЗГРАДЕНИОТ ЦЕНТАР ВО ТИМЈАНИК PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и претседателот на месна заедница Тимјаник Добре Михаилов на пригодна свеченост со присуство на голем број жители од населбата, во употреба го предадоа новоизградениот центар во Тимјаник- проект за чија реализација од Буџетот на општината беа издвоени 10.000.000 денари. Со градежните работи кои се одвиваа во две фази опфатена е вкупна површина од 4.300 метри квадратни при што се уреди центарот на населбата и одделни краци кои се спојуваат со истиот, се уреди и асфалтираше главната улица која минува низ Тимјаник, се поставија бетонски рабници и тротоари со бехатон коцки, а по завршувањето на овие активности се пристапи кон хортикултурно уредување на околниот простор која е целосно осветлен, а се поставија и придружни елементи кои ќе служат за одмор и релаксација на месното население. Исто така, во употреба беше предадена и новоизградената комплетно реконструирана и асфалтирана улица во Тимјаник во должина од 220 метри со поставување асфалт на површина од 1.100 метри квадратни со вкупна вредност на изведените работи од 1.700.000 денари.

Повеќе...
 
СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА НОВОИЗГРАДЕНА УЛИЦА ВО ТРЕМНИК PDF Печати

   Со обезбедени средства од Платежната агенција за рурален развој при Министерството за земјоделие на РМ  во износ од 5.740.000 денари и со 4.300.000 денари од Буџетот на општина Неготино, работници на градежното претпријатие Гранит извршија комплетна реконструкција на улица во Тремник во должина од 800 метри која на пригодна свеченост во функција ја ставија градоначалникот на општината Пане Трајков, советничката во Советот на општината Јованка Камчева о претседателот на месната заедница Тремник Петко Ристов. Поради конфигурацијата на теренот еден дел од улицата е асфалтирана, а еден дел е поплочен со бехатон коцки. Новоизградената улица е со ширина од 6 метри, во пострмниот дел 5,5 , а при изведувањето на градежните работи постоечките шахти на улицата беа поставени на ниво на коловозот, со што дојде до израмнување и поголема функционалност на новоизградената улица. Инаку, целокупниот проект преку кој дел од жителите на Тремник добија нова, современа и функционална улица чинеше околу 10.000.000 денари.

Повеќе...
 
ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА ,, ОПШТИНА НЕГОТИНО ,, PDF Печати

   Во присуство на голем број заинтересирани граѓани, а по повод 100 години од добивањето на статус град Неготино, се изврши промоција на монографијата ,, Општина Неготино ,, од авторот проф. Др Ѓорѓи Малковски кој, како што беше истакнато ,повеќе од 1,5 година работеше на изготвувањето на монографијата. Во пригодното обраќање градоначалникот Пане Трајков со присутните ја сподели гордоста на историскиот развој на некогашното мало населено место Неготино кое денес прерасна во современ административен и урбан центар во централна Македонија. За да не се заборави минатотот, но и да се сочува сегашноста, градоначалникот и советниците во Советот на општината одлучија да се изработи и да се објави монографија која како траен влог придонесува настаните и сите случувања во изминатите повеќе од 2 милениуми да останат како трајно сведоштво за сегашните, но и за генерациите кои доаѓаат. На промоцијата свое обраќање имаше и авторот Малковски, рецензентот на монографијата проф. Др Цацков, а извадоци од делото презентираа ученици од средното општинско училиште од Неготино.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 281 282 283 284 285 286 287 288 289 290 Следно > Крај >>

Лист 283 од 314