Општина Неготино
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

 По повод одржувањето на активностите за одбележување на верскиот празник Свети Трифун, како и секоја така и оваа година ќе се одржи традиционалниот избор на најдобри домашни вина и ракии, како и интернационален избор на најдобри вина од домашни и меѓународни винарии. Сите заинтересирани лица за учество на натпреварот потребно е да достават по 2 мостри од виното или ракијата најдоцна до 8-ми февруари ( петок ) во просториите на Туристичкиот инфо центар Желкова куќа на втори спрат од 9 до 12 часот кај лицето Ивица Златковиќ. Подетални информации можат да се добијат на телефон 072-320-833.

Повеќе...
 
НОВИ КОМПЈУТЕРИ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Со средства во висина од близу 200.000 денари обезбедени од сопствениот Буџет, локалната самоуправа Неготино изврши набавка на 6 нови компјутери и еден проектор за потребите на општинската администрација. Истите се веќе распоредени во повеќе одделенија и тоа во одделението за урбанизам и градежништво, за комунални работи, кај инспекторот по патен сообраќај, како и за потребите на останати вработени во општинската администрација.
 
ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛИЦА ДО БОЛНИЦАТА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Врз основа на годишната програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино работници на градежното претпријатие Пер - инженеринг  се ангажирање на поставување на бехатон коцки на тротоарот на улицата Борис Кидрич од левата страна. Станува збор за досега неуредена градежна јавна површина која стоеше запустена, а бидејќи истата е лоцирана во непосредна близина на Здравствениот дом во градот, одговорните во локалната самоуправа решија овој тротоар да биде комплетно уреден. За реализација на проектот од Буџетот на општината се одвоени 1.000.000 денари, а тротоарот се уредува на површина од 280 метри должни.

Повеќе...
 
ПОСТАВЕНА ФОНТАНА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Со обезбедени финансиски средства од Буџетот на општина Неготино деновиве повторно беше поставена фонтана во склоп на изградениот парк на главната улица Маршал Тито во градот во близина на Полициската станица. Станува збор за простор кој пред извесен период беше оплеменет со изградба на патеки, поставување на клупи за седење и  негово озеленување, но од страна на несовесни граѓани фонтаната беше оштетена, што пак беше повод да се донесе одлука за поставување на нова фонтана. Одговорните во Одделението за комунални работи истакнуваа дека согласно годишната програма за работа предвидена е замена на сите постоечки фпонтани во градот, од кои најголемиот дел се во централното градско подрачје на Неготино.
 
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА ЌЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Општина Неготино беше посетена од претставници на Американската амбасада во Македонија и војници од инжинерската бригада на армијата на САД сместени во базата во Германија, а кои во април годинава ќе земат активно учество на воена вежба на полигонот Криволак, но за време престојот ќе се ангажираат и за давање придонес кон локалната заедница. На средбата, беа предложени повеќе проекти за работа, а како дел од процесот беа посетени детската градинка, основното училиште во градот и подрачното училиште во селото Долни Дисан. По извршениот увид на лице место, припадниците на инжинерската бригата на армијата на САД констатираните состојби ќе ги презентираат пред своите претпоставени, по што ќе се изврши избор кој проект ќе биде реализиран додека престојуваат во општина Неготино.
 
ДАРКО ЈУСУФОВ НАЈБРЗ ДО СВЕТИОТ КРСТ PDF Печати
   Дарко Јусуфов од неготинското село Дуброво беше најумешен и најсреќен и прво стигна до светиот крст што по повод верскиот празник Богојавление – Водици беше фрлен во водите на реката Вардар од страна на Македонската православна срква Свети Атанасиј од Неготино. Оовој верски спектакл благодарение на прекрасните временски услови и интересот на граѓаните, беше проследен од неколку илјади посетители кои присуствуваа на чинот на фрлањето и фаќањето на крстот. Во водите на Вардар влегоа вкупно 33 учесници, а на најуспешниот Јусуфов градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков му подари пригодна награда.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 280 Следно > Крај >>

Лист 279 од 314