Општина Неготино
ВО НЕГОТИНО ДОДЕЛЕНИ 10 РЕШЕНИЈА ЗА ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков денеска додели 10 решенија за трајно вработување на 10 наставници од образовните институции кои функционираат на подрачјето на општината. Така, 6 решенија им беа доделени на наставници од Средното општинско училиште Свети Кирил и Методиј, 3 на наставници од Основното општинско училиште Гоце Делчев и 1 решение на наставник од Основното општинско училиште Страшо Пинџур. Градоначалникот Трајков на сите кои се стекнаа со статус редовно вработени им посака многу успех во понатамошната работа, изразувајќи надеж дека денешниот чин овие наставници уште повеќе ќе ги стимулира за поквалитетно извршување на редовните работни обврски.

Повеќе...
 
Отворени нови детски градинки во неготинските села Пепелиште, Криволак и Тремник PDF Печати

Спиро Ристовски, Министерот за труд и социјална политика присуствуваше на пуштањето во употреба на детски градинки во неготинските села Пепелиште, Криволак и Тремник.Во овие градинки ќе бидат згрижени околу 50 дечиња.
„Владата уште еднаш покажа дека децата се нашиот врвен приоритет. И понатаму ќе продолжиме да инвестираме во детските градинки не само во централните градски подрачја, туки и на сите нивоа и сегменти, вклучувајќи ги и руралните средини“, изјави Ристовски.

Повеќе...
 
ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ПО ПЕПЕЛИШКИОТ МОСТ PDF Печати

   Оштетувањата на носечките столбови, континуираното деформирање на мостот и неговото распукување по средина, придонесоа за итно делување на надлежните органи и донесување одлука од страна на државниот инспектор по патишта Петар Змејковски за целосна забрана за движење на сите видови возила по Пепелишкиот мост. Извршените мерења на терен покажаа дека столбовите и мостот се спуштени 12 сантиметри со тенденција состојбата да продолжи да се влошува ако продолжи движењето на возила по мостот – истакна професорот на градежниот факултет Горан Марковски. Од попладнево стручни екипи се на терен и работат на расчистување на дрвјата и гранките кои заедно со водата вршат голем притисок врз столбовите на мостот.

Повеќе...
 
ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во присуство на голем број гости, претставници на локалната самоуправа и вработени во оваа образовна установа, со организирање на низа пригодни активности беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште Страшо Пинџур од Неготино. Обраќање пред присутните имаше директорката на училиштето Сузана Андонова која информираше за реализираните проекти и активности во изминатиот едногодишен период, а веднаш потоа учениците под надзор на своите ментори изведоа богата културно-уметничка програма со настап на ученици од повеќе одделенија. Претставници на повеќе делегации положија свежо цвеќе на бистата на патронот на неготинското училиште Страшо Пинџур.

Повеќе...
 
ЗАКРОЕНА ЛОЗА ВО ЦРКВАТА СВ. АТАНАСИЈ ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Во присуство на голем број православни  христијани кои го слават верскиот празник Свети Трифун, но и на учесниците во манифестацијата Недела на виното од повеќе држави, во дворот на црквата Свети Атанасиј Неготино се служеше свечена литургија и се изврши симболичниот чин на закројување на виновата лоза. Посакувајќи им на лозарите годинава да имаат богат и квалитетен род кој ќе биде соодветно вреднуван и благовремено наплатен, а на винариите да произведат врвни вина кои ќе бидат пласирани на домашниот и странските пазари, чинот на закројување го извршија градоначалниците на Неготино Пане Трајков и на Минервино ди Лече Еторе Каропо Салваторе. Можноста да закројат ја искористија и останатите присутни на настанот.
Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО ПОДЕЛЕНИ ПРОЕКТНИ ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ PDF Печати
   По завршувањето на проектните активности од манифестацијата Недела на виното – проект финансиран со средства од Европската унија, на сите интернационални учесници вклучени во истиот од Словенија, Италија и Бугарија организаторот – домаќин општина Неготино им подели промотивни материјали во кои се застапени материјали од предходно спроведените 4 проектни активности одржани во останатите градови вклучени во проектот. Така, на сите им беа поделени проектни промотивни материјали во форма на инфо-билтен, ДВД и ЦД алманах со препорака истите да ги постават на сопствените веб-портали заради подобро и поефикасна промоција на постигнатите проектни резултати. Последната информативна средба беше искористена и за претставување на новата проектна идеја за аплицирање меѓу досегашните партнери.
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 280 Следно > Крај >>

Лист 277 од 314