Општина Неготино
ПРВ ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКOT АПОСТОЛОВ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ја продолжи традицијата четврток да биде приемен ден – ден кога на граѓаните од општината им се овозможува да остварат средба со него и да поразговараат на различни теми кои потенцијалните посетители однапред ги најавуваат на изготвените формулари со кои се закажува средбата. Можноста да поразговараат со првиот човек на општината денеска ја искористија над 30 граѓани, а градоначалникот за сите одвои време да се запознае со целта на нивната посета. Низ разговорите провејуваа повеќе теми – барања за решавање на комунални и проблеми од областа на инфраструктурата, прашања од областа на социјалата, односно за се она што како прашање го наметнуваа соговорниците со кои денеска се сретна градоначалникот Апостолов. Тој вети дека, доколку во меѓувреме не му излезат други обврски кои би го спречиле, секој четврток ќе биде достапен за граѓаните од општината кои од разни причини ќе пројават желба да остварат средба со него.

Повеќе...
 
ПОСТАВЕНИ НОВИ ТРОТОАРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВОЈШАНЦИ PDF Печати

   Работници на градежното претпријатие Урбан инвест интензивно се ангажирани на изведување на градежни активности во централното подрачје на Војшанци со што овој простор во селото добива сосема нов и урбанизиран лик. Во моментов се работи на поставување на тротоарите на овој простор, а паралелно течат и останатите активности предвидени со планот за работа. Меѓу другото, во Војшанци ќе бидат асфалтирани и неколку улички во центарот, ќе бидат изградени пешачки патеки со бехатон коцки, а целиот простор ќе биде хортикултурно уреден. За реализација на целокупниот проект од Буџетот на општина Неготино ќе бидат издвоени средства во висина од 4,5 милиони денари.

Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ СО ПРИЕМ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА НЕГОТИНО PDF Печати

   Новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на локалните избори ја доби довербата на граѓаните да ја води локалната самоуправа во наредниот четиригодишен период, денеска  приреди прием за граѓаните на општината и сите посетители ги почести со торта изработена специјално за оваа пригода. Апостолов во пригодното обраќање искажа јавна благодарност за огромната доверба што ја доби на изборите, им се забалгодарите на сите кои гласале за него, но и општо на сите кои излегоа на гласање и вети посветена, чесна и транспарентна работа во неговиот мандат. Новиот градоначалник средбата ја искористи и да размени мислења за актуелни општински состојби со претставници на бизнис-секторот, директори на јавни претпријатија и установи, а се задржа и во краток разговор со обичните граѓани кои дојдоа да му го честитаат мандатот.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА PDF Печати

   Новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска оствари работна средба со досегашниот градоначалник Пане Трајков на која беше извршено примопредавање на градоначалничката функција со што Апостолов и по добиеното решение од ОИК официјално стана прв човек на општина Неготино. Низ кафе муаебет и во релаксирана атмосфера, поранешниот и актуелниот градоначалник разменија мислења за актуелни состојби од функционирањето на локалната самоуправа, проектите кои се реализираат и кои ќе се реализираат во наредниот период, кадровската екипираност и програмите за работа на Одделенијата при локалната самоуправа, односно за сите оние моменти кои се во тесна врска со функционирањето на градоначалникот и општината.По завршувањето на работната средба, Ванчо Апостолов и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино која ќе ја извршува во наредниот четирогодишен период.

Повеќе...
 
ВАНЧО АПОСТОЛОВ ПРОГЛАСЕН ЗА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   Во просториите на Општинската изборна комисија се одржа свечениот чин на доделувањето на уверението на новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Ванчо Апостолов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој настапи како кандидат на коалицијата За подобра Македонија кој ќе биде прв човек на локалната самоуправа во наредниот четиригодишен период. Инаку, на одржаните локални избори Апостолов оствари убедлива победа добивајќи ја довербата на вкупно 6.957 избирачи или 57,97 отсто од запишаните гласачи од евидентираните во единствениот избирачки список со што градоначалничкиот мадат го доби по првиот круг од изборите. На изборите за градоначалник, од запишаните 15.942 избирачи на галсање излегоа 12.519 избирачи при што се констатирани 12.002 важечки и 517 неважечки ливчиња.

Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА НА НОВИТЕ СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   На пригодна свеченост организирана од страна на Општинската изборна комисија на новоизбраните советници кои во наредниот четиригодишен период ќе ги застапуваат интересите на граѓаните во Советот на општина Неготино, денеска им беа врачени уверенијата. Инаку, во новиот состав на Советот мнозинството од 9 советници го има коалицијата ,, За подобра Македонија ,, која на советничката листа освои 6.199 гласови, со 5 советници ќе биде застапен ,, Сојузот за иднината ,, чија советничка листа ја доби довербата на 3.782 гласачи на локалните избори, додека со 1 советник благодарените на освоените 801 глас ќе биде партијата Народно движење на Македонија. Инаку, на изборите од запишаните 15.942 избирачи од општина Неготино на гласање излегоа 12.519 гласачи, при што ОИК констатираше 11.891 важечко и 628 неважечки гласачки ливчиња за листите со кандидати за советници.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 280 Следно > Крај >>

Лист 275 од 314