Општина Неготино
545 дечиња од неготинската градинка добија новогодишни пакетчиња PDF Печати

 Во пресрет на Новогодишните празници, денеска градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов имаше пријатна можност да ги посети нашите најмлади сограѓани кои престојуваат во трите клона на Детската градинка „Фемо Кулаков“ и тоа Пролет, Мајски цвет и Темјанушка, како и градинките во селата Криволак, Пепелиште и Тремник. Градоначалникот Стојанов посетата ја искористи заедно со директорката на градинката Нада Најдова и со Дедо Мраз на сите 545 дечиња кои престојуваат во градинката да им поделат новогодишни пактечиња посакувајќи им добро здравје и безгрижно детство. Во знак на благодарност, од нивна страна беше изведена кратка претстава за Дедо Мраз при што дечињата ги запеаја познатите новогодишни песнички, а средбата со градоначалник Стојанов ја искористија да ги искажат и нивните искрени детски желби за поубаво Неготино.

Повеќе...
 
Посета од ученици од ООУ „Страшо Пинџур“ PDF Печати
  20 ученици од ООУ Страшо Пинџур заедно со наставничката Цанка Костова остварија посета и средба со мене како градоначалник на која бев информиран за 2 проекти кои тие ги реализираат. Станува збор за проекти од хуман карактер,, Дарување, радување и новогодишно украсување,, и,, Секој има право на среќа,, кои имаат за цел учениците, но и пошироката јавност да се поттикнат за грижа, помагање и хуманост. Преку проектите учениците ги,, оживуваат,, работите во плакарот, на пример играчки, училишни материјали, храна и потоа истите ги донираат онаму каде што се најпотребни. Костова информираше дека е забележано масовно учество на сите наставници од ООУ Страшо Пинџур и сите собрани работи ќе се донираат. Учениците мене како градоначалник и на сите 15 советници во Советот ни подарија по една новогодишна елка, за што од мое и нивно име, се заблагодарив од се срце и им посакав уште многу вакви проекти. 
Повеќе...
 
Предлог – Програми за 2022 година на Општина Неготино PDF Печати
   Почитувани граѓани,
Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации како и поголема транспарентност, Општина Неготино ги објавува Предлог – Програмите за 2022 година.
Затоа јавно Ве повикуваме сите да се вклучите во процесот на донесување на Програмите и Буџетот на општината за 2022 година, давајќи предлози, сугестии, решенија, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа кои би учествувале во донесувањето на општинскиот Буџет за 2022 година.
Вашите идеи, сугестии, предлози и идејни решенија може да ги доставите на е-маил адресата на општина Неготино Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите како и телефонскиот број 043 361 045.
Целта на оваа активност е сите Вие да учествуваат во процесот на креирање на Буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со вашите потреби.
 
 
 
Изложба КУМАНОВСКИ ГРАФИЧАРИ 2021 PDF Печати
   Во изложбениот салон на Музеј на град Неготино поставени се 20 најнови графички остварувања на кумановските академски графичари Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Валентина Илијевска, Ханифе Ислами, Александар Стефановски, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски, Дејвид Стоилковски. Графиките се од последниот творечки опус на академските графичари, работени во различни техники како линорез, дигитален печат, сито печат, акватинта, сериграфија и комбинирана техника. Настанот е во соработка со Националната Установа Центар за култура "Трајко Прокопиев" од Куманово која продолжува и во наредниот период. За изложбата,на авторите на графиките и за самите графики, свој осврт дадоа директорот на НУ Центар за култура "Трајко Прокопиев" од Куманово, Сашо Тодоровски и ликовниот критичар Роберт Цветковски.

 
 
Расчистена депонијата кај Криволак PDF Печати

   Општина Неготино без депонии, како предуслов за создавање чиста и здрава животна средина за сегашните и идните генерации – е мотото под кое на неколку локации во општината се одвиваа и ќе се одвиваат активности за расчистување на дивите депонии. Така, деновиве на иницијатива на локалната самоуправа се изврши комплетно расчистување на дивата депонија пред „ воениот мост“ во селото Криволак. Според информациите од стручните служби, притоа се собрани околу 250 м3 смет, шут, градежен амтеријал и друг вид отпад и истиот е транспортиран на градската депонија Бучето. Се апелира до населението да не се фрла отпад на несоодветни места за тоа, каде што впрочем е поставена и сигнализација, бидејќи во спротивно, секој што ќе биде фатен ќе биде санкциониран согласно Законот за управување со отпад.

Повеќе...
 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 20.12.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  третатта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 20.12.2021 година ( понеделник  )  во 14 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода суша што ја зафати општина Неготино во периодот март - септември 2021 година


2.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 28 од 314