Општина Неготино
СЕ ОДРЖА ТУРНИР ВО ТЕНИС-БОВИН НЕГОТИНО ОПЕН 2013 PDF Печати

   На тениските терени во Неготино се одржа традиционалниот тениски турнир БОВИН НЕГОТИНО ОПЕН за мажи и девојки. Во конкуренција на девојки настапија 5 тенисерки три од Кавадарци и две од Неготино. Кај девојките најуспешна беше Росана Милкова од Кавадарци која во финалето беше подобра од својата сограѓанка Верица Крстева по победата од 2-0 по сетови 6-3, 6-2.
Кај мажите настапија 23 тенисери, по тројца од Кочани, Гевгелија и Скопје, а останатите од Тенискиот клуб НЕГОТИНО. Младиот Кире Лазов од Неготино приреди вистинска сензација на турнирот совладувајќи ги постарите тенисери од Неготино (Кире Чаушев и Александар Богевски досегашни трократни освојувачи на овој турнир) по долги и исцрпувачки борби во три сета. Во финалето младиот Кире го постигна најзначајниот резултат во својата кариера по победата над поискусниот Павле Јованов од Неготино (досегашен двоен освојувач на турнирот) со 2-1 по сетови 3-6, 6-2 и 7-5. Покровител на традиционалниот тениски турнир е  реномирана винарија БОВИН од Неготино. Раководител на турнирот беше познатиот тениски ентузијаст од Неготино Александар Јованов–Аџи. На финалните натпревари кои се одржаа во неделата попладне присуствуваше и Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ги додели пехарите на победниците и другите спортски награди на полуфиналистите. Турнирот се одржа на четирите земјени во Неготино кои се сопственост на општина Неготино која финансиски ги покрива трошоците за одржување на истите и со тоа создава услови за одржување и развивање на квалитетот на тенисот во Неготино кој е познат ширум државата.

Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ ДОДЕЛУВА ПО 7.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНО ДЕТЕ PDF Печати
   Следејќи ја политиката на Владата на РМ за донесување стиумалитивни мерки за зголемување на наталитетот кој и на ова подрачје последниве години бележи значително опаѓање, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска на прес-конференција информираше дека со сопствен проект локалната самоуправа ќе придонесување за искоренување на ,, белата чума ,,. Апостолов ја запозна пошироката јавноста дека во иднина, а од денот на стапувањето во сила на одлуката, општина Неготино ќе доделуваа финансиска поддршка во висина од 7.000 денари за секое новородено дете на подрачјето на општината, независно дали станува збор за прво, второ, трето или четврто дете. Според презентираните податоци од страна на првиот човек на локалната самоуправа, годишно на територијата на цела општина се раѓаат околу 250 новороденчиња, од кои по околу 100 се прво или второродени деца, а останатите 50-тина се трето и четвртородени бебиња. Годишно, за реализација на проектот од Буџетот на општина Неготино ќе се издвојуваат од 20 до 25.000 евра, но како што истакна градоначалникот Апостолов, висината на средства е минорна во однос на потенцијалните придобивки.
 
ЕКИПАТА НА С.О.С ПОБЕДНИК НА УЛИЧНИОТ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во изминатите три дена на градскиот плоштад во Неготино во присуство на голем број љубители на спортот се одиграа натпреварите од 5-иот по ред традиционален ноќен турнир во улична кошарка што го организираа локалната самоуправа и Кошаркарскиот клуб Неготино, а на кој учество зедоа над 20 пријавени екипи кои се натпреваруваат во повеќе категории. Синоќа со одогрувањето на натпреварите за трето и за прво место беа познати и победниците, па така во финалниот натпревар во најинтересната категорија за машки над 18 години победник е екипата на С.О.С која во финалниот натпревар ја совлада екипата на Либерта со резултат 15-10 и сосема заслужено го освои првото место. Исто така, се одиграа и натпреварите за пласман и во категоријата ,, петлиња ,, женски до 18 и машки до 18 годишна возраст. Наградите на најуспешните им ги додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на кошаркарите им се заблагодари на масовното учество и им честита за квалитетот на прикажаната игра, додавајќи оти сите овие моменти се пресудни идната година нивото на  овој традиционален турнир да биде подигнато на уште повисоко ниво.

Повеќе...
 
Потпишан договор за збратимување помеѓу општина Неготино и општина Наџиката, Унгарија PDF Печати

   Делегација на општина Неготино предводена од Градоначалникот на општина Неготино, Советот на општината ,претставници на локалната општинска администрација и КУД ,,Јане Сандански”- Неготино,  во деновите од 17 до 22.08.2013г.  ја посетија општина Наџиката, Унгарија. Во рамките на официјалната посета, општина Неготино потпиша официјален Договор за збратимување со општина Наџиката, Унгарија во присуство на Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, г. Јожеф Бенце .Посетата беше збогатена со настапот на  КУД ,,Јане Сандански” Неготино  кои се претставија на интернационалниот фолклорен фестивал кој се одржа во општина Наџиката каде учество земаа и Културно уметнички друштва од Шпанија, Грција и Словачка. Средбата покрај официјалното потпишување на Договор за збратимување беше искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти помеѓу градоначалниците на двете општини.

Повеќе...
 
ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2013 – ВТОРА ФАЗА PDF Печати

   Во рамките на втората фаза на манифестацијата “Топол културен бран 2013”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 22 август (четврток) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде реализирана изложбата на слики на сликарот Велика Глигорова, на 23 август (петок) од 20.30 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава “Живеј дур си млад” во изведба на театарот Крсте Петков Мисирков од Свети Николе, а на 30 август (петок) во 20.30 часот концерт ќе одржи Кристина Палија (соло).
Претходно, во првата фаза од манифестацијата во месец јули беше прикажана Ревија на македонски филмови на режисерот Столе Попов” во која беа содржани 4 наслови од македонската кинематографија, односно култните филмови: “Црвениот коњ”, “Џипси меџик”, “Среќна нова ‘49” и “Тетовирање”.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО ПРЕТСТАВЕНА ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА PDF Печати

   Во големата сала на општина Неготино во организација на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување и УНДП се одржа информативна средба на која пред заинтересираните беше извршено претставување на Програмата за општинско корисна работа. Според зборовите на Снежана Мирчевска-Дамјановска –претставник на УНДП оваа програма претставува активност која на долгорочно невработените лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време -20 работни чаови неделно, а со единствена цел за стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Програмата, како што беше речено, преку обезбедување на услуги од социјалната сфера треба да им помогне на лицата од општина Неготино. Во рамките на евентуалниот иден ангажман, право да се вклучат во програмата имаат долгорочно невработени лица, членови на социјално загрозени семејства, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни и други лица. Инаку, општина Неготино во изминатиот период ја воведе пилот-програмата од областа на социјалните услуги и вработи асистенти-воспитувачи во веќе постоечките игрални за деца од предучилишната возраст во 6 рурални средини- проект кој е оценет како еден од најдобрите во Македонија. Притоа, ангажираните вопситувачки секојдневно беа вклучени во редовната настава во градинките и се грижеа за спроведување на воспитно-образовниот процес.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>

Лист 269 од 314