Општина Неготино
ВО НЕГОТИНО ПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 2013-ТА ГОДИНА PDF Печати
   Во организација на Агенцијата за вработување Неготино и локалната самоуправа денеска во Неготино во присуство на голем број заинтересирани претставници од бизнис-секторот се изврши презентација на активните програми и мерки за вработување во тековнава година. Директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски ги запозна присутните со дел од мерките кои се донесени, а кои имаат единствена цел - намалување на невработеноста во земјава, појаснувајќи ги притоа можностите што им се нудат на работодавачите за остварување на зацртаното. На трибината беа презентирани Програмата за самовработување, Финансиска поддршка на правните субјекти( мали и средни претпријатија и занаетчии) за отворање нови работни места, како и субвенционирањето за вработување. Секоја програма и мерка содржи цел на програмата, опфат на корисници, потребни средства и извори на средства, надлежни институции за имплементација, услови и критериуми и слично. Присутните беа информирани и за објавените огласи од страна на Агенцијата за вработување и тоа за обука кај познат работодавач и практиканство како прво работно искуство до вработување кој беше распишан во текот на вчерашниот ден и кој се однесува на млади невработени лица до 29 години. На трибината, претставниците од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика одговараа и на поставените прашања од страна на претставниците на бизнис-секторот.
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Општина Неготино која и оваа година се јавува во улога на организатор на традиционалната манифестација ,, Неготински панаѓур ,, следејќи го примерот на другите локални самоуправи кои организираат слични манифестации од масовен карактер, врз основа на одлуката на Советот на општината донесе решение за наплата на паркинг-просторот како надомест за користење на јавни површини за време траењето на панаѓурот и тоа како за лицата кои со возила ќе доаѓаат од страна, така и за граѓаните на општина Неготино кои со сопствени возила ќе излегуваат на панаѓурот. Користењето на паркинг-простор за патнички моторни возила ќе се наплатува по 50 денари од ден, а за комбинираните и товарните возила по 100 денари од ден. Како добри домаќини, локалната самоуправа ги замолува граѓаните кои живеат во централното градско подрачје и на улиците Маршал Тито, Партизанска, Ставре Ставров и Ацо Аџи Илов во деновите на одржувањето на Неготинскиот панаѓур, сабота, недела и понеделник, да ги отстранат и да не ги паркираат  возилата на  споменатите улици. Со цел за елиминирање на можноста од создавање сообраќаен метеж,за регулирање на паркирањето на возилата за време на панаѓурот ќе се грижат посебно за тоа формирани служби од локалната самоуправа Неготино и Јавното претпријатие Комуналец со асистенција на припадници од Полициската станица во градот.
 
Ј А В Е Н П О В И К PDF Печати
Согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање  бр.41-6189/1 од 03.09.2013  и Акциониот план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2013 година,  Општина Неготино објавува

                                                                         Ј А В Е Н      П О В И К
1. Предмет  на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за  чистење на речни корита согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување на нафтени деривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати на Министерството за животна средина и просторно планирање  бр.41-6189/1 од 03.09.2013  и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија за 2013 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани  правни лица кои  поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се  вклучат   во Акцијата за чистење на  речни корита  да  поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 20.09.2013 (петок) во архивата на Општина Неготино.
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ВО ПОСЕТА НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ГРАДИШТЕ„ PDF Печати

   Продолжуваат систематските археолошки ископувања на локалитетот Градиште, меѓународен проект со наслов “Големо Градиште - Урбан развој и историска географија на градовите по средното течение на Вардар во антиката“, склучен помеѓу Музеј на Македонија, Универзитетот “Гдањск“ од Гдањск од Полска и Музеј на град Неготино. Според една од актуелните теории локалитетот Градиште кај Неготино е античкиот град Антигонеа подигнат 3 век п.н.е за време на династијата на македонските кралеви Антигониди, поточно за време на владеењето на Антигон Досон (229-221). Со досегашните истражувања постепено се добива јасна претстава за хронологијата на градот, за неговите урбанистички почетоци во 4 век п.н.е  и развојот низ следните 600 години.

Повеќе...
 
УЧЕСНИЦИТЕ НА МОТО-РЕЛИТО ,, МАКЕДОНИЈА-НЕЗАВИСНОСТ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Во рамките на одбележувањето на 8-ми септември-Денот на независноста на Република Македонија кој годинава се прослави во спортски дух под мотото ,, Со спортот победуваме заедно- Македонија победува ,, со организирање на бројни спортски настани и активности, во Неготино престојуваа над 200 учесници со своите мотори кои зедоа учество во традиционалното мото-рели ,, Македонија-независност 2013 ,, кои извесен период се задржаа на градскиот плоштад во одмор и релаксација-период што беше искористен од страна на граѓаните да ги разгледаат паркираните мотори. На учесниците на мото-релито и на сите присутни граѓани Денот на независноста им го честиташе градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека токму спортот е одбран како поле преку кое се одбележува независноста затоа што е докажано дека спортот најдобро обединува и прави кохезивна врска помеѓу граѓаните, а народот заеднички пулсира кога очекува заеднички успех. Учесниците на мото-релито во Неготино претстојуваа во рамките на возењето на втората од трите рути во  вкупна должина од 787 километри  поминати низ цела држава и за нив локалната самоуправа самоуправа организираше прием. Претставникот на Мото федерацијата на Македонија Миле Димитриев на градоначалникот Апостолов му додели благодарница за укажаното гостопримство во Неготино.
Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ДЕЛ ОД СМЕТКИТЕ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ PDF Печати
   На предлог на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, локалната самоуправа ќе врши субвенционирање на потрошувачката на комуналните услуги во делот на испораката на вода за пиење, канализација, одведување на отпадни води и подигање и изнесување на комунален отпад за 2013-та година, со тоа што одлуката се однесува на домаќинствата кои се корисници на право на социјална парична помош. Покрај овој услов, корисникот ќе го остварува надоместокот по основ на субвенција на дел од месечната сметка за комунални услуги доколку редовно врши плаќање на комуналните сметки, а потрошувачката на вода не надминува повеќе од 15 м3 месечно. Висината на месечниот надоместок за субвенција ќе изнесува 350 денари и истиот ќе се исплаќа за секоја платена месечна сметка за комуналии, а доколку износот на месечната сметка е помал од 350 денари, надоместокот за субвенција ќе се исплаќа до износот на доставената сметка, a исплатата може да се врши за повеќе месеци одеднаш за платените сметки во периодот на важење на оваа одлука. Потребните финансии ќе се обезбедат од Буџетот на општина Неготино.
 
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>

Лист 268 од 314