Општина Неготино
МИНИСТЕРОТ НАУМОФ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

   Министерот за странски инвестии при Владата на РМ Џери Наумоф во рамките на посетите што ги прави на општините од земјава, а со цел да се запознае и да добие прецизни сознанија за капацитетите со кои располагаат општините, а можат да бидат интересни за потенцијалните инвеститори, оствари работна посета на општина Неготино. Притоа, се сретна и се задржа во краток разговор со градоначалникот Ванчо Апостолов од кого беше информиран дека општина Неготино има подготвено една индустриска зона на површина од 30 хектари во близина на селото Црвени Брегови  која има извонредна местоположба  и покрај која минува автопатот и железницата, а на која од понудени 6 веќе се продадени две градежни парцели за изградба на објекти за откуп, преработка и складирање на земјоделски производи и за објекти од лесната и незагадувачка индустрија. Исто така, градоначалникот го запозна министерот Наумоф дека се работи и на проширување на индустриската зона Дуброво со нови 80 хектари градежни парцели, а имајќи предвид дека на овој простор има и постоечки индустриски капацитети, ќе дојде до заокружување на оваа индустриска зона на површина од 224 хектари. Инаку, во рамките на средбата беше остварена посета и беа разгледани дел од халите на фабриката за кабли Неготино.

Повеќе...
 
8 - ми НОЕМВРИ - ПРАЗНИК НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

 

 

Повеќе...
 
РИБОЛОВЕН НАТПРЕВАР ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ 8-МИ НОЕМВРИ PDF Печати

   Риболовци од 7 Спортски риболовни друштва од Република Македонија зедоа учество на традиционалниот натпревар што секоја година во пресрет на 8-ми ноември - празникот на општината се организира во Неготино. Натпреварувачкиот дел се реализираше во водите на реката Вардар каде што учесниците ги демонстрираа сопствените вештини во ловење на риба, додека официјалното прогласување на најуспешните се спроведе во конаците на манастирот Свети Ѓорѓи во близина на Неготино. Како што информираше потпретседателот на неготинското риболовно друштво Драги Нацев во екипна конкуренција најдобри резултати постигнале риболовците од СРД Дошница од Демир Капија, додека во поединечна конкуренцијата за најдобар рибар беше прогласен Ѓорѓи Стоевски од Демир Капија. Општина Неготино за најуспешните обезбеди дипломи и награди кои на учесниците им ги врачи градоначалникот Ванчо Апостолов.

Повеќе...
 
НАГРАДЕНИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ НА 7 ДЕЧИЊА ОД НЕГОТИНО PDF Печати

   Одличен успех на дечињата кои престојуваат во двата клона на детската градинка Фемо Кулаков од Неготино кои освоија бројни награди за реализирани ликовни творби, а по распишаниот конкурс на тема ,, штедење ,, од страна на една од македонските банки. Имено, од пристигнатите над 1.000 цртежи од дечиња од територијата на цела држава, стручна комисија составена од страна на банката има избрано 20 најдобри цртежи кои добиваат награди, а од нив дури 9 творби се дело на неготински дечиња од кои 7 од градинката, а 2 од основните училишта. По тој повод, денеска наградените дечиња заедно со родителите и воспитувачите од градинката  беа на прием и за својот успех го информираа градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој им честиташе на успехот и го пофали нивниот талент за цртање кој полека, но сигурно, излегува на површина. Инаку, сите дечиња од Неготино кои освоија награди за своите цртежи од банката добија штедна книшка и по 3.000 денари.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ,, ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПЕАТ ,, PDF Печати

   Националната установа Центар за култура Ацо Ѓорчев и градот Неготино денеска беа домаќини на учесниците на традиционалната манифестација ,, Пензионерите пеат ,,  што ја организира Сојузот на здружението на пензионери на Република Македонија. Пригодно обраќање пред присутните и учесниците имаше претседателот Драги Аргировски, а добредојде на сите учесници  и пријатен престој во градот им посака градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Свој настап на денешната манифестација имаа хорови од 11 здруженија на пензионери од Велес, Кавадарци, Валандово, Богданци, Нов Дојран, Битола, Прилеп, Штип, Радовиш и од градот домаќин Неготино. На денешната манифестација која се одржува на пет пати во текот на годината доминираше убавата македонска народна песна, а свој настап пред публиката имаа околу 300 пензионери кои исполнија бројни македонски песни. За време престојот, за претставнците на Здруженијата на пензионери прием организираше градоначалникот Апостолов.

Повеќе...
 
ИЗВЕДЕНО ПАНОРАМСКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   Благодарение на континуираната и одлична соработка што локалната самоуправа Неготино ја има со Армијата на Република Македонија и претставниците на Армискиот полигон Криволак, денеска како продолжение на цивилно-воената соработка беше реализирано панорамско разгледување на општина Неготино и поширокиот регион во радиус од околу 50 километри. За таа цел, Армијата на Република Македонија на располагање стави еден од сопствените хеликоптери со кој на два пати во времетраење од по 15-тина минути се изврши разгледување, а претставниците на локалните телевизии ја искористија можноста да направат панорамски снимки кои во иднина ќе ги користат за сопствените потреби. Меѓу патниците во хеликоптерот беше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој имаше можност од високо да ја разгледа територијата на општината со која раководи, а полковникот Кире Колевски од воздухопловната бригада на АРМ ја истакна подготвеноста досегашната одлична соработка да продолжи да се одвива и во наредниот период.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>

Лист 264 од 314