Општина Неготино
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ PDF Печати
   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и други официјални лица денеска присуствуваа на, по 45 години, стартот на градежните работи за ремонт на железничката делница од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10. Вкупната цена на ремонтот на оваа делница во должина од 30.963 метри изнесува 9.399.755 евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. По завршувањето на ремонтот на оваа делница за период од околу една година уште 31 километар од Коридорот 10 ќе биде функционален за брзини до 120 километри на час. Проните на стојалиштата во Ногаевци, Стоби и Црвени Брегови и во станиците Градско, Кукуречани и Криволак ќе бидат рекоснтруирани, а со проектот се планира реконструкција и на железничката станица во Неготино.
Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ДОДЕЛИ УШТЕ 21 ВАУЧЕР ЗА НОВОРОДЕНИ ДЕЦА PDF Печати
   На пригодна свеченост во општинската сала, градоначалникот на Општина Неготино Ванчо Апостолов на членови на 21 семејство кои во месеците ноември и декември имале принова им додели ваучери во вредност од 7.000 денари врз основа на донесената одлука од страна на Советот на општината за стимулирање на наталитетот и искоренување на ,, белата чума ,, на територијата на неготинска општина. Инаку, еднократната парична помош за новородено дете се доделува по вторпат, откако предходно за време празникот на општина Неготино беа доделени ваучери за 31 новородено бебе. Имајќи предвид дека на годишно ниво на територијата на општина Неготино се раѓаат околу 200 новороденчиња, од општинскиот Буџет се предвидени средства во висина од 1,5 милион денари.
Повеќе...
 
ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ИГРАЛНИТЕ ВО СЕЛАТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и вработени во општинската администрација  посетија 4 од вкупно 7-те игрални кои функционираат на територијата на општината  во кои престојуваат дечиња од предучилишна возраст до 5,5 години и кои овде ги стекнуваат основните знаења во пресрет на нивното поаѓање на училиште. Посетите беа искористени  градоначалникот Апостолов на дечињата да им ја честита Новата година со желби за добро здравје и успех во учењето притоа доделувајќи им од име на општината новогодишни пакетчиња, при што во игралната во Црвени Брегови истите ги добија 10, а во игралната во Војшанци 13 дечиња. Градоначалникот Апостолов исто така ги посети и новогодишни пакетчиња им додели и на по 20-тина дечиња кои престојуваат во игралните во Тимјаник и Долни Дисан.  Во знак на благодарност тие за посетителите во сите игрални беше изведена пригодна програма и на тој начин најмладите му се заблагодарија на градоначалникот за посетатата и подароците.
Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА АТРАКТИВНИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ PDF Печати
   Општина Неготино објави продажба, односно отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање  соспственост на РМ вон населено место за стопански комплекс на катастарска парцела 1.000 со намена за лесна индустрија и стоваришта и тоа вкупно 7 атрактивни парцели со почетна цена од 61 денар за метар кавдратен. Исто така, се продаваат и 3 градежни парцели во Урбан блок 5.1 во Неготино наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 373 денари за метар кавдратен, како и две градежни парцели во детален урбанистички план во Неготино за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Општината објави и продажба на една градежна парцела за домување во станбени згради и тоа една парцела со почетна цена од 680 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 23.01.2014 година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 27.01.2014  во термините 9, 10, 11 и во 12 часот. Бидејќи станува збор за градежни локации со извонредно атрактивна местоположба во близина на автопатот и железничката пруга, од локалната самоуправа очекуваат голем интерес за нивна продажба.
 
НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ГРАЃАНИ ОД НЕГОТИНО PDF Печати
   Претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска им доделија новогодишни пакетчиња на лицата од неколку категории ранливи групи на граѓани. Најнапред беа посетени претставниците од Здружението на слепи лица од Неготино, веднаш потоа градоначалникот оствари средба и со самохраните родители кои имаат формирано и функционираат во Здружение, а работниот дел заврши со посета на Дневниот центар за престој на лица со ментален хендикеп Порака- Неготино. Доделувајќи им ги пакетчињата градоначалникот Апостолов на сите им ги честиташе Новогодишните и Божикните празници со искрени желби за добро здравје и многу среќа, а примателите се заблгодарија на вниманието и подароците и за присутните изведоа пригодна програма.
Повеќе...
 
ЕКИПАТА НА РК,,ВАРДАР,,-СКОПЈЕ ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ ,,НЕГОТИНО-2013,, PDF Печати

   Екипата на Ракометниот клуб Вардар од Скопје во финалниот натпревар го совлада тимот на РК Вардар од Неготино со резултат 20 – 15 и со тоа стана победник на првиот турнир во конуренција на пионери-генерација 1999 година и помлади,, Неготино-2013 ,,  што викендов во организација на локалната самоуправа, Кроација Осигурување и РК Вардар - Неготино се одржа во нашиот град. Во полуфиналните натпревари Вардар од Неготино го совлада ГРК Кавадарци со 16-11, а скопски Вардар дури по изведување на пенали со резултат 16-15 ја победи екипата на Зоми Мак М од Струмица. На овој турнир кој оваа година се одржа за прв пат третопласирана беше екипата на Зоми Мак М која ја совлада екипата на ГРК Кавадарци со резултат 26-23. Натпреварите од турнирот се одржаа во спортската сала на СОУ Кирил и Методиј, а признанијата и наградите на најуспешните им го додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.  

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Следно > Крај >>

Лист 260 од 314