Општина Неготино
ТУРСКИ ИНВЕСТИТОР ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА САПУН ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Турски инвеститор е заинтересиран во Неготино да отвори во прво време фабрика за производство на сапун, а во догледно време и за производство на машини кои би биле во функција на целиот проект. За таа цел денеска сопственикот на фабриката ,, КМС ,, од Турција Хусеин Кучук оствари работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која го информираше дека неговата фирма има фабрики за производство на сапуни во вкупно 17 држави во светот, а сега сака ваква фабрика да отвори и во Неготино. Кучук истакна дека машините во Ајдин се подготвени за транспорт во Македонија и веднаш по наоѓањето на соодветна локација за отворање на фабриката, истата би започнала со производство. Градоначалникот го запозна гостинот дека во градот има 2-3 постоечки празни капацитети кои инвеститорот би можел да ги искористи за старт на производството, а им ја презентираше и можноста за купување на градежни парцели во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови. Двајцата соговорници се согласија дека Неготино има одлична местоположба, транспортна поврзаност со Балканот и Европа и токму затоа турскиот бизнисмен се одлучил да инвестира во отворање фабрика за производство на сапун во Неготино.
Повеќе...
 
ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ,, ПОРАКА ,, НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ PDF Печати
   Дел од лицата кои престојуваат во дневниот центар за лица со хендикеп Порака од Неготино, а кои беа учесници на турнирот за ученици со посебни потреби ,, Кежо -2014 ,, што се одржа во Штип заедно со нивните ментори беа примени од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при што го информираа за текот на спортските натпревари и остварените резултати.  Благодарение на секојдневните тренинзи што овие лица ги реализираат на спортските терени во склоп на дневниот центар, неготинската женска екипа на Порака го освои првото место на турнирот во кошарка за што добија и пехар од организаторот, додека одлични резултати беа постигнати и во дисциплините фудбал и пинг-понг. Градоначалникот Апостолов позитивно се произнесе на предлогот следното вакво натпреварување да се одржи во нашиот град и истакна дека  и тој и локалната самоуправа ќе ја дадат неопходната поддршка турнирот да помине во најдобар ред.
Повеќе...
 
АСВАЛТИРАНИ УЛИЦИТЕ ,, ЈНА ,, И ,, 12 ВАТАШКИ ДРУГАРИ ,, PDF Печати
   Работници на ГП Гранит за експресно краток временски период извршија асвалтирање на две улици во градот за кои стручните служби оценија дека е неопходна интервенција. Притоа, комплетно беа реконструирани улиците ,, ЈНА ,, во должина од 65 метри и улицата ,, 12 Ваташки другари ,, во должина од 60 метри за што од Буџетот на општина Неготино беа издвоени средства во висина од 1.500.000 денари. Во текот на изведувањето на работите се изврши ископ на стариот асвалт, поставување на тампон и нов асвалт, а беа поставени и решетки за одвод на атмосферските води. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов изрази задоволство од ефикасно и квалитетно извршената работа на овие дев улици и најави континуитет на овие активности во делот на асвалтирањето улици во Неготино и во населените места.
Повеќе...
 
ПАРТЕРНО СЕ УРЕДУВА ЦЕНТАРОТ ВО ДОЛНИ ДИСАН PDF Печати
   Работници на ГП Урбан инвест веќе извесен период се присутни на терен и работно се ангажирани околу градежните активности за партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Досега е извршено поставувањето на бекатон коцки, се работи на поставувањето на жардинериите, ќе се постави урбана опрема и  клупи за седење,скали, целиот простор ќе биде хортикултурно уреден со што ќе се оствари зацртаната цел- да се долови  еден урбанизиран ефект во овој дел од селото. Задоволството од изведувањето на работите не го кријат ниту локалните жители кои го поздравуваат реализирањето на проектот со кој ќе добијат пријатно катче за одмор и релаксација. Инаку, проектот се спроведува преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и мерката за обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба и реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во руралните средини. Вкупниот буџет изнесува 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени од Агенцијата, а останатите 1.200.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
Повеќе...
 
КОМПЛЕТНО РЕКОНСТРУИРАН ПАТОТ ТИМЈАНИК – Д.ДИСАН PDF Печати
   За рекордно краток временски период заврши комплетната реконструкција која финишираше со асвалтирање на еден од најфреквентните, но и најоштетени патни правци на подрачјето на општина Неготино, од Тимјаник до Долни Дисан во должина од околу 4,5 километри. Сега жителите на овие две населени места, сопствениците кое овде имаа земјоделски површини, како и сите патници на располагање имаат нов, модерен, современ и асвалтиран патен правец за чија реконструкција на првите 3 километри се  погржија работници на ГП Гранит, а останатиот 1,5 километар од патот го работеше ГП Пер-инженеринг. Инвеститор на реконструкцијата на првите 3 километри беше Агенцијата за државни патишта со средства во висина од 440.000 евра, додека вториот дел од патот во должина од 1,5 километар се уреди со средства од 220.000 евра обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со одредено финансиско учество и на општина Неготино.
Повеќе...
 
ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ППЕ - НЕГОТИНО PDF Печати
   Врз основа на соработката што локалната самоуправа Неготино ја воспостави со невладината организација ,, Операција флоријан ,, од  Англија која е специјализирана за противпожарна и спасувачка служба, за потребите на Територијалната противпожарна единица од нашиот град е обезбедено функционално противпожарно возило, со што возниот парк се зголеми на 4 вакви возила кои во секој момент се подготвени за интервенција. На чинот на примопредавањето присуствуваше  градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ја искористи можноста да го запознае возилото и неговите карактеристики, а наедно присуствуваше и ја следеше и обуката што специјално обучени стручни лица од Англија ја изведуваа за доусовршување на неготинските пожарникари.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Следно > Крај >>

Лист 253 од 314