Општина Неготино
ФИНИШИРААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ПАТОТ КУРИЈА – ПАЛИКУРА PDF Печати

   Бенефити за населението од селата Курија и Паликура, како и за сопствениците на земјоделско земјиште на овој потег, ќе донесе комплетното уредување на патниот правец Курија – Паликура во должина од 3 километри. На терен со цел за запознавање со текот на работите престојуваше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој изрази задоволство од одвивањето на работите по утврдената за тоа динамика, така што работници на ГП Гранит во моментов се ангажирани околу поставувањето на тампон долж целиот пат, што е завршна фаза пред асвалтирањето кое се очекува да се реализира од почетокот на наредната недела. Вредноста на целиот проект е 25 милиони денари, а инвеститор е Агенцијата за државни патишта. Покрај овие, градежни активности по барање на жителите на Курија ќе се спроведат и во самото село со тампонирање на улица во должина од 150 метри и уредување на просторот пред селските гробишта.

 
Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ СО ПРИЕМ ЗА ГФК,, НЕГОТИНО ,, PDF Печати

   Младите фудбалери, тренерите и раководството на клубот денеска беа на прием кај градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а поводот беше освојување на првото место на меѓународниот фудбалски турнир ,, Липовица луси – 2014 ,, што се одржа во Белград. На турнирот покрај од Македонија, учествуваа екипи од уште 3 држави, а во мошне силна конкуренција со 4 победи во исто толкав број натпревари фудбалерите на ГФК Неготино – генерација 2005-та година го освои шампионскиот пехар совладувајќи го во финалниот меч тимот на домаќинот Липовица со резултат 2-1, а нашиот играч Борче Ристов со 8 постигнати гола е прогласен за најдобар стрелец на турнирот. Градоначалникот Апостолов им посака топло добредојде и им го честиташе успехот на младите играчи кои според него се иднината на неготинскиот фудбал и вети поддршка од локалната самоуправа во рамките на можностите. Претставниците пак на ГФК Неготино упатија јавна благодарност до градоначалникот за досегашната негова несебична поддршка за развој на фудбалот и спортот во општината.

 

Повеќе...
 
ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА ВО 7-ТЕ ИГРАЛНИ ВО ОПШТИНАТА PDF Печати
   Од 1 Јуни 2014 година општина Неготино  во соработка со УНДП  , АВРМ- Центар за вработување Неготино  и МТСП, согласно Оперативниот план  за активни програми и  мерки за вработување за 2014 година, по трет пат го реализира проектот,,Општинско корисна работа-Промовирање на одржливи вработувања-3,,.Проектот се спроведува во 7 игрални за деца од предучилишна возраст во 7 рурални средини на општина Неготино (Тимјаник, Криволак,Пепелиште, Црвени Брегови, Долни Дисан , Тремник и Војшанци).Со проектот се вклучени 7 лица( жени) со завршено средно образование,а кои припаѓааат на ранливи категории , кои потешко се вработуваат на пазарот на трудот и  кои се од  руралните средини каде што функционираат и игралните.
Ангажаманот на овие лица е за периодот од 01.06.2014-30.11.2014(6 месеци).
Истите се  ангажирани како асисистенти помошнички  на 7 воспитувачи .Во моментот  во 7те  игралните се опфатени околу 120 деца  на возраст од 3,6 до 5,6 години.
Повеќе...
 
НАСКОРО ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА „ НЕГОТИНО “ PDF Печати
   ,, Извонредно атрактивната локација во централното подрачје на нашата држава, на десеттина метри регионален пат и автопатот Е-75, железничка пруга во непосредна близина и други околности придонесуваат за огромен интерес кај заинтересираните правни и физички лица за купување на градежни парцели во Индустриската зона Неготино во близина на Црвени Брегови ,, - истакна во денешната изјава за медиумите градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Градоначалникот информираше дека штом се создадат услови, а тоа се очекува да биде мошне скоро, ќе следи и втората објава за продажба на градежни парцели во оваа индустриска зона на вкупна површина од околу 18 хектари, со апел до заинтересираните да ја посетатат локалната самоуправа и од страна на стручните служби да бидат точно и навремено информирани за бројот на парцели кои ќе се понудат на продажба и нивната површина. Почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 1 евро за метар квадратен. Инаку, при првата објава, беа купени сите парцели понудени на продажба на вкупна површина од 12,2 хектари.
Повеќе...
 
ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВОЛАК ДОБИЈА СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ДВОРНИТЕ ПОВРШИНИ PDF Печати
   Со изградба и поставување на мрежа во должина од околу 600 метри, во селото Криволак завршија работите околу изградбата на систем за наводнување на дворните површини –проект финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од 1.200.000 денари. Како што информираше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој денеска оствари работна посета на Криволак, основна цел на овој проект е преку користењето на каналската вода од хидросистемот на Тиквешко поле за наводнување на дворните површини на ,, криволачани ,, да дојде до заштеда на водата за пиење. Ова од причина што голем број на жители на Криволак располагаат со поголеми дворни површини на кои не ретко одгледуваат и земјоделски култури, па сега истите ќе можат да ги наводнуваат со каналската вода, а санитарната вода да ја користат и да ја имаат во поголеми количини за задоволување на другите основни потреби.
Повеќе...
 
Тони Лазов победник на градското првенство во шах PDF Печати
   Сите седум кола од третото по ред веќе традиционално  градско првенство во шах што го организираа општина Неготино и  ШК Неготино донесоа интересни и неизвесни мечеви, а со освоени 6,5 поени првото место го освои младиот Тони Лазов кому градоначалникот Ванчо Апостолов му ја врачи првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место со ист број поени и наградата од 4.000 денари ги освои Санде Атанасов, додека третопласиран со награда од 3.000 беше Киро Камчев. 2.000 денари за четвртото место му припаднаа на Филип Пушкинов, а петопласиран беше и награда од 1.000 денари освои Павле Давчев. За најдобар ветеран на возраст од над 60 години беше прогласен Блажо Добринов кој доби 1.000 денари, додека за најдобар млад учесник под 18 години беше прогласен Диме Аврамов кој исто така доби награда од 1.000 денари. Градоначалникот Апостолов при доделувањето на наградите на сите учесници им честиташе за успешниот настап и прикажаните интересни мечеви и вети дека до година отвореното градско првенство во шах на Неготино ќе биде подигнато на уште повисоко ниво.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 251 252 253 254 255 256 257 258 259 260 Следно > Крај >>

Лист 252 од 314