Општина Неготино
Соопштение до јавноста PDF Печати
Општина Неготино ja известува заинтересираната јавност дека e доставен извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ  за комплекс со намена лесна индустрија на КП 79/8, 79/9, 79/10, 79/11, 79/12, 79/13, 79/15, 79/16 и 79/18 м.в ,, Црвен Брег,,  КО Тимјаник и  на КП 278/3, 278/5 и 278/6 м.в.,, Бунарјето,,  КО Дуброво  – Општина Неготино  со тех.број . 08-72 од 2014 година , кој  e достапна за увид од  11.11.2014 година  до  11.12.2014 година  во просториите на Општна  Неготино ул.Ацо-Аџи Илов" 2, секој работен ден од  08,00 од 16,00 часот.

По увидот, заинтересираните граѓани , невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки и сугестии  по однос на студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино  до 11.12.2014  година.

Во општина Неготино, може да го најдете  извештајот за стратегиската оцена на животна средина на УПВНМ за комплекс со намена лесна индустрија на КП 79/8, 79/9, 79/10, 79/11, 79/12, 79/13, 79/15, 79/16 и 79/18 м.в ,, Црвен Брег,, КО Тимјаник и на КП 278/3, 278/5 и 278/6  м.в. ,, Бунарјето,,  КО Дуброво–Општина Неготино  со тех.број 08-72  од 2014 година.    

На 10.12.2014 година ќе се одржи јавна расправа по извештајот за стратегиска оцена на животна средина во просториите на Општина Неготино во  13 часот .

Контакт лице :

Лилјана Нечева
Општина  Неготино
Улl. "Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино
Тел 043/361 045 лок.. 028
 
Заврши шестиот по ред традиционален турнир во табла „Неготино 2014” PDF Печати

   Во рамките на програмата за одбележување на Денот на градот – 8ми Ноември, традиционално, по шести пат беше организиран турнирот во табла “Неготино 2014”. Учество на истиот зедоа 64 учесници, кои во период од три дена (6-8 ноември) колку што траеше турнирот, одиграа многу интересни мечеви, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до самата завршница. Овогодишен победник на турнирот е Драган Доневски, кој за постигнатиот резултат доби диплома и парична награда од 8.000 денари, вицешампион е Дарко Илиевски кој доби диплома и парична награда од 5.000 денари, а третопласиран е Дарко Накев кој покрај диплома за трето место заработи и награда од 2.000 денари. Покрај наградите за најдобрите тројца учесници беа доделени и благодарници за учество турнирот. Наградите и признанијата ги додели градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов, кој во рамките на затварањето на турнирот вети дека традицијата за одржување на овој настан ќе продолжи и во иднина.

Повеќе...
 
Свечена седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Во присуство на голем број заинтересирани граѓани на општина Неготино и гости од земјава и странство во кино-салата на Центарот за култура се одржа свечената седница на Советот на општина Неготино по повод празникот на градот 8-ми Ноември и 70 годишнината од ослободувањето на Неготино. Во пригодното обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се задржа на неколку капитални проекти чија реализација е во тек и со чие завршување, како што рече тој, редукциите на водата ќе бидат минато за неготинци, а паралелно за во наредните 100 години ќе се обезбеди континуирано 24 часовно водоснабдување за сите граѓани на Неготино неазвисно од зоната во која живеат. Исто така, додаде Апостолов, иако немаме директни ингеренции во делот на вработување, создаваме услови за отворање производствени капацитети фабрики во кои би се вработиле невработените граѓани од општина Неготино. На свечената седница беше прикажан 16 минутен аудио-видео материјал за реализираните и проектите кои се во тек помеѓу двата празника,а се одржа и пригодна културно уметничка програма.

Повеќе...
 
Доделени наградата и признанијата по повод празникот 8-ми Ноември PDF Печати

   Во рамките на одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино, претседателот на Советот Јордан Паунов ги прогласи, а градоначалникот на општината Ванчо Апостолов ги додели наградата и признанијата по повод празникот 8-ми Ноември. Годинашен добитник на највисоката општинска награда е Трговското друштво Фабрика слобода АД Неготино, а наградата ја прими генералниот директор Цане Коцевски кој наедно и се заблагодари од името на добитниците на наградата и признанијата за укажаната доверба. Признанија им беа доделени на Лукас Мирингер-менаџер на ДММ Дрекслмајер Мануфактурниг Македонија, Здружението на граѓани Ековита, младиот планинар Ване Бошев, Ристе Волчев-магистрант на Градежен факултет и на Центарот за регионален одржлив развој. Наградата и признанијата на добитниците им беа доделени за остварените резултати и нивниот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино.

Повеќе...
 
Претставен Зборникот на политички затвореници – втор том PDF Печати

   Во организација на Музејот на град Неготино и локалната самоуправа беше извршена промоција на вториот том на Зборникот на политички затвореници во периодот од 1945 до 1990 година, дело кое следува неколку години по објавувањето на првиот том во 2007 година. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во своето обраќање истакна дека Зборникот е изработен и издаден на иницијатива и предлози доставени до Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност до авторот Никола Андонов кој по објавувањето на првиот, го издаде и вториот том од Зборникот во кој се внесени нови податоци и нови документи. Самиот факт, рече Апостолов, што станува збор за втор том, доволно говори за квалитетот на првиот и потребата од објавување на нови документи од страна на Андонов. Авторот Никола Андонов рече дека во двата тома на Зборникот се  претставени сведоштвата за човековите страдања на политички прогонетите и затворани лица и најави дека доколку постои нови и необјавен материјал, тој ќе пристапи кон изготвување и на третиот том од Зборникот на политички затвореници.

Повеќе...
 
Доделени 31 ваучер за новороденчиња во септември и октомври PDF Печати

   Продолжува континуираното и што е најважно навремено доделување на вредносните ваучери во вредност од 7.000 денари што општината од сопствениот буџет ги издвојува за родителите кои имаат новороденчиња. Така беше и денеска на пригодната свеченост што се одржа во салата на општината кога градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов додели 31 ваучер на родители кои во месеците септември и октомври имале принова во семејството. По 14 месеци од донесувањето на одлуката и нејзиното стапување во сила, градоначалникот Апостолов заедно со денешните има доделено вкупно 214 ваучери за новородени деца во општина Неготино.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Следно > Крај >>

Лист 243 од 314