Општина Неготино
И во Неготино се спроведе акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ PDF Печати
   Стотици граѓани од општина Неготино денеска масовно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ која есенва се спроведе под мотото „Стоп за катастрофите“ при што излегоа во природа и дадоа сопстве придонес во засадувањето на својата иднина. Годинава учениците и професорите од средното и двете општински училишти, како и претставници од други институции и установи кои функционираат на ова подрачје, масовно се упатија кон локацијата место викано Падината кај Прждево каде што сите заедно садеа дрвца чемпрес и багрем обезбедени од страна на ЈП Македонски шуми. Временските услови беа идеални, а акцијата протече во најдобар ред со засадување на голем број нови дрвца според однапред изготвениот план од страна на одговорните во локалната самоуправа и КП Македонски шуми. Инаку, во текот на денот градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со дел од вработените во општината се вклучија во акцијата „Ден на дрвот-засади ја својата иднина „ со засадување на 30 дрвца полски јасен на просторот во населбата Саат-кула во непосредна близина на новоизграденото мултинаменско игралиште и реконстриуираниот и хортикултурно уреден детски забавен парк, а дрвца се садеа и на други локации во Неготино.
Повеќе...
 
„Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ утре и во Неготино PDF Печати

   Акцијата препознатлива по својата масовност „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во текот на утрешниот ден среда ( неработен ден ) ќе се реализира и на подрачјето на општина Неготино со засадување на дрвца на повеќе локации однапред утврдени од страна одговорните во локалната самоуправа, а во соработка со ЈП Македонски шуми.  Дел од оваа масовна аккција ќе се спроведе и на територијата на општина Неготино со садење на багрем и чемпрес обезбедени во соработка со ЈП Македонски шуми на локацијата, место викано, Падината кај Прждево во која ќе бидат вклучени професори и ученици од средното и основните училишта. Според утврдениот план, од СОУ Св.Кирил и Методиј организираното поаѓање ќе биде од 09 и од 11 часот со по 2 обезбедени автобуси за превоз, додека од ООУ Страшо Пинџур и Гоце Делчев ќе тргнат по еден автобус со ученици, исто така од 09 и 11 часот. Во акцијата со почеток од 09 часот ќе се вклучат и вработените во локалната самоуправа Неготино и претставници од други установи и институции кои делуваат на ова подрачје кои ќе садат дрвца на локацијата кај новоизграденото мултинаменско игралиште во населбата Саат-кула. Инаку, годинава, како и лани на територијата на Република Македонија се очекува да бидат засадени околу 5.000.000 садници на вкупна површина од 1.300 хектари.

Повеќе...
 
Завршна работилница во игралните во руралните средини PDF Печати

   Со поддршка на УНДП, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика, а во склоп на 7-те игрални кои со финансиска поддршка од општина Неготино функционираат во исто толкав број населени места, се одржа третата по ред, а наедно и последна работилница со родителите и нивните деца на тема „ Здрава храна “. Станува збор за реализација на активности од проектот „ Грижата за децата од предучилишна возраст- врвен приоритет во руралната средина “. На овие 7 работилници во период од една недела воспитувачите, асистентите, родителите и децата на едно место ги презентираа сите изработки и едукативни содржини кои ги имаа реализирано во изминатиот период, а кои се од огромна важност за правилниот раст и развој на децата. Истовремено, работилниците со родителите и нивните деца се покажаа како успешна пракса која ќе продолжи да се применува и во иднина при сспроведувањето на разни теми од особена важност за децата од предучилишна возраст.

Повеќе...
 
Шахистите Недев и Лазов на прием кај градоначалникот Апостолов PDF Печати
  Суперталентираниот шахист од Неготино – 14 годишниот Тони Лазов оствари уште еден од низата одлични успеси кои ги постигнува во текот на неговата, кратка но исклучително богата кариера. Имено, на одржаното Европско првенство во брзопотезен шах што се одржа во Грузија на кое учествуваа 99 учесници од повеќе држави во категорија до 14 години, нашиот претставник Тони Лазов го освои одличното 9-то место со освоени 6 поени од 9 одиграни партии.Лазов зедно со неговиот ментор шаховскиот велемајстор Трајко Недев денеска беа примени од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој им честиташе на извонредниот успех и  вети натамошна поддршка за нив и за сите спортисти и клубови кои со своите постигнувања остваруваат лична афирмација, но и придонесуваат за афирмација и на општината. Инаку, Тони Лазов од 2009-та година има учествувано на неколку Светски и Европски првенства во брзопотезен шах, а најголем успех му е шестото место на Европското првенство во Будва. Инаку, деновиве Лазов стана и државен првак на турнирот во шах организиран од Федерацијата на училишен спорт на РМ за ученици од основните и средните училишта во конкуренција на 60 учесници, а за освоеното прво место доби медал и диплома.
Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот -Локална урбанистичка планска документација за  изградба на ладилник и винарска визба на КП 2190/2 КО Неготино  , Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:


                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за  изградба на ладилник и винарска визба на КП 2190/2 КО Неготино, изработен од АРХИКОНС Јован Дооел Кавадарци со тех.бр.02-10/2014 од октомври 2014год.
        
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   26 -11 -2014 до 03-12-2014 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 03-12-2014 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.

Слика 1

Слика 2

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на  Нацрт - Детален  Урбанистички план  за   Урбана  заедница 3/1 во Неготино  дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање   на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

По Нацрт - Детален  Урбанистички план  за Урбана  заедница 3/1   Неготино со тех.број 24/14 од октомври  2014год.   изработен од ,,Друштво за планирање, проектирање и инженеринг простор доо Куманово , кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 30-10-2014  год.

Опфатот на планот е од 2,42 ха со граници:
-на север ул.,,Едварт Кардељ,,
-на југ ул.,,Марксова ,,
-на исток ул.,,Првомајска,,
-на запад ул.,,Марксова,,  
 
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 15 работни  дена од   20-11-2014 до  10-12-2014 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 03-12-2014  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.
 
<< Почеток < Пред 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Следно > Крај >>

Лист 242 од 314