Општина Неготино
Санирани ударните дупки на „Маршал Тито“ и „Партизанска“ PDF Печати

  Работници на градежното претпријатие „Изолација“ од Скопје во текот на само еден ден извршија санирање на сите ударни дупки на најфреквентните и главните улици во Неготино „Маршал Тито “ и „Партизанска“ со што се подобрија условите за безбедно одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците. Изведените работи се дел од Програмата за комунални дејности на општина Неготино, за што од општинскиот буџет беа издвоени средства од близу 200.000 денари. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов информира дека по празниците ќе се пристапи кон санирање на ударните дупки и на други улици во Неготино.

Повеќе...
 
Традиционален турнир во ракомет за млади категории - генерација 1999 PDF Печати
   Во организација на ракометниот клуб Вардар Неготино и со финансиска поддршка на општина Неготино, оваа година по втор пат ќе се одржи традиционалниот турнир во ракомет за младински категории - генерација 1999. Турнирот ќе се одигра во спортската сала на СОУ “Св. Кирил и Методиј”, а ќе започне на 20 декември (сабота) во 10.00 часот. На истиот учество ќе земат 4 екипи во машка конкуренција и 2 екипи во женска конкуренција. Во машка конкуренција ќе настапат екипите на РК “Торо Спорт” од Виница, РК “Валандово” од Валандово, РК “Бисинов” од Велес и домаќинот РК “Вардар Неготино”, кои ќе играат по турнирски систем. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат екипите на РКЖ “Вардар Неготино” и ЖРК “Торо Спорт” од Виница. Спонзор на турнирот е Кроација Осигурување – Неживот.
Повеќе...
 
Продолжуваат работите за хидраулично регулирање на притисокот на водата PDF Печати

  Првичните ефекти од реализацијата на проектот за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење се повеќе од задоволителни – Неготино веќе нема редукции и има 24 часовно водоснабдување. Ова меѓу другото беше истакнато на заедничкиот состанок помеѓу градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова и претставникот на фирмата-изведувач на работите ИМГД од Самобор-Хрватска што денеска со одржа во кабинетот на првиот човек на општината. На состанокот беше истакнато дека во моментов претставниците на ИМГД работат на терен на поставување на далечински надзори во сите зони во градот кои ќе придонесат за алармирање на„ комуналци “ при настанување на дефекти на водоводната мрежа и нивно итно интервенирање, за што ќе следува изведување и на дополнителна обука. Градоначалникот Апостолов истакна дека на состанокот ќе бидат дефинирани  активностите од проектот од фазите кои допрва следуваат, а изрази и задоволство од досега изведените работи на терен кои уште на стартот придонесоа за укинување на рестрикциите и обезбедување континуиран доток на вода во водоводната мрежа, а аналогно на тоа, и до домовите на граѓаните. Директорката на Комуналец Наташа Лазова додаде дека со поставувањето на мерните инструменти значително ќе им се олесни работата, бидејќи по откривањето на дефектите, нивни екипи веднаш ќе можат да излезат на терен и брзо и ефикасно да интервенираат на локацијата каде што истиот е настанат. Сите учесници на состанокот заеднички констатираа дека е крајно време да се отстранат дивите приклучоци во градот и населените места, за што ќе следуваат и дополнителни активности за нивно откривање и елиминирање, со што ќе се зголемат количините на вода во водоводната мрежа.

Повеќе...
 
Делегација на Светска банка на средба со градоначалникот Апостолов PDF Печати

   „Ние како партнери на општина Неготино во спроведувањето на дел од проектите за подобрување на водоснабдувањето денеска остваривме работна средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која го изразивме нашето задоволство од можноста што ја имаме да придонесеме за решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето во општината и се надеваме дека овој проект ќе биде успешно завршен“ – изјави по средбата Тошијаки Кеичо – менаџер на проектот на Светската банка за подобрување на општинските услуги кој беше дел од делегацијата на Светска банка која денеска престојуваше во работна посета на Неготино. Инаку, како што информираше градоначалникот Апостолов општина Неготино со проекти аплицираше до Светската банка која ги одобри потребните средства за реконструкција на водоводната мрежа на 15 улици во Неготино и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3 во висока зона во близина на постоечкиот во Тимјаник, а се очекува до крајот на годината да дојде и до официјално потпишување на договорот помеѓу општина Неготино и Светска банка. Станува збор за проект вреден близу 1.000.000 евра кој значително ќе придонесе за подобрување на водоснабдувањето во општина Неготино, а според градоначалникот, градежните работи се очекува да започнат напролет наредната година.

Повеќе...
 
Трибина за епилепсијата како нарушување PDF Печати

   Во организација на Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија „Епилепси“ утре во Неготино ќе се одржи трибина на тема „Епилепсијата како нарушување, фактори и ризици “ при што е предвидена и дискусија од страна на присутните за се онашто е во тесна корелација со епилепсијата како болест. Според агендата за работа на трибината, стручно излагање пред заинтересираните граѓани ќе има д-р Блажо Саздов, како и претставници на Здружението „Епилепси“. Трибината ќе се одржи на 13 декември ( сабота ) со почеток од 13 часот во големата сала на општина Неготино, а на истата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица од општината и регионот.

 
ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА PDF Печати

ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА (СОМЕЛИЕРИ)
Датум: 20 и 21 декември (сабота и недела)
Време на почнување: 10.00 часот
Место на одржување: Хотел Фени, Кавадарци


Проектот "Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија" кој Агенцијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации (UNIDO, www.unido.org) , го имплементира заедно со Министерството за економија на Република Македонија, во Тиквешкиот регион и регионот на Охридското езеро, организира ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА (СОМЕЛИЕРИ) во Кавадарци.

Покана

 
<< Почеток < Пред 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Следно > Крај >>

Лист 241 од 314