Општина Неготино
Весело и разиграно дочекана Новата година на градскиот плоштад PDF Печати

   Ниту ниските температури и екстремно студеното време не ги спречија присутните граѓани кои одлучија „најлудата ноќ“ да ја дочекаат на градскиот плоштад да создадат весела атмосфера и разиграно да ја дочекаат Новата 2015-та година. Можеби бројот на присутните во однос на предходните години беше нешто помал поради ладното време, но затоа пат атрактивната естрадна уметничка Руса Андова и членовите на групата Антигона-бенд и покрај студот се потрудија со одличен репертоар на песни и ора да го подигнат расположението кај посетителите, а сето тоа резултираше со внесување позитивна енергија кај граѓаните, фаќање на оро и пеење заедно со Андова која пријатни изненади со својот одличен настап. На полноќ, кога стрелките на часовникот се поклопија имаше спектакуларен огномет-еден од најатрактивните последниве години, а прв Новата година на присутните им ја честита градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов посакувајќи им пред се здравје, среќа, успех и се најдобро во Новата година. Организираниот дочек на градскиот плоштад помина во бескпрекорна атмосфера и без ниту еден ресгистриран инцидент.

Повеќе...
 
Градоначалникот во посета на лицата кои се грижеа за безбедност и здравјето на неготинци за Новогодишната ноќ PDF Печати

   Во пресрет на дочекот на Новогодишната ноќ во доцните вечерни часови градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов оствари работна посета на неколку установи и институции каде што вработените „најлудата ноќ“ ја дочекуваат на своите работни места. Најпрво Апостолов оствари средба со претставниците на 6-члената дежурна екипа на неготинската полиција задржувајќи се притоа во краток разговор со нив, посакувајќи им да имаат што помалку работа што и се оствари бидејќи како што официјално сме информирани за новогодишната ноќ не е регистриран ниту еден посериозен инцидент, им посака среќна Нова година и им додели пригодни подароци кои ги добија и двајцата дежурни пожарникари од ТППЕ-Неготино. Средба беше остварена и со дежурниот од Агенцијата што ја обезбедува зградата на општина Неготино, како и со 6-члената екипа од доктор и медицински персонал кои за време дочекот на Новата година беа дежурни во Итната медицинска помош при Здравствениот дом Неготино. И во оваа прилика на дежурните Апостолов им додеки пригодни подароци, а според последните информации дежурната служба речиси била без работа и со само неколку рутински прегледи.

Повеќе...
 
ОТЧЕТ И НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВАНЧО АПОСТОЛОВ PDF Печати

   ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО !
ВО ДЕНОВИТЕ КОГА ЈА ИСПРАЌАМЕ 2014 ГОДИНА И ЈА ДОЧЕКУВАМЕ  НОВАТА 2015, ВО ОВА МОЕ НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ ЌЕ НАПРАВАМ ЕДНА КРАТКА РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ДЕЛ ОД РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ ВО ТЕКОВНАВА И ДЕЛ ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ВО НАРЕДНАТА ГОДИНА !
-ПРВО И НАЈВАЖНО ! ПРЕКУ ПРОЕКТОТ ЗА ХИДРАУЛИЧНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ, УСПЕАВМЕ ДА ГИ УКИНЕМЕ ДНЕВНИТЕ И ЦЕЛОВЕЧЕРНИТЕ РЕДУКЦИИ И ДА ОБЕЗБЕДИМЕ 24 ЧАСОВНО КОНТИНУИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ !

 

Повеќе...
 
Градоначалникот Апостолов додели новогодишни пакетчиња PDF Печати

   Со доделувањето на новогодишни пакетчиња, градоначаланикот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска ги направи среќни и измиами насмевки и благодарност од голем број дечиња од подрачјето на неготинска општина. Имено, Апостолов најпрво го посети Дневниот центар за лица со ментален хендикеп Порака каде што на сите штитеници им додели пакетчиња, на што во знак на благодарност тие му возвратија со изведување на пригодна програма. Посебно весела беше атмосферата во детската градинка Фемо Кулаков каде на одушевување на дечињата и нивните родители беше изведена претставата „Мапет шоу“ од страна на воспитниот кадар, при што за цело време се пееше и танцуваше, а присутните уживаа во претставата. Оваа прилика градоначалникот Апостолов ја искористи да им додели новогодишни пакетчиња на околу 450 дечиња кои престојуваат во двата клона во градинката, како и на дечињата од игралните во руралните средини Пепелиште, Тремник и Криволак. Исто така, новодогишни пакетчиња добија и дечињата на самохрани родители од општина Неготино, како и децата на членовите на Здружението на слепи лица.

Повеќе...
 
Организиран дочек на Нова година на градскиот плоштад во Неготино PDF Печати

  Во духот на веќе востановената традиција, општина Неготино и оваа година организира заеднички дочек на Новата 2015 година на градскиот плоштад во нашиот град. За забавата на сите присутни кои ќе решат Новата година да ја дочекаат на неготинскиот плоштад во друштво на најблиските роднини и пријатели, ќе се погрижат атрактивната пеачка Руса Андова заедно со членовите на групата Анигона-бенд со настап во живо- комбинација која гарантира добра забава и весела атмосфера. На полноќ е предвиден спектакуларен огномет, по што ќе следува новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој прв ќе им ја честита Новата година на присутните на плоштадот. Од локалната самоуправа Неготино упатуваа покана до сите граѓани да повелат и да бидат дел од заедничкиот дочек на Новата 2015 година на градскиот плоштад во Неготино.

Повеќе...
 
Дечињата од игралните во руралните средини добија новогодишни пакетчиња PDF Печати

    „Функционирањето на 7-те детски игрални во руралните средини во неготинска општина се покажа како доста успешен проект и токму затоа локалната самоуправа со средства од општинскиот Буџет ќе продолжи со финансирање на нивното работење „ – истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој оствари работна посета на 4 игрални лоцирани во селата Долни Дисан, Тимјаник, Војшанци и Црвени Брегови. Оваа прилика првиот човек на општината ја искористи на дечињата кои престојуваат во игралните да им додели новогодишни пакетчиња и да им посака среќна Нова година, а тие пак во знак на благодарност тие изведоа богата културно-уметничка програма. Што се однесува до дечињата од останатите 3 игрални кои функционираат во Тремник, Пепелиште и Криволак, тие новогодишните пакетчиња ќе ги добија заедно се дечињата од двата клона на градинката Фемо Кулаков на пригодната свеченост која ќе се одржи во вторник.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Следно > Крај >>

Лист 239 од 314