Општина Неготино
Во Неготино се реализира проект „ПИЛОТ ВИНСКА ТУРА“ PDF Печати

   Во рамките на стопанско-туристичката манифестација- „Недела на вино Св Трифун 2015“ Општина Неготино  во деновите 13 и14 Февруари организира дводневна ПИЛОТ ВИНСКА ТУРА- во рамките на Проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија“ финансиран од УНИДО
Учесници во оваа тура беа претставници од охридскиот туристички кластер, претставници од канцелариите на УНИДО од Македонија и Црна Гора, претставници од Вардарскиот плански регион како и локални учесници, како и други гости на општина Неготино.
Во првиот ден од винската тура по сместувањето на групата од Охрид во конаците на манастирскиот комплекс,,Св Ѓорѓи,,се оствари  B2B средба преку  вклучување на учесници во натпреварот на  вина.Дневната тура  вклучи:
Посета  на гaлерија на вино во манастирот ,,Св. Ѓорѓи” каде беше  организиран
„Ден на виното Вранец“ потоа посета и љубезно гостопримство во винарската визба „ПОВАРДАРИЕ“.Следуваше посета на мултифункционален центар ,,Желкова куќа,,со обиколка на  „Старата чаршија“ и градскиот плоштад на Неготино каде учесниците имаа можност за мал одмор во кафе бар „АМАРО“ Следуваше посета на винаријата „ПОПОВ“ каде беше  организиран разглед на винаријата и професионална дегустација  на неколку вина, а беа дегустирании  локални брендови на храна и вино .Учесниците во турата ја посетија  копаничарската работилница „Стари занаети“ во Неготино, а присуствуваа и на отварањето на 11та копаничарска изложба на здружението „Стари занаети“ која се одржа во Музеј на град Неготино.

Повеќе...
 
Делегација од Алмопиа оствари работна посета на Неготино PDF Печати

   Деновиве во работна посета на општина Неготино престојува четиричлена делегација од Алмопиа-Грција предводена од градоначалникот Димитрис Мпинос која покрај следењето на настаните од празникот на лозарите, оствари и средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која беа разменети предлози и мислења за меѓународна соработка. А една таква соработка е веќе во тек и тоа проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Поддршка и развој на економијата преку пчелно производство“. Претставниците на двете општини на остварените средби заклучија дека имаат големи можности и потенцијали за идна соработка и тоа во повеќе сфери, а разменија и корисни информации, како и предлози за натамошна соработка и партнерство меѓу Неготино и Алмопиа по основа на разни други достапни програми.

Повеќе...
 
Општина Неготино донираше минерална вода за жителите на Војшанци PDF Печати

   Општина Неготино донираше 100 пакети минерална вода за потребите на месното население, односно по еден пакет за секое семејство од селото. Инаку, како што информираше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, во изминатиот период во координирани акции на локалната самоуправа со поддршка на градежни фирми, работници и механизација на ЈП Комуналец и ТППЕ-Неготино, како и со работен ангажман на самите жители, се изврши санација на коритото на Војшанска река и на патот кој отсече неколку куќи кој сега е вратен во првобитна состојба, санирани се штетите на водоводната и канализационата мрежа, поправени се сите оштетувања на улиците во Војшанци и на патот од мостот во центарот на селото до краварската фарма, донирана е помош за оспособување за живеење на најпоплавените и најоштетени куќи, а се изврши и чистење на наносите на столбовите на Војшанскиот мост. Со сите овие активности животот во Војшанци се врати во нормала, но сепак стручните служби секојдневно се на терен, ги согледуваат состојбите и се подготвени доколку се јави потреба од интервенции.

Повеќе...
 
Централна прослава по повод празникот „Свети Трифун“ PDF Печати

   Со прием на гости од земјава и странство во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, одржување на фолклорно дефиле низ улиците на градот, прошетка по штандовите на плоштадот и дегустација од изложените производи и со непосредни средби со локалното население, започнаа активностите од одржувањето на централната манифестација по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун во рамките на Неделата на виното. По осветувањето на лозата од страна на свештено лице од МПЦ „Свети Атанасиј“ следуваше пригодно обраќање на првиот човек на општината Апостолов кој на лозарите им посака оваа година да имаат богат и квалитетн род, по што заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го извршија симболичниот чин на закројување на виновата и со чаша вино им наздравија на присутните на плоштадот. На свеченоста на најуспешните производители на вино и ракии има беа доделени пригодни награди, признанија и пехари, а манифестацијата продолжи со забавно-музичка програма со настап на бројни звезди од македонската естрада.

Повеќе...
 
Претставничката на ОН Винтон на средба со градоначалникот Апостолов PDF Печати

Во рамките на одбележувањето на верскиот празник Свети Трифун покрај многубројните гости од земјава и странство, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот работен кабинет ја прими постојаната координаторка на Обединитетите нации и Постојан претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон која придружувана од своте соработници го посети Неготино се цел да ги проследи настаните од централната манифестација по повод Свети Трифун. Првиот човек на општината ја запозна г-ѓа Винтон со активностите кои изминатове два дена беа присутни во општината во рамките на манифестацијата „Недела на виното“, како и за настаните кои ќе се одвиваат во текот на денешниот ден. Претставничката на Обединетите нации Винтон го посети централното градско подрачје и поставените штандови на кои се претставуваат винариите и ја искористи можноста да дегустира од надалеку познатите неготински вина и ракии.

Повеќе...
 
„Ден на вранецот“ во Галеријата на виното PDF Печати

Во присуство на голем број на гости од овој регион, земјава и странство се одржа традиционалниот „Ден на вранецот“ во просториите на манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Галеријата на виното,  – настан кој е составен дел од манифестацијата „Недела на виното“ со која се одбележува празникот Свети Трифун. „ Станува збор за вино произведено од една од најавтохтоните македонски сорти грозје – вранец , вино по чие консумирање не останале рамнодушни и не го криеле своето одушевување од неговиот квалитет сите оние кои имале можност да пробааат од виното „вранец“ и токму затоа станува збор за производ кој претставува бренд на македонските винарии“ – истакна во пригодното обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов прогласувајќи го за отворен „Денот на вранецот“. Свое претставување со вино „вранец“ пред присутните имаа 10-тина винарски визби од општина Неготино и регионот, а сите присутни имаа можност да дегустираат и да уживаат во едно од најквалитетните македонски вина.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Следно > Крај >>

Лист 236 од 314