Општина Неготино
Поплавените семејства од Војшанци ќе добијат помош од повеќе места PDF Печати

  Поплавите кои пред извесен период ја зафатија Македонија на територијата на општина Неготино најголеми штети предизвикаа во селото Војшанци каде што покрај оштетената инфраструктура, настрадаа и дел од домовите на тамошните семејства. Стручна комисија од локалната самоуправа која заедно со градоначалникот Апостолов континуирано беше присутна на терен и одговараше на барањата на население го изготви конечниот извештај кој ќе биде доставен до надлежните државни органи од кои се очекува одобрување помош, а свој придонес при санирањето на штетите ќе даде и општина Неготино. Па така, на над 260 домаќинства погодени од поплавени во  Македонија, меѓу кои и општина Неготино, започнаа да им се исплаќаат средствата за санирање на штетите. Семејствата, во зависност од претрпените штети ќе добијат помош од 14.000 до 110.000 денари, а потребните средства од над 10 милиони денари се дел од средствата собрани од хуманитарните акции што со донации на трите телефонски броја легнаа на солидарната сметка на Црвениот крст на РМ. Притоа, направен е попис на она што е уништено во домовите на семејствата и она што не може да се користи, направени се записници со детална проценка која покажува колку средства му се потребни на секое од семејствата за санирање на штетите. Средствата семејствата треба да ги добијат во текот на наредната недела, а финансии за санирање на штетите од поплавите ќе добијат и 10 семејства од неготинското село Војшанци.

Повеќе...
 
Со хидрауличното регулирање на притисокот, за 40 отсто се намалени загубите на водата PDF Печати

   „Не е важно за колкав временски период е решен еден проблем, не е во прашање ниту висината на финансиските средства потрошени за реализацијата на проектот, најважно од се е дека со спроведувањето на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата“ се постигна очекуваниот ефект – после 30 години во кои граѓаните на Неготино се соочуваа со недостиг од вода за пиење укинати се 12 часовните редукциии и обезбедено е континуирано 24 часовно водоснабдување за населението“ – истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на денешната презентација на споменатиот проект од страна на стручни лица од фирмата ИМГД од Хрватска кои во изминатите 3 месеци беа ангажирани на реализацијата на проектот. – Не застануваме овде, додаде Апостолов и додаде дека веќе е потпишан договорот со Светска банка и најверојатно од април ќе започне релаизацијата на проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улици во Неготино во должина од 8 километри, планирана е изградба на 2 нови резервоари за обезбедување дополнителни количини вода за пиење, се поставуваат водомери онаму каде што досега ги немаше, со еден збор се спроведуваат активности со кои за неготинци ќе се обезбеди редовно водоснабдување во наредните 100 години.

Повеќе...
 
Утре во Неготино презентација на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата“ PDF Печати

   Утре со почеток од 12 часот во големата сала на општина Неготино ќе се одржи презентација на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење “ – проект кој Неготино го имплементираше како прв град во Македонија и со кој се постигнаа очекуваните резултати за значително подобрување на водоснабдувањето и укинувањето на редукциите на вода за пиење. Според агендата за работа, најпрво обраќање пред присутните ќе има градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, презентацијата на проектот ќе ја изврши Горан Дуниќ-сопственик на фирмата ИМГД од Самобор-Хрватска, а за ефектите и придобивките од реализацијата на овој проект на територијата на Неготино презентација ќе има директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова. Во продолжение ќе следуваат евентуални прашања од присутните и одговори од надлежните до кои истите се поставени.

Повеќе...
 
Активности за менување на водоводната мрежа каде што има дефекти PDF Печати
    Покрај неколкуте паралелни проекти кои општина Неготино ги реализацира со единствена цел за подобрување на водоснабдувањето во градот и во дел од населените места, се прават напори и за преземање навремени активности за откривање и санирање на дефектите на водоводната мрежа на улици во градот и во селата кои предизвикуваат загуби на водата за пиење, а со тоа пак се намалуваат количините кои доаѓаат до домовите на населението. Токму затоа, стручните служби при локалната самоуправа во соработка со одговорните во ЈП Комуналец контиунирано ја следат состојбата на терен и преземаат навремени активности за санирање на состојбите. Така, според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, дефекти се регистрирани и за кратко време ќе се започне со замена на водоводната мрежа во должина од 1.200 метри на потегот од ВВ Повардарие до Дуброво каде што се забележани загуби од 13 до 15 литри вода во секунда, најголеми загуби на територијата на општината. Проектот ќе се реализира со средства од Буџетот на општина Неготино.
Повеќе...
 
МЛАДИТЕ НАДЕЖИ НА РК „ВАРДАР НЕГОТИНО“ НАЈДОБРИ НА РАКОМЕТНИОТ ТУРНИР ВО ВИНИЦА ОРГАНИЗИРАН ОД РАКОМЕТНАТА АКАДЕМИЈА НА РК МЕТАЛУРГ - СКОПЈЕ PDF Печати

   Во спортската сала “Капетан Кирчо Димитриов“, при ОУ “Ванчо Прке“ во Виница, се одржа турнир на ракометниот клуб Торо Спорт од Виница, кој е дел од Ракометната академија на Металург.
На турнирот настапија школите: Тиквеш Металург (Кавадарци), Торо Спорт (Виница), РК Вардар-Неготино (Неготино) и РК Берово (Берово), во машка конкуренција, и Астра Спорт (Македонска Каменица), РК Берово (Берово), РКЖ Вардар-Неготино (Неготино) и Торо Спорт (Виница), во женска конкуренција.
На турнирот е прикажан одличен ракомет и постигнати се следните резултати:
Машка конкуренција:
РК Вардар-Неготино – РК Берово  11:7
Торо Спорт – Тиквеш Металург  14:17
Меч за третото место:  Торо Спорт – РК Берово  15:10
Финале:  РК Вардар-Неготино – Тиквеш Металург  20:14

Повеќе...
 
На сите волонтри кои помогнаа околу реализацијата на централниот настан по повод Св.Трифун им беа доделени благодарници PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на одржаниот заеднички состанок, на сите волонтери од Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ кои зедоа активно учество во спроведувањето на дел од активностите околу реализирањето на манифестацијата „Недела на виното“ од име на локалната самоуправа им додели благодарници. Апостолов истакна дека сите тие дадоа огромен придонес во делот на доставата на храна на централната свеченост по повод празникот на лозарите „Свети Трифун“ и придонесоа за успешно организирање на овој настан на здоволство и на организаторот и на многубројните посетители. Благодарници им беа врачени на околу 50 ученици од неготинското СОУ „Св. Кирил и Методиј“, а во нивна чест беше организиран и скромен коктел.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Следно > Крај >>

Лист 235 од 314