Општина Неготино
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Печати

ЈАВЕН ОГЛАС

за

Работно ангажирање на невработени лица-активни баратели на работа

1.     Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 15.05-22.05.2015( 8 дена).

2.     Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време со склучување на договор за работно ангажирање во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6200,00 ден. за лице месечно за 20 работни часа седмично, со вклучени персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ,во соработка со УНДП,АВРМ и МТСП по четврти пат PDF Печати
ОПШТИНА НЕГОТИНО ,во соработка со УНДП,АВРМ и МТСП по четврти пат ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО–КОРИСНА РАБОТА



 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

Ј.П.„Комуналец“ – Неготино ги известува граѓаните дека од ден 07 мај (вторник) отпочна со пуштање на водата од системот за полевање на дворните површини – технолошка вода. Ги замолуваме граѓаните да си ги проверат дворните инсталации и да ги доведат во исправна состојба.

                                                                                                                               Ј.П.„Комуналец“- Неготино

 
Наградени ученици на прием кај градоначалникот Апостолов PDF Печати
    Успешното учество на натпреварите учениците го потврдуваат со бројните медали ,дипломи и благодарници.
На Образовното рандеву МАССУМ 2015(17,18 април во Велес) учениците земаа учество во  повеќе дисциплини под менторство на професор Велика Пушкинова и ги постигнаа следниве резултати:Ѓорѓи Јованов I место(златен медал),Тимотеј Илиев II место (сребрен медал),Павлов Кире III место(бронзен медал),II 7 клас III трето место(бронзен медал)
На Натпреварот Наноматеријали –материјали на иднината 2015(април, технолошко-металуршки факултет,Скопје) учениците Тимотеј Илиев и Кире Павлов(ментор Велика Пушкинова)  се пласираа во финале,постигнувајќи одлични резултати и вредна награда.На Макинова 2014/2015 ученичката Андова Елеонора зема бронзен медал(ментор Велика Пушкинова)
На натпреварот Млади истражувачи (Неготино,април 2015) учениците се закитија со медали и дипломи.Андова Елеонора (машинска техника) златен медал –ментор Симеончо Пушкинов,Раде Коцев (енергетска ефикасност) бронзен медал-ментор Снежана Трајкова,а уцениците Апостолов Христијан ,Симона Стефанова и Сања Павлова добија дипломи за одличните презентации.
Повеќе...
 
Детската градинка „Фемо Кулаков“ прослави 55 години постоење PDF Печати

   Цели 55 години вработените и раководните тимови ги остваруваат поставените цели за афирмација на предучилишното воспитание и образование во општина Неготино, грижата за децата, сето тоа проследено со детска смеа, радост и среќа – беше истакнато на пригодната свеченост со која се одбележаа 55 години од започнувањето со работа на детската градинка „Фемо Кулаков“ од Неготино. Неготинската градинка претставала и претставува средина со најдобри услови за престој на деца, со средства и примери за развој на предучилишното дете и со реализација на многубројни и разновидни и осмислени активности кои придонесуваат за поттикнување на индивуалните способности и потенцијали на децата. Инаку, денеска установата ја сочинуваат 66 вработени распоредени во 2 објекта во градот и 3 во руралните средини кои се грижат за 400 предучилишни деца.

Повеќе...
 
Во Неготино одбележана 112-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на 112-годишнината од загинувањето на еден од најголемите македонски револуционери Гоце Делчев, денеска и во изминатите денови во Неготино се реализираа бројни активности за одбележување на овој светол датум, а централен настан беше патрониот празник на Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од нашиот град и подрачните училишта кои делуваат во негов состав. Присутните ученици, наставници, просветни работници, претставници на локалната самоуправа и други гости ги поздрави директорката на училиштето Весна Јованова која во своето пригодно обраќање се осврна на едногодишното работење на училиштето, постигнатите резултати и проектите кои се во тек или допрва треба да се реализираат со единствена цел за овозможување најдобри услови за школување за учениците кои наставата ја посетуваат во ООУ „Гоце Делчев“. За сите кои присуствуваа на одбележувањето на патрониот празник беше изведена богата културно уметничка програма, а на учениците кои освоиле награди на разни натпреварувања, им беа доделени скромни подароци.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 Следно > Крај >>

Лист 231 од 314