Општина Неготино
АПОСТОЛОВ: РЕАЛИЗИРАВМЕ, СПРОВЕДУВАМЕ И ЌЕ РАБОТИМЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА СИТЕ ГРАЃАНИ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
  ИБ на ОН – Господине Апостолов, изминаа 2 години од Вашето стапување на функцијата прв човек на општина Неготино. Дали и колку сте задоволен од сработеното и реализираните проекти во изминатиот период и што може да очекуваат граѓаните на општината во периодот од преостанатите неполни 2 години од Вашиот мандат ?
Градоначалник – Во рамките на заложбите за јавно и транспарентно работење, по моето стапување на фунцкијата градоначалник, јас на повеќепати и преку разни форми (Отчет за сработеното, интервјуа во локални, регионални и републички печатени и електронски медиуми, преку непосредни средби со населението, Инфо-билтенот и сл ) им се имам обраќано на граѓаните на општина Неготино информирајќи ги за досега реализираните, за проектите кои се во тек, како и за оние проекти кои се предвидени за спроведување. Уште на самиот почеток на мојот мандат истакнав дека мој и приоритет на локалната самоуправа е и ќе биде локалниот економски развој преку создавање услови за привлекување на домашни и странски инвеститори, отворање на производствени капацитети, а аналогно на тоа и создавање услови за вработување на невработените лица од нашата општина. На овој план, особено сум горд што благодарение на одличната соработка со Владата на РМ и овозможената пропорционална застапеност, во германскиот гигант Дрекслмајер се вработија над 1.300 наши сограѓани со тенденција нивниот број во иднина да расте. Иако како општина немаме директни ингеренции во вработувањето, наша задача е преку создавање услови да го стимулираме вработувањето, па токму затоа ја оформивме и ги продадовме сите парцели во Индустриската зона Неготино, се работи на дооформување на Индустриската зона Дуброво-Тремник, а општината се почесто е посетувана од потенцијални инвеститори кои допрва треба да ја донесат конечната одлука за инвестирање во изградба на капацитети на ова подрачје.
Сериозно се зафативме со долгорочно решавање на најгорливиот проблем во нашата општина-водоснабдувањето. На тој план делуваме на повеќе полиња и реализиравме и ќе реализираме неколку паралелни проекти и уверен сум дека по комплетното завршување на сите предвидени проекти и зафати до домовите на неготинци ќе дотекуваат поголеми количини вода за пиење, а овој децениски проблем ќе биде решен на долги патеки. Исто така, инвестиравме во проекти за подобрување на патната инфраструктура како во градот, така и во населените места, уредување на централното подрачје на Неготини и во повеќе села, изградивме нови водоводни и канализациони мрежи, асфалтираме постојани и пробиваме и подготвуваме за асфалтирање нови улици, изградивме објекти за спорт и рекреација и забавни паркови за најмладите, аплицираме со проекти кај домашни и меѓународни организации за обезбедување финансиски средства за реализација на проекти за подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани, а можам јавно да ветам дека и во времето од преостанатиот мандат целосно ќе се посветам на работата и остварувањето на градоначалничките обврски со единствена цел на идните генерации да им ја оставиме општина Неготино во што е можно поубаво светло.
Повеќе...
 
Ќе се врши конзервација на Саат-кулата во Неготино PDF Печати
   Деновиве преку заедничка соработка меѓу општина Неготино, Министерството за култура на Република Македонија и Музејот на град Неготино се очекува да започнат работите на терен на еден за Неготино мошне значаен проект-конзрвацијата на Саат-кулата во нашиот град. Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата-проект кој е составен дел од Програма за работа како градоначалник Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје и тоа со зачувана карактеристична инфраструктура. Во моментов, согласно утврдената динамика и план за работа, стручни служби од Националниот конзерваторски центар и Музејот на град Неготино ги реализираат геомеханичките испитувања на теренот на кој се наоѓа овој значаен споменик на културата од османлискиот период. Конкретните работи на терен очекува да започнат во текот на наредните денови.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

  Како што информираат од Оделението за комунални работи и сообраќај при локалната самоуправа Неготино по стабилизирањето на временските услови утврден е конечниот термин кога на територијата на неготинска општина ќе се изврши авионското прскање против комарци како составен дел од програмата за работа на општина Неготино. Во координација со, специјализирана за тоа, фирмата Бони-ер договорено е авионското прскање против комарци на ова подрачје да се спроведе на 15 јули, среда, во раните утрински часови и тоа во периодот од 04,30 до 06,00 часот. Токму затоа, се известуваат пчеларите за времетраењето на прскањето од неколку часови да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Во текот на утрешниот ден ( среда ) поради отстранување на дефекти на главната водоводна мрежа граѓаните на Неготино ќе немаат вода за пиење во периодот од 09 до 19 часот до кога, според проценките на стручните лица, дефектите се очекува да бидат отклонети и водата да протече во водоснабдителниот систем. Како што информираат од ЈП Комуналец-Неготино детектирани се вкупни 3 поголеми дефекти на главната водоводна мрежа преку која водата од Лукар доаѓа до домовите на неготинци, од кои 2 се на територијата на Кавадарци и 1 е лоциран над селото Тимјаник. Предвидено е „комуналци“ со работите на терен и отстранување на дефектите да започнат утре околу 08,30 часот при што заради ефикасно изведување на работите ќе бидат принудени да го прекинат дотурот на вода до Неготино околу 09 часот, а поради големината на дефектите ќе се работи во текот на целиот ден и според проценките на одговорните, се очекува водата да биде пуштена во системот околу 19 часот. Токму затоа се информираат граѓаните од општина Неготино благовремено да се снабдат со неопходните количини вода кои ќе им бидат потребни за во текот на утрешниот ден, а од Комуналец ги замолуваат да имаат трпение и разбирање за проблемите со кои тие се соочуваат, бидејќи по отстранувањето на дефектите, состојбата со водоснабдувањето ќе се стабилизира.
 
Младите ракометари на РК “Вардар - Неготино” учествуваа на маратонски ракометен турнир во Германија, а дома се вратија со исполнето срце и моменти кои ќе ги паметат засекогаш PDF Печати

   Пионерите на РК Вардар Неготино поминаа повеќе од 2000 км за да учествуваат на ракометен турнир во Германија. Тие не се вратија дома со освоен медал, но донесоа огромно искуство кое во иднина ќе им биде од огромна корист.
Ракометниот клуб “Вардар Неготино” учествуваше на 13 издание од големиот ракометен турнир “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” кое се одржа од 20.06 до 21.06 во Виеденбрук, Германија. Најголеми “виновници” за учеството на РК Вардар Неготино на големиот ракометeн настан на западот од Германија беа господинот Боби Бинов, ракометен работник и тренер на домашната екипа на Виеденбрук, кој потекнува од нашиот крај, тренерите Драган Сукара и Ратко Вељанов, управата  предводена од Тоде Кузманов и Ѓорѓи Стојанов, како и “Croatia Osiguranje” која финансиски ја поддржа оваа ракометна турнеја. Исто така, во финансиската поддршка на младите ракометари од Неготино, за учество на овој реномиран ракометен турнир се вклучи и Општина Неготино, односно градоначалникот Ванчо Апостолов, кој во вакви прилики секогаш несебично го помага развојот на спортот, осбено младинскиот.
Инаку, специфично за “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” е тоа што се игра ракомет на трева. Натпреварите се играат по 15 минути без полувремиња, а на турнирот учествуваа 80 екипи од Германија, а РК Вардар Неготино ја имаше честа да биде гостин на ова големо ракометно случување. Екипата од Неготино го освои четвртото место на овој турнир, што е огромно достигнување за екипа која прв пат игра ракомет на трева. Нашите млади ракометари во петте одиграни натпревари забележаа две победи и три порази. Беа совладани екипите на TSG RHEDA и HSV Herbede, а поразите дојдоа од домаќинот Wiedenbrucker TV и екипата на TUS BRAKE, додека во малото финале за третото место беа поразени минимално од HTS Rietberg. Титулата му припадна на домаќинот Wiedenbrucker TV.
Претходно РК Вардар Неготино одигра две пријателски натпревари со домаќинот Wiedenbrucker TV победувајќи со резултат од 28:25 и со екипата на HTS Rietberg која РК Вардар Неготино ја доби со резултат од 26:21. Натпреварите се одиграа во сала и во два наврати пионерите на РК Вардар Неготино издвојуваа победи против своите врсници од Германија.

Повеќе...
 
Прием за Ване Бошев кој за 4 години има освоени 40 планински врвови PDF Печати

   „Господине градоначалник, јавно Ви се заблагодарувам за несебичната поддршка што ми ја давате Вие како прв човек на општина Неготино и која има огромен придонес при моите планинарски остварувања и искачувања на врвовите зо Република Македонија и надвор од неа“- рече 7 годишниот Ване Бошев-член на планинарското друштво „Антигона-нег“ кој наедно е најмладиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на Балканот Мусала на планината Рила при денешната средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. За време приемот во неговиот кабинет, градоначалникот од страна на младиот Ване и неговиот родител Орданчо кој го придружува на сите патешествија беше информиран дека за 4 години Ване има освоено вкупно 40 врвови, што е навистина импозантна бројка за еден второоделенец-успех на кој можат да му позавидат и далеку повозрасни и поискусни планинари. Градоначалникот Апостолов потенцираше дите сите успешни млади луѓе од општината кои остваруваат резултати за почит, независно од која област, ја имале и ќе ја имаат неговата поддршка, бидејќи покрај за нивна лична, тие придонесуваат и за афирмација на општина Неготино, како што впрочем тоа е случај и со Ване кој е добитник и на 8-ноемвриско признание. Апостолов истакна дека Ване ќе ја има неговата и поддршката од општината и при следното негово планинарско остварување кое ќе се одвива во Италија во втората половина на овој месец, а тоа е освојувањето на врвот Мармулада на надморска височина од 3.343 метри, што ако успее, ќе биде рекордно остварување на Ване.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Следно > Крај >>

Лист 227 од 314