Општина Неготино
Започнаа градежните работи за изградба на патот од Г.Дисан до Вешје PDF Печати

   Согласно утврдената динамика за работа, веќе неколку денови по ред се одвиваат градежни работи за изградба на патот од Горни Дисан до Вешје. Проектот ќе се реализира во три фази, при што во рамките на активностите од првата фаза се врши изградба на патот во должина од 800 метри со средства обезбедени преку ИПАРД програмата, додека останатите две делници во должина од 634 и 400 метри ќе се рализираат со финансии обезбедени од ИПА преку Светска банка и ИПА проектот за меѓугранична соработка. Во моментов се изведуваат земјени работи за проширување на оваа делница од проектот, по што ќе следуваат и останатите градежни активности за изградба на комплетно нов пат кој Горни Дисан ќе го поврзе со Вешје.

Повеќе...
 
Во општина Неготино се спроведе акцијата „Македонија без отпад“ PDF Печати

   Ученици од двете основни и средното училиште, претставници на комуналното претпријатие, на јавната администрација, здруженија, екологисти и други заинтересирани граѓани  се вклучија  во акцијата „Македонија без отпад“ која се реализираше на подрачјето на општина Неготино во соработка и координација со Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата се спроведе со цел за намалување на количините на несоодветно депониран отпад во одредени подрачја, а во Неготино  се расчистуваше подрачјето долж двете главни улици, градскиот пазар и плоштадот, општинската зграда, дворовите на училиштата, просторот околу СРЦ Младост, а екипи на ЈП Комуналец со механизација посебен акцент  ставија  на расчистување на дивата депонија на просторот кај фудбалското игралиште на влезот во Неготино.

Повеќе...
 
Прогласени „најчитателите“ во библиотеката „Страшо Пинџур“ PDF Печати

   12 „најчитатели“ од општина Неготино кои во текот на летниот период изнајмиле и прочитале најмногу книги од локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град, денеска на пригодна свеченост добија признанија и награди кои им ги доделија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорката на установата Катерина Данаилова. По четворица „најчитатели“ беа прогласени во категориите основци, средношколци и возрасни. Инаку, станува збор за настан кој е веќе традиционален и се одржува трета година по ред и со кој се постигнуваат очекуваните ефекти- зголемен број и интензитет на читатели во неготинската библиотека. Инаку, оваа година се одбележуваат 70 години од основањето на библиотеката „Страшо Пинџур“ од Неготино.

Повеќе...
 
Апостолов: Очекувам квалитетни предлози за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Печати

   „Во општина Неготино живеат и егзистираат поединци и установи кои на еден или друг начин имаат дадено или даваат сопствен придонес во нејзиниот развој и афирмација, па токму затоа очекувам во пресрет на општинскиот празник, а по објавениот јавен повик од страна на локалната самоуправа, на адреса на општината да пристигнат квалитетни и издржани предлози за потенцијални добитници на наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември, како и за признанието почесен граѓанин“-изјави градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Тој додаде дека сите заинтересирани правни и физички лица своите предлози во писмена форма и соодветно образложение можат да ги доставуваат во архивата на општина Неготино заклучно со 21 октомври до 16 часот, достасаните предлози ќе ги разгледува општинската комисија за награди и признанија, а одлуката за добитниците ја носат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите на добитниците ќе има бидат врачени на свечената седница по повод општинскиот празник 8-ми Ноември.

Повеќе...
 
Во сабота во општина Неготино ќе се спроведе акцијата „Македонија без отпад“ PDF Печати

   Ученици од двете основни и средното училиште, претставници на комуналното претпријатие, на јавната администрација, здруженија, екологисти и други заинтересирани граѓани во сабота на 3-ти овој месец ќе се вклучат во акцијата „Македонија без отпад“ која ќе се реализира на подрачјето на општина Неготино во соработка и координација со Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата се спроведува со цел за намалување на количините на несоодветно депониран отпад во одредени подрачја, а во Неготино ќе се расчистува подрачјето долж двете главни улици, градскиот пазар и плоштадот, општинската зграда, дворовите на училиштата, просторот околу СРЦ Младост, а екипи на ЈП Комуналец со механизација посебен акцент ќе стават на расчистување на дивата депонија на просторот кај фудбалското игралиште на влезот во Неготино. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино да се вклучат во саботната акција и да дадат сопствен придонес за подобрување на просторот и животната средина во која живеат и егзистираат.

 

Повеќе...
 
Изработен е проект за уредување на просторот околу спомен Костурницата во Неготино PDF Печати

   Општина Неготино  до Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа аплицираше со предлог проект за одобрување на средства за уредување на просторот околу спомен Костурницата во Неготино. Вкупниот буџет е проектиран на 967.600 денари, од кои од Министерството се очекуваат 758.783 денари, а општина Неготино ќе обезбеди 208.817 денари. Со предлог-проектот е предвидено уредување на спомен Костурницата во Неготино кое ќе се врши преку изработка и поставување на урбана опрема, куќичка со мост, рампа и лостови за играње на деца, парковски подвижни клупи, вртелешка, лулашки, елементи за опрема и игралишта за одбојка, кошарка и за играње на шах на отворено, а со проектот е предвидена изградба и на фонтана на овој простор. Станува збор за проект кој со заложби на  градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов е вметнат како дел од годишната листа на предлог-проекти на Вардарскиот плански регион за тековнава 2015 година.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Следно > Крај >>

Лист 221 од 314