Општина Неготино
Отворена „Винска архива“ за изложување и промовирање на неготинските вина PDF Печати

   „Винската архива“ е сместена во просториите на „Желковата куќа“ . Станува збор за дел од проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“ финансиран од ЕУ и администриран од Светска банка во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност чија цел е да се зголеми привлечноста на нашата општина како туристичка дестинација, да дојде до раст на економската активност, да се зголеми растот и развојот на туристичкиот сектор преку сет на активности во една комплетна туристичка понуда која би одговорила на предизвиците на туризмот. Преку набавка, уредување и опремување на подрумскиот дел, денеска во функција ја ставивме „Винската архива“-простор каде што сите винарии добиваат можност да ги изложуваат и промовираат своите производи, да се врши дегустација на вината, како и можност за самоодржливост на објектот и отворање нови работни места. Искрено се надевам дека ќе успееме во популаризацијата на „Винската архива“, нејзина посета од домашни и странски гости и афирмација на квалитетните неготински вина.

Повеќе...
 
Го извршивме обредното закројување на виновата лоза PDF Печати
    Православните христијани, денес 14-ти февруари, го слават празникот востановен во чест на Св.Трифун, кој се смета за чувар и заштитник на лозјето и виното. По тој повод, заедно со дел од советниците во Советот на општина Неготино и свештено лице од МПЦ„Св. Атанасиј“ од нашиот град го извршивме чинот на обредното закројување на виновата лоза. На сите лозаропроизводители им посакувам годинава да имаат богат и квалитетен род, а винариите да произведат квалитетни вина и ракии. Инаку, според обичаите, лозарите уште од раните утрински часови одат на лозјата во новата календарска година и ги закројуваат, надевајќи се дека така светецот ќе помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Попрскувањето на лозјата со светена вода и  поткаструвањето на гранчињата се прави со верување дека Свети Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме 
 
 
Повеќе...
 
Ставен во функција модерниот „Апи центар“ во с.Вешје PDF Печати
   „Апи центарот“ се наоѓа во реконструираната и адаптирана стара училишна зграда во Вешје, инфраструктурно и содржински надградена преку проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“ со опремување на 2 простории за едукација со мебел и опрема, административен дел и партерно уредени патеки на постојниот пчелен парк. Со цел модерниот „Апи центар“ да биде функционален, општина Неготино го додели на користење на пчеларското Здружение „Неготински мед“ со што овозможуваме заедничка поддршка и помош во правец на унапредување и развој на пчеларството и туризмот, како и винскиот и апи туризам во нашата општина. Очекувањата се преку иновативен пристап кој ќе води кон одржлив туризам, да се организираат едукативни семинари, поврзување со винскиот сектор, креирање туристичка понуда и тури, како и преку промотивни настани да биде раскажана приказната за Неготино и регионот која ќе биде доволно привлечна за пораст на бројот на туристите и задржување на посетителите на подолго време на оваа дестинација. 
 
Повеќе...
 
НЕДЕЛА НА ВИНОТО 2022 Натпревар во најдобро вино и ракии PDF Печати

НЕДЕЛА НА ВИНОТО 2022  Натпревар во најдобро вино и ракии

 Добитници

 Бели вина

Црвени вина

 Ракии

 
Седница на Совет на општина Неготино 15.02.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува шестатта редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.02.2022 година   (вторник) во  14.00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 5 редовна седница на Совет на општина Неготино
2.    Предлог - Акционен план за реализација на активности од енергетската ефикасност за 2022 година
3.    Предлог - Правилник за утврдување на критериумите за стимулација на инвестиции во општина Неготино
4.    Предлог -  Одлука за изменување и дополнување на на Одлука за утврдување на висината на стапките на даноците на имот во општина Неготино
5.    Предлог - Одлука за изменување и дополнување на на Одлука за висината на комуналните такси во општина Неготино
6.    Предлог – Одлука  за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка
7.    Предлог -  Oдлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и оддржување на јавно осветлување на иматели на електрични броила во населеното место Брусник
8.    Предлог -  Oдлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и оддржување на јавно осветлување на иматели на електрични броила во м.в. Малотемов Лак ,  КО Неготино
9.    Предлог – Одлука за утврдување на потребата од  донесување на урбанистичка планска документација за вклопување  на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
10.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
Рекорден број од 144 мостри од вина и ракии за дегустација PDF Печати

   Оваа година стручната комисија составена од професионални енолози  има „полни раце работа“ во делот на дегустацијата на вина и ракии во рамките на натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители од реколтата 2021 година. Имено, како што информираат организаторите, годинава во рамките на манифестацијата „Недела на виното-Св.Трифун 2022“ за дегустација се доставени досега рекордни 144 мостри на вина и ракии од кои 57 во категоријата црвени вина, 48 бели вина и 39 мостри во категоријата ракии. Сите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани, а за најдобрите општина Неготино има обезбедено пригодни награди кои на најуспешните производители како градоначалник ќе им ги врачам во понеделник на 14-ти февруари на самиот празник Свети Трифун кога е и централната прослава во Неготино. 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 23 од 314