Општина Неготино
Општина Неготино има одлична соработка со Управата за имотно-правни работи на РМ PDF Печати

   Во рамките на реализирањето на „Отворените денови со граѓаните“ денеска во работна посета на општина Неготино престојуваше директорот на Управата за имотно-правни работи на Република Македонија Зоран Крстаноски кој оствари средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која беше потенцирана одличната соработка што локалната самоуправа ја има со оваа институција, во најголем дел за прашања поврзани со експропријација на земјиште за реализирање на општински проекти, како и за други прашања на релација општина Неготино-Управа за имотно-правни работи. Отворениот ден во Неготино директорот Крстаноски заедно со стручни тимови го искористи да оствари  средби и со граѓани на општината на кои се разгледуваа предмети од имотно-правен карактер и на сите заинтерсирани им беше дадена стручна помош за нивно побрзо и поефикасно решавање. Првиот човек на Управата информираше дека во Одделението за имотно-правни работи во Неготино се примени 4.800 предмети за приватизација плус 1.700 предмети од скопската општина Карпош, од кои остануваат уште 2.900 предмети кои во најскоро време се очекува да добијат завршница.

Повеќе...
 
Во среда повторно заеднички да ја засадиме својата иднина PDF Печати

   Почитувани сограѓани ! До сите вас упатувам јавна покана од мое лично име и од име на општина Неготино во среда на 2-ри декември што е можно помасовно сите заеднички да се вклучиме и да дадеме сопствен придонес во успешното резлизирање на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ која ќе се реализира и во нашата општина преку засадување на околу 20.000 нови садници багрем, чемпрес и црн бор. Во соработка со надлежните институции обезбеден е организиран превоз со звтобуси и комби-возила до локацијата на која ќе се изведува акцијата, а тоа е просторот во близина на надвозникот кај село Пржедево. Организираното тргнување од Неготино ќе биде во термините од 09,00 и од 11,00 часот, додека во акцијата ќе бидат вклучени и учениците од од прво до шесто одделение кои ќе бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишните дворови. Како градоначалник на општина Неготино ги повикувам сите заинтересирани граѓани во среда да земат учество во „Денот на дрвото“ и со засадување на што е можно повеќе садници сите заедно да придонесеме за унапредување и создавање услови за зачувување на здравата животна средина.

Повеќе...
 
Наскоро започнува реконструкцијата на водоводот во Неготино PDF Печати

   По обезбедувањето на потребните финансиски средства во висина од 38.000.000 денари и комплетирањето и одобрувањето на документацијата за проектот, ги создадовме сите услови за старт на работите за реконструкција на водоводната мрежа на улици во Неготино во должина од 8 километри и изградба на нов резервоар со зафатнина од 500 м3 во Тимјаник за потребите на висока зона Неготино-вели градоначалникот Ванчо Апостолов. Од седиштето на Светската банка бевме информирани дека комплетната документација е во ред, а дадена е и согласност за изборот на најповолниот изведувач на работите што општина Неготино го изврши во соработка со Министерството за финансии. Работите за реконструкција на старата повеќе од 70 години и дотраена водоводна мрежа која беше основната причина за создавање на огромни загуби на вода во водоснабдителниот систем ќе ги изведуваат фирмите Алдинг-инжинеринг и Каро-трејдинг кои според потпишаниот договор со комплетната реконструкција на водоснабдителниот систем треба да завршат во рок од 9 месеци. Очекуваме, додава Апостолов, со реконструкцијата на водоводот и изградбата на новиот резервоар загубите на вода во системот да ги сведеме на минимум и да обезбедиме дополнителни количини вода за пиење, што пак очекуваме да резултира со целосно стабилизирање на водоснабдувањето во општина Неготино.

Повеќе...
 
Соопштение до јавноста PDF Печати

   Стручните служби при локалната самоуправа Неготино ги информираат граѓаните на општината  кои досега го немаат сторено тоа, во најкраток можен рок да ја подмират својата обврска за плаќање на данокот на имот заклучно со 2015-та година. Во соопштението до јавноста се истакнува дека во тек е подготовката на опомени до физичките лица кои немаат уплатено средства за данок на имот со напоменат дека истата треба да ја подмират во рок од 8 денови од приемот на опомената. Доколку и покрај навременото информирање и доставувањето на опомената физичките лица не ја подмират својата обврска, општина Неготино ќе биде принудена да постапи согласно позитивните законски прописи.

 
Премиерот Груевски во работна посета на општина Неготино PDF Печати

   Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик-министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски оствари работна посета на општина Неготино. Заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов и пратеничката во Републичкиот парламент Благородн Бојаџуева присуствуваа на започнувањето на градежните инфраструктурни работи за изградба на стопански капацитети во Индустриската зона Неготино. Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните истакна дека стратегијата и политиките на Владата за засилен економски развој, привлекување нови инвестиции, отворање на нови работни места и континуиран напредок на РМ продолжуваат со несмален интензитет во сите полиња. Градоначалникот Ванчо Апостолов информираше дека благодарение на одличната местополжба, проддадени се сите 17 парцели во оваа индустриска зона, додавајќи дека во тек е постапка за проширување на истата на нови 40 хектари. Инвеститорот Илија Гечев-сопственик на ИГМ-трејд се заблагодари на поддршка од Владата на РМ и истакна дека се очекува првите хали ќе бидат готови во период од 1 година, а во меѓувреме ќе биде ангажирана работна сила за изведување на овие активности. Веднаш потоа премиерот Груевски, градоначалникот Апостолов и инвеститорот Гечев го означија почетокот на градежните работи во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови. Посетата продолжи во извршување увид на работите на патниот правец Неготино-Криволак кој е во фаза на проширување по што ќе следи и негово асвалтирање во должина од 3 километри со средства од 20.000.000 денари со што ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Владината делегација и домаќините имаа средби со жителите на Криволак и Д.Дисан на кои се разговараше за актуелни теми, а беше посетена и фабриката Ролопласт во Неготино.

Повеќе...
 
Се одбележува „Неделата на стари лица“ PDF Печати

  Во рамките на одбележувањето на „Неделата на стари лица“ која се реализира во цела Македонија, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов престојуваше и оствари контакти со лицата во Домот за стари лица „Жана“ во нашиот град. Посетата беше искористена градоначалникот Апостолов и сопственичката на Домот Снежана Илова во функција да го предадат новоизградениот објект во овој дом за стари лица со чие функционирање ќе дојде до унапредување на условите за престој на стари лица, ќе се зголеми капацитетот на установата и ќе се создадат услови за нови вработувања. Апостолов и Илова ја истакнаа одличната соработка на реалација општина Неготино-Дом за стари лица „Жана“, а при остварените разговори со дел од лицата кои престојуваат во Домот Апостолов им посака да имаат длабока старост и да уживаат во комодитетот што го пружа оваа установа. Во чест на градоначалникот Апостолов и во знак на благодарност за неговата посета, од страна на корисниците на услугите и персоналот од Домот беше изведена пригодна програма.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следно > Крај >>

Лист 218 од 314