Општина Неготино
Замената на старата со нова водоводна мрежа се одвива според предвидената динамика PDF Печати

   По обезбедувањето на потребните финансиски средства за реализацијата на проектот „Реконструкција на водоснабдителниот систем во Неготино“ и потпишувањето на договорот со најповолната фирма-изведувач на работите, веќе извесен период на терен се одвиваат работите за замена на повеќе од 70 години старата и дотраена со нова водоводна мрежа со единствена цел за елиминирање на постоечките загуби на водата за пиење. Станува збор за проект вреден 38.000.000 денари – средатва со кои ќе се замени водоводната мрежа на  улици во Неготино во должина од 8 километри. Поволните временски услови на изведувачот му овозможија непречено извршување на работите на терен, па како резултат на тоа досега е поставена нова водоводна мрежа на 4 улици во Неготино и тоа на Ило Виларов во должина од 500 метри, на Енгелсова од 200 метри, на Душан Јуруков од 185 метри и на улицата Никола Петров во должина од 260 метри. Инаку, иако рокот за изведување на комплетните работи е 9 месеци, според сегашната динамика со која се одвиваат истите и доколку временските услови и понатаму му одат во прилог на изведувачот, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов очекува потсваувањето на новата водоводна мрежа да заврши и пред предвидениот рок за тоа.

Повеќе...
 
Се продава земјиште за винарии, фотоволтаични централи, домување и Г2 индустрија PDF Печати

    Градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на винарии, објекти за индивидуално домување, фотоволтаични централи и парцела за изградба на капацитет од Г2-лесна и незагадувачка индустрија објави на продажба локалната самоуправа Неготино-парцели кои се лоцирани на територијата на неготинска општина. Имено, во реонот на село Курија на продажба се понудени 4 градежни парцели со површина од 1.490 до 3.490 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат за изградба на винарии, 4 градежни парцели за изградба на објекти за индивидуално домување со површина од 374 до 509 метри квадратни и почетна цена од 373 денари за квадрат, како и 4 градежни парцели за комунална супраструктура-изградба на сончеви фотоволтаични централи со површина од 1.971 до 2.391 метар квадратен и почетна цена од 150 денари за квадрат. Исто така, општина Неготино бјави продажба и на една градежна парцела со површина од 1.698 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат во Индустриската зона Урбан блок 1 во Неготино со намена за изградба на капацитет од Г2 –лесна и незагадувачка индустрија. Сите заинтересирани правни и физички лица за јавното наддавање се информираат дека  пријавите за парцелите за индивидуално домување можат да се достават до 04-ти февруари, а за парцелите за винарии, фотоволтаични централи и капацитет од лесна и незагадувачка индустрија до 15-ти февруари. Јавното наддавање по електронски пат за парцелите за индивидуално домување  ќе започне на 08-ми февруари во 10 часот, додека за парцелите за винарии, фотоволтаични централи и капацитет од лесна и незагадувачка индустрија ќе се одржи на 18-ти февруари со почеток од 09, 10,00 и 11,00 часот.

Објава 1/2016

Повеќе...
 
Започната е постапка за проширување на Индустриската зона „Неготино“ PDF Печати

  Согласно Законот за земјоделско земјиште Владата на Република Македонија донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2 – лесна и незагадаувачка индустрија во катастарската општина Криволак во општина Неготино. Вкупната површина на земјоделското земјиште за кое е дадена согласност за негова трајна пренамена во градежно е со вкупна површина од 324464,48 метри квадратни и се наоѓа во непосредна близина на постоечката Индустриска зона „Неготино“. Се очекува по завршувањето на сите неопходни законски процедури и објавата за продажба на градежните парцели, интересот ќе биде голем и дека и овој пат сите понудени на продажба парцели ќе бидат купени од потенцијални инвеститори. Инаку, предходно благодарение на одличната местоположба и атрактивната локација беа продадени сите градежни парцели во Индустрискта зона „Неготино“ на површина од близу 30 хектари.

Повеќе...
 
Новата година дочекана на плоштадот во Неготино PDF Печати

   Во весела и празнична атмосфера голем број граѓани на општина Неготино Новата 2016-та година ја дочекаа на градскиот плоштад во Неготино каде што организираниот дочек го организираше локалната самоуправа, а за забавата се погрижија членовите на групата Антигона-бенд. Ниту студеното време и ниските температури кои се спуштија неколку степени под нулата не ги спречија нашите сограѓани да излезат на плоштадот и заеднички да ја испратат старата 2015 и да ја дочекаат новата 2016 година. Точно на полноќ кога стрелките на часовникот се поклопија и беше означено доаѓањето на Новата година следуваше спектакуларен огномет и традиционалното обраќање на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на присутните сограѓани им ја честиташе Новата година со желби за добро здравје, многу среќа и успех на личен и професионален план. Предходно, неколку часови пред полноќ, градоначалникот Апостолов ги посети вработените во установите кои се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните на општина Неготино и тоа Полициската станица, Противпожарната единица и Здравствениот дом во нашиот град посакувајќи им за најлудата ноќ во годината да имаат што е можно помалку работи, а посетата ја искористи на дежурните служби да им подели пригодни подароци.

Повеќе...
 
Среќни Новогодишни и Божикни празници PDF Печати

   Почитувани граѓани на општина Неготино !
Во пресрет на одбележувањето на новогодишните и божикните празници би сакал од мое лично име и од име на општина Неготино на сите вас од се срце да ви посакам се најдобро во новата 2016 година !
Ви посакувам да имате здравје и среќа, да ви се остварат малите и големите желби, да зрачите од ведрина и оптимизам, да имате убави мисли и да ви се остварат вашите соништа, да бидете опкружени со за вас драги личности и да имате мир, благосостојба и успех на личен и на професионален план !
Како прв човек на локалната самоуправа, а со цел за подобрување на условите за живеење на сите граѓани на општина Неготино, посакувам навреме да ја завршиме реконструкцијата на водоводната мрежа во градот и изградбата на два нови резрвоари за вода и конечно долгорочно да го надминеме проблемот со недостигот од вода за пиење, а нашите сограѓани веќе престојното лето да имаат 24 часовно континуирано водоснабдување !
Посакувам завршување на изградбата и реконструкцијата на неколку значајни патни правци на територијата на нашата општина, изградба на стопански капацитети во индустриската зона неготино и отворање нови работни места за неготинци, започнување на процесот на гасификација на општина Неготино и реализација на голем број започнати проекти и оние кои допрва треба да почнеме да ги реализираме !
Накратко, посакувам сите ние-граѓаните на општина Неготино да живееме во една просперитетна општина која ќе ги овозможи сите услови за напредок во повеќе сфери од нашето живеење !
На крајот, на сите граѓани на општина Неготино им ги честитам Новогодишните и Божикните празници и им посакувам се најдобро во новата 2016 година !

Повеќе...
 
Новогодишна забава во ДГ„Фемо Кулаков“ PDF Печати

    Традиционално, како и секоја, така и оваа година во Детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино која е со целосно исполнет капацитет и се бара место повеќе за престој на нови дечиња, се одржа традиционалната новогодишна забава  во чија изведба учествуваа дел од дечињата кои престојуваат во оваа воспитно-образовна установа, претставници на Советот на родители, воспитувачки и други претставници на градинката. Весело и разиграно беше во текот на времетраењето на целата претстава на задоволство на сите присутни кои имаа можност да ја проследат истата, а меѓу гостите беше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој за сите 390 дечиња обезбеди новогодишни пакетчиња кои Дедо Мраз ќе им ги подели на дечињата кои престојуваат во градинката. Директорката Весна Нацева на сите кои дадоа придонес во подготовката и реализацијата на претставата им упати јавна благодарност, а градоначалникот Апостолов истакна дека уживал во прекрасната претстава во изведба на нашите најмлади сограѓани.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следно > Крај >>

Лист 215 од 314