Општина Неготино
11 февруари е рокот за доставување мостри од вино и ракија за „Св.Трифун“ PDF Печати

   Локалната самопуправа Неготино ги известува сите заинтересирани производители на вино и ракија дека и годинава во рамките на манифестацијата „Недела на виното“ која се одржува во чест на празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ ќе се избираат најубави вина и ракии од индивидуални производители-настан кој традиционално се одржува секоја година, а наградите на најдобрите им се доделуваат на централната прослава на градскиот плоштад на 14 февруари во недела. Организаторите информираат дека секој производител потребно е да донесе по 2 мостри од иста сорта во просториите на општина Неготино на трети спрат кај лицето Ивица Златковиќ, а информации можат да се добијат и на телефонскиот број 072/320-833. Учеството на натпреварот за избор на најубави вина и ракии е бесплатно, а донесените мостри ќе ги оценува стручен тим од енолози од Здружението на енолози на РМ.

Повеќе...
 
Проект,,Поддршка и развој на Економијата на пчелни производи во прекуграничната област,, PDF Печати


 ВТОРА ПРОЕКТНА  КООРДИНАТИВНА СРЕДБА

Место: Неготино, Простории на општина Неготино

Дата: 02.02.2016 Февруари (16:45-19:30)

Дата: 03.02.2016 Февруари (09:45-14:00)


Во рамките на програмата “Грција-Поранешната Југословенска Република Македонија ИПА прекугранична соработка 2007-2013” и проектот со наслов “Поддршка и развој на eкономијата на пчелни производи во прекуграничната област” со акроним “БЕЕ-КОНОМИ”, втората проектна средба меѓу двата проектни партнера (општина Неготино и општина Алмопиа) ќе се одржи  на 02.02.2016 и 03.02.2016 Февруари во просториите на општината Неготино.

Финансискиот водечки партнер ( ФЛП1), општина Неготино, Ве поканува да присуствувате на средбата. Работен јазик ќе биде aнглискиот. Работните материјали ќе бидат на англиски и ќе биде обезбеден превод на јазикот на проектниот партнер( општина Неготино) и англиски.

 

Повеќе...
 
Ул„Енгелсова“ со комплетно нова водоводна мрежа PDF Печати

   Поволните временски услови и посветениот однос кон работните задачи од страна на изведувачот на работите придонесуваат активностите од проектот за комплетна реконструкција на улици во Неготино во должина од 8 километри да се одвиваат со извонредно темпо и однапред утврдената динамика. Работници на изведувачот моментално изведуваат градежни работи на 4 улици во Неготино и тоа Никола Петров, Душан Јуруков, Ило Виларов и 29 Ноември каде што по замената на водоводната линија се врши поставување на водоводни шахти, додека предходно комплетно беа завршени работите на улицата Енгелсова на која старата и дотраена водоводна мрежа е заменета со нова водоводна линија, а поставени се и водоводни шахти и приклучоци до домовите на граѓаните. Станува збор за улица на која беа детектирани најголеми загуби на водата која доаѓа од Лукар, па како што појаснуваат стручните служби, мошне скоро на располагање ќе имаат компетентни податоци за подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето на оваа улица, како и на останатите улици на кои се работи за подобрување на водоснабдувањето во Неготино.

Повеќе...
 
Празникот на лозарите „Св.Трифун“ ќе се одбележува од 12 до 14 февруари PDF Печати

   И  оваа година традиционалната стопанско-туристичка манифестација „Свети Трифун-Недела на виното 2016“ ќе се одржи во деновите 12, 13 и 14 февруари, со тоа што централниот настан ќе се одржи во недела на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 11 часот. И оваа година се плинира манифестацијата да изобилува со голем број на настани и содржини со кои локалната самоуправа се надева дека ќе се придонесе истата да биде посетена и проследена од бројни гости од општината и регионот, туристи и посетители кои ќе можат да уживаат во гостопримството на Неготино и неготинци. Со цел за утврдување на финалниот концепт на манифестацијата, во среда на 27 јануари со почеток од 12,00 часот во големата сала на општина Неготино ќе се одржи координативен состанок со сите заинтересирани кои сакаат да дадат сопствен придонес во организацијата на настанот. Инаку, општина Неготино веќе ги започна неопходните подготовки околу организацијата на овој настан кој е од голема важност за нашата општина и придонесува за поголема промоција на регионот и севкупниот локален развој.

 
Започна замената на водоводната мрежа на улиците Ленинова и 29 Ноември PDF Печати

  По завршувањето на градежните работи за замена на водоводната мрежа на 4 улици во Неготино и тоа Енгелсова во должина од 200 метри, Ило Виларов – 500, Душан Јуруков – 185 и Никола Петров во должина од 200 метри, работници на фирмата изведувач на работите продолжуваат со замената на повеќе од 70 години старата и дотраена водоводна мрежа која беше и основниот причинител за создавање на огромни загуби на водата за пиење во мрежата, која на одделни локации достигнуваше и до 70 проценти од количините кои доаѓаат од регионалниот водовод Лукар. Така, по замената на водоводот на споменатите 4 улици, од денеска се започнува со поставување на нова водоводна мрежа на уште 2 улици во Неготино и тоа Ленинова и 29 Ноември. Радува фактот што временските услови му одат во прилог на изведувачот на работите кои засега се одвиваат според однапред утврдената динамика, а градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов врз основа на досега сработеното е оптимист дека комплетните работи за замена на водоводната мрежа на улици во градот во должина од 8 километри ќе заврши и пред предвидениот рок за тоа од 9 месеци. 

Повеќе...
 
Општина Неготино обезбеди 260.000 евра за изградба на 638 метри од патот Г.Дисан-Вешје PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша договорот со Светската банка за обезбедување грант во висина од 260.000 евра склучен помеѓу Министерството за финансии на РМ и општина Неготино како корисник на средствата. Имено, станува збор за средства кои ќе бидат наменети за изградба на делница од патот Горни Дисан-Вешје во должина од 638 метри која е во најлоша состојба и не ги овозможува ниту минималните стандарди за нормални и безбедно одвивање на сообраќајот, а токму ваквата состојба на овој патен правец ја наметна и потребата од негова итна изградба и асфалтирање. Инаку, веќе извесен период на патот од Горни Дисан до Вешје се одвиваат градежни активности на делница во должина од 800 метри и истата е во фаза на изградба преку ИПАРД, односно Програмата за рурален развој. Една фаза од работите на овој патен правец во должина од 400 метри е предмет на реализација со проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција „Поддршка и развој на економија на пчелни семејства во прекугранична област“. На овој начин, преку трите фази на реализација ќе се добие една функционална целина и изградба и асфалтирање на патот Г.Дисан-Вешје, новоизградениот пат ќе овозможи подобро сообраќајно поврзување на населените места во овој дел на општината и подобрување на комуникацијата во регионот, а директни придобивки ќе имаат и голем број семејства од неготинска и соседните општини кои го користат патот за експлоатација на сопствените земјоделски површини.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следно > Крај >>

Лист 214 од 314