Општина Неготино
Во манастирот „Св. Ѓорѓи“ се одржа настанот „Ден на вранецот“ PDF Печати

    Во присуство на голем број гости од општинава, земјава и странство, а во склоп на активностите кои општина Неготино ги организира во рамките на „Неделата на виното“ по повод одбележувањето на верскиот празник „Свети Трифун“, денеска во манастирот „Свети Ѓорѓи“ се одржа традиционалниот настан  „Ден на вранецот -2016“. Посетителите од Неготино, регионот, од Охрид и делегациите од Унгарија и Бугарија имаа можност да дегустрираат од вранецот произведен од повеќе винарски визби кои се претставија на настанот и сите кои пробаа беа со едногласна оценка дека станува збор за првокласно и едно од најдобрите македонски вина. Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ја искористи оваа прилика на сите винарски визби кои со свои производи учествуваа на „Денот на вранецот“ да им врачи пригодни благодарници.

Повеќе...
 
За неполни 2,5 години општина Неготино има доделено 585 вредносни ваучери PDF Печати

  Од почетокот на примената на мерката која се реализира на предлог на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов од август 2013-та година, во изминатиот период од близу  2,5 години општина Неготино има доделено вкупно 585 вредносни вауза повеќе мерки. Ова меѓу другото го истакна градоначалникот Апостолов во пригодното обраќање пред родителите на кои денеска им беа доделени нови 83 ваучери, како и 2 ваучери за мажи на возраст над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. На 78 родители им беа врачени вредносни ваучери од 7.000 денари за прво или второ родено дете, 5 ваучери во вредност од 14.000 денари им се доделија на семејства кои имаат трето дете, а денеска за прв пат на иницијатива на градоначалникот Апостолов се доделија и 2 ваучери во вредност од по 30.000 денари на мажи на возраст над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Апостолов ги информираше присутните дека од започнувањето на спроведувањето на овие мерки наталитетот во општина  Неготино е зголемен за 19 отсто додавајќи дека додека е тој градоначалник мерката ќе продолжи континуирано да се реализира. Родителите кои ги добија ваучерите јавно се заблагодарија на овој гест на општината истакнувајќи дека за нив како семејства со новороденчиња секоја финансиска помош е добредојдена.

Повеќе...
 
Обезбедени средства за изградба на инфраструктура во ИЗ 8 во Неготино PDF Печати

   Владата на РМ обезбеди средства во висина од околу 180.000.000 денари за реализација на 28 проекти доставени од Центрите за развој на 8-те плански региони во нашата држава, а по објавениот повик за финансирање на проекти за развој на регионите од кои најголем дел се за инфраструктурни проекти. Во Вардарскиот плански регион ќе се финансира изградбата на инфраструктурата во Индустриските зони во Неготино и во Велес. Имено, за уредување на 2 зони во Неготино и Велес обезбедени се вкупно 300.000 евра, со тоа што дел од овие средства ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурата во Индустриската зона 8 во Неготино.

Повеќе...
 
За „Св. Трифун“ настап на музички имиња кои гарантираат добра забава PDF Печати

   Мишко Крстевски, Милена Јованоска, Антигона-бенд и Трио Грациозо се пеачите и музичарите кои оваа година ќе се погрижат за добро расположение на присутните на централната прослава што ќе се одржи в недела на 14-ти февруари на градскиот плоштад во Неготино во рамките на манифестацијата „Недела на виното“ која се организира по повод празникот на лозарите и винарите „Св. Трифун“. Покрај добрата забава која ја гарантираат имињата на самите учесници во забавната програма која ќе започне од 12,30 часот, предходно посетителите во времето од 11,00 до 12,00 часот ќе имаат можност да го проследат настапот со песни и игри на двете културно-уметнички друштва од градот „Ацо Ѓорчев“ и „Јане Сандански“, како и на членови на уште две сродни друштва од земјава и странство кои ќе бидат гости на настанот, при што се очекува на дефилето и на бината на плоштадот учество да земат околу 160 играорци од 4 културно-уметнички друштва. Организаторот на настанот-општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани од неготинска општина, од Тиквешијата и пошироко од цела држава, да повелат во Неготино во недела на 14-ти февруари, да ја проследат централната свеченост и да уживаат во специјалитети од храна и вино-сето зачинето со музика за добро расположение.

Повеќе...
 
Програма по повод празникот „Св. Трифун – 2016“ PDF Печати

12.02.2016 (Петок)


12.00-14.00 Организирана дегустација, натпревар во вино и ракија на индивидуалните производители во општина Неготино

Mесто: Ресторан Чардак Неготино

 

18.00 Предавање за заштита на земјоделските растенија и производи - АПРЗ ПЕ Неготино во соработка со Хемомак Пестициди- Велес

Mесто: Голема сала на Собрание на Општината

 

13.02.2016 (Сабота)


10.00-12.00 Организирана дегустација, натпревар во бело и црно вино со учество на домашни и интернационални винарии

Mесто: Ресторан Чардак Неготино

 

12.00-14.00 Ден на вино Вранец

Место: Галерија на вино - Mанастир Св. Ѓорѓи

 

14.00 Винска тура со посета на локалитет и винарница со организиран  ручек

 

18.00 Предавање за заштита на виновата лоза - АПРЗ ПЕ Неготино во соработка со Хромос Пестициди- Скопје

Mесто: Голема сала на Собрание на Општина Неготино

 

19.00 Традиционална копаничарска изложба

Место: Музеј на град Неготино


14.02.2016 (Недела)


11.00 - 11.30 Прием на гостите во општина Неготино

 

11.00 - 12.00 Фолклорно дефиле и фолклорна програма

 

12.00 - 12.30 Ритуал на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии

 

12.30 - 17.00 Културно - уметничка програма со учество на естрадни уметници и групи и отварање на промотивни штандови со вино и неготинска пита

 

 

 
Продолжува соработката на заедничкиот проект меѓу Неготино и Алмопија PDF Печати

   Претставници на работните групи од двете партнер општини Неготино и Алмопија одржаа уште една, втора по ред, работна средба во рамките на реализацијата на заедничкиот проект насловен како „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“. Градоначалникот Ванчо Апостолов во воведното обраќање истакна дека причина за оваа средба е спроведувањето на заедничкиот проект во рамките на програмата „Македонија-Грција“ ИПА прекугранична соработка 2007-2013 година. Апостолов истакна дека станува збор за проект во вредност од 272.489 евра наменети за општина Неготино од кои 85 отсто се  обезбедени од Европската унија и 15 отсто од национално кофинансирање, додека општината партнер Алмопија на располагање има 268.145 евра. –„Би сакал да потенцирам, рече градоначалникот Апостолов, дека овој проект е насочен кон поврзување на двете општини во делот на економскиот развој на пчелните производи фокусирајќи се на поддршката на пчеларите од неготинска општина, а еден дел од средства ќе бидат наменети за изградба на 400 метри делница од новиот пат од Г.Дисан до Вешје чија изградба е во тек. Градоначалникот на општина Алмопија Димитрос Мпинос ја поздрави заедничката соработка и истакна дека дел од проектните активности се веќе реализирани, а оваа дводневна работна средба во Неготино ќе се искористи за спроведување и на нови проектни активности кои ќе придонесат за напредок на проектот.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следно > Крај >>

Лист 213 од 314