Општина Неготино
„Комуналец“ од 25.04 (понеделник) ја пушта технолошката вода PDF Печати
  Од ЈП „Комуналец“ информираат ставањето во функција на паралелниот систем за наводнување на дворните површини ќе се случи од понеделник (25.04) кога низ системот ќе биде пуштена технолошката вода која граѓаните ќе можат да ја користат за наводнување на дворните површини, миење на возилата и за други потреби. „Комуналци“ ги замолуваат граѓаните во пресрет на пуштањето на технолошката вода да си ги проверат дворните инсталации и доколку се во можност да ги доведат во исправна состојба,а доколку се соочат со одредени проблеми да се обрата во ЈП „Комуналец“ или на телефонскиот број 043/361-711.
 
Амбасадорот на Холандија во Неготино PDF Печати

  Ваутер Пломп-амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија оствари работна посета на општина Неготино која самиот ја опиша како една од најубавите општини во земјава. За време престојот, амбасадорот Пломп најпрво оствари работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која се говореше за актуелни прашања и можностите за остварување подобра соработка на релација општина Неготино-Кралство Холандија. Веднаш потоа, амбасадорот Пломп и неговиот домаќин градоначалникот Апостолов присуствуваа во Музејот на град Неготино и за отворена ја прогласија изложбата „Ана Франк-историја за денес“ која за сите заинтересирани граѓани ќе биде отворена до 25-ти овој месец.

Повеќе...
 
Честит празник 8-ми април – Ден на Ромите PDF Печати

   Од мое лично име како градоначалник и од име на општина Неготино на сите припадници на ромската заедница им го честитам денешниот празник 8-ми април-Светскиот ден на Ромите со искрени желби за успех на личен и професионален план и многу здравје и среќа во иднина. Со целосна почит кон припадниците на оваа заедница, им го честитам овој ден кој за нив претставува еден од најважните датуми во историјата на овој народ, а кој се прославува во чест на првиор Светски конгрес на Ромите одржан од 8 до 12 април 1971 година во Лондон на кој учествуваа претставници на Ромите од 14 земји во светот. Денот кога е отворен првиот конгрес 8-ми април решено е да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година се одбележува и во општина Неготино.

Повеќе...
 
Со повеќе активности ќе се одбележи Денот на ромите - 8 Април PDF Печати

   Локалната самоуправа Неготино во рамките на одбележување на Светскиот ден на ромите – 8ми април, а во соработка со претставници на ромската заедница од општината ќе организира неколку настани со кој ќе биде одбележан овој ден. Во рамките на програмските активности ќе биде организиран турнир во мал фудбал на кој учество ќе земат екипи од неколку општини, а исто така ќе биде организиран и концерт на ромска музика со настап на музичка група. Настаните ќе бидат комплетно финансирани и поддржани од Општина Неготино, а во организацијата на истите ќе бидат вклучени и претставници на ромската заедница во општина Неготино.

Повеќе...
 
Нови простории за Здружението на слепи лица PDF Печати
  Во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, денеска на пригодна свеченост градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на секретарот на општинското Здружение Даниела Рангелова и го предаде клучот од новите простории во кои во иднина ќе делува оваа организација. На овој начин, на над 60 членови на Здружението на слепи од Неготино им се создадени неопходните услови за нормално и редовно фунционирање и извршување на предвидените активности од нивната програма за работа. Апостолов потенцираше дека ова Здружение и неговите членови ја имале и ќе ја имаат подршката на градоначалникот и локалната самоуправа, а од Здружението на слепи упатија јавна благодарност до градоначалникот Апостолов пред се за обезбедувањето на новите простории, но и за континуираната поддршка што цели 3 години ја имаат од него.
Повеќе...
 
Заврши ракометниот турнир „Неготино-2016“ PDF Печати

   Женската екипа на „Виденбрук“ од Германија и машката екипа на „Вардар“ од Неготино се победници во своите категории во рамките на дводневниот  меѓународен турнир во ракомет кој во изминатите два дена се одржуваше во Неготино. Инаку, и во машка и во женска конкуренција настапија по 4 екипи и тоа во женска првата и втората екипа на Струма од Струмица, Вардар од Неготино и Виденбрук од Германија, додека во машка конкуренција играа тимовите на Астраион од Струмица, Виденбрук од Германија, Беса фамилија од Косово и Вардар од Неготино. По завршувањето на турнирот беа прогласени и најдобрите поединци во двете категории, а наградите им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Следно > Крај >>

Лист 209 од 314