Општина Неготино
Честитка од градоначалникот Апостолов по повод Рамазан Бајрам PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов до сите припадници на Исламската верска заедница кои живеат на територијата на неготинска општина упати честитки по повод празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на 30-дневниот рамазански пост. Во честитката Апостолов истакнува дека овој празник е радост за сите муслимански верници и претставува поттик за остварување добри односи со најблиските и пријателите, со желби и овој Рамазан Бајрам да придонесе за негување на духовните вредности и меѓусебно почитување и соработка. Градоначалникот Апостолов на сите верници од општина Неготино кои го празнуваат Рамазан Бајрам им посакува деновите на овој голем празник да ги поминат во добро здравје и во кругот на семејствата.


 

 

 

 

 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

  Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-219/2 од 16.06.2016 за утврдување на потреба од НАБАВКА( SUPPLY) - мебел и дигитална опрема за тренинг центар-училница , а во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за НАБАВКА на  ,,Мебел и дигитална опрема за тренинг центар-училиница за проектот,,BEE CONOMY” со детална спецификација во тендерскaта документација.
Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 01.07.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 11.07.2016 понеделник  до 12.00 часот.Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Повеќе...
 
Ќе се асфалтира улица во Криволак во должина од 300 метри PDF Печати

   Покрај проширувањето од 3,2 на 5,5 метри и асфалтирањето на 3 километри од патниот правец Неготино-Криволак, градежни работи чие одвивање е во тек и се очекува да заврши за десеттина денови со комплетно асфалтирање на овој доста фреквентен пат, со претставници на фирмата изведувач Ве-група од Радовиш договорено е да се изврши асфалтирање на една од најоштетените улици во Криволак. Станува збор за улица во должина од 300 метри чии жители со огромна радост ја дочекаа веста која им ја соопшти градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, бидејќи како што рекоа и во лето и во зима имаат огромни проблеми при движењето по оваа улица. Асфалтирањето на улицата ќе започне по завршувањето на патот Неготино-Криволак, а предходно  работници на ЈП Комуналец ќе извршат санација на потегот кај каналската мрежа за потребите на блиските земјоделски површини-вода која се излева и им прави проблеми на жителите од оваа улица.

Повеќе...
 
Потисниот цевковод завршен, финишира изградбата на резервоарот за вода во Пепелиште PDF Печати

   Работници на фирмата изведувач Жикол од Струмица секојдневно се работно ангажирани на терен и ги изведуваат завршните работи од изградбата на нов резервоар за вода за потребите на жителите и правните субјекти од Пепелиште и поставување на потисен цевковод. Како што бевме информирани, работите за поставување на  потисниот цевковод се веќе завршени, а за кратко време ќе финишира и изградбата на резервоарот кој е со зафатнина од 250 м3 вода. Ако се има предвид сведочењето на жителот на селото Раде Ангелков дека досега им биле потребни од 40 до 50 метри кубни вода, повеќе од јасно е дека новите 250 м3 што ќе им бидат ставени на располагање ќе бидат доволни за задоволувањето на сите потреби од квалитетна вода за пиење за целото село, а доколку одредени количини остануваат, истите ќе бидат пренасочувани за задоволување на потребите на граѓаните од Неготино. Потребните финансиски средства за реализација на овој проект се обезбедени од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски во Владата на РМ.

Повеќе...
 
Се проширува и асфалтира патот Неготино-Криволак PDF Печати

   Од денеска започнаа работите за проширување и асфалтирање на патниот правец од Неготино до Криволак во должина од 3 километри. Увид на работите на лице место изврши градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го искажа задоволството од одвивањето на работите според утврдената динамика, при што најпрво се врши проширување и асфалтирање на дел од патот со цел наместо постоечките 3,2 метри истиот да биде со ширина од 5,5 метри и овој дел од работите се извршува со поставување на слој од 8 см асфалт, додека на постоечкиот патен правец на кој беше спроведено гребење на стариот, ќе се постави нов слој асфалт од 5 см. Исто така, изградени се потпорни зидови, поставен е дренажен систем, а ќе се постави и еластична ограда покрај патот во должина од 1.260 метри. Според одговорните од фирмата изведувач, се очекува овој проект за асфалтирање на патот Неготино-Криволак да биде завршен во наредните 10-тина денови, со што општина Неготино ќе добие модерен и современ пат кој ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Повеќе...
 
Прием кај градоначалникот Апостолов за светскиот вицепрвак Тоше Зафиров PDF Печати

   „Секогаш сум исполнет со гордост кога спортисти или спортски клубови од општина Неготино постигнуваат одлични резултати на домашни и меѓународни натпреварувања, бидејќи освен нивната афирмација на личен план придонесуваат и за афирмација на Неготино и на Република Македонија. Еден од таквите спортисти кои конинуирано остваруваат значајни постигнувања надвор од границите на нашата држава секако е и нашиот сограѓанин Тоше Зафиров кој на Светското првенство во боди билдинг одржано во Копер-Словенија го освои одличното второ место во мошне силна конкуренција на 16 учесници во тешка категорија и со тоа уште еднаш не направи горди што токму од Неготино излезе спортист кој има врвни остварувања“-истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на приемот за двојниот светски вицепрвак во бодибилдинг Зафиров во неговиот работен кабинет. Како што истакна Зафиров, на ова Светско првенство конкуренцијата била мошне силна со учество на 300 натпреварувачи од 44 држави, а тој во својата категоријата го освоил второто место со што го повторил успехот од Светското првенство во Рим 2012 година кога исто така ја освои вицешампионската титула. Градоначалникот Апостолов додаде дека како и досега, така и во иднина, спортистите и спортските клубови од општина Неготино ја имале и ќе ја имаат неговата и поддршката на локалната самоуправа.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Следно > Крај >>

Лист 204 од 314