Општина Неготино
Инфраструктурно се уредува УЗ 8 во Неготино PDF Печати

   Со средства добиени со посредство на Вардарскиот плански регион, а преку Бирото за регионален развој и Министерствата за локална самоуправа и за транспорт и врски, веќе извесен период на терен се одвиваат градежни работи за инфраструктурно уредување на Урбаната заедница 8 во Неготино. Станува збор за потегот од десната страна на излезот од Неготино кон Кавадарци каде што се лоцирани и функционираат повеќе стопански субјекти кои имаат потреба од уредување на овој простор со цел за полесно одвивање на нивните работни активности. Станува збор за проект со кој се уредуваат 3 улици во УЗ 8 од кои 2 ќе бидат пробиени и тампонирани, а една пробиена, тампонирана и комплетно асфалтирана. Исто така, ќе се постави и водоводна, атмосферска и фекална мрежа на целиот простор од оваа индустриска зона. Се очекува работите да завршат во рок од 4 месеци.

Повеќе...
 
Објавен оглас за поднесување кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Печати

  Од 4-ти октомври започна да тече и до 21 октовмри оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Како што информираат од локалната самоуправа признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози е петок 21 октомври. Процедурата вели дека пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8-ми Ноември Денот на ослободувањето на нашиот град.

 
Се уредува просторот околу Спомен-костурницата PDF Печати
   Со средства во висина од околу 4.000.000 денари започнаа градежните активности за реализација на проектот за комплетно уредување на, со децении наназад, целосно запуштениот простор околу културно-историскиот споменик Спомен костурницата во Неготино. Средствата се обезбедени од општина Неготино, Центарот за регионален развој на Вардарскиот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Согласно изготвениот проект по кој се изведуваат работите на терен, на овој простор ќе бидат уредени јавните површини околу Спомен-костурницата преку набавка и поставување на урбана опрема, уредување на скалите и изградба на пешачки патеки, изградба на фонтана, игралиште за кошарка, за одбојка на песок и шах на отворено, поставување реквизити за најмладите и други придружни елементи. Како што вели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со завршувањето на целиот проект граѓаните на Неготино ќе добијат уште едно пријатно катче каде слободно време во спортување, одмор и релаксација ќе можат да го минуваат сите заинтересирани граѓани.
Повеќе...
 
Се градат две тениски игралишта во населбата Саат-кула PDF Печати

   Веднаш до постоечкото  и новоизградено мултифункционално игралиште и комплетно реконстриураниот забавен парк во населбата Саат-кула, деновиве интензивно течат градежните работи за изградба на две тениски игралишта со тврда подлога-проекто кој општина Неготино го реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт на РМ. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов информираше дека ќе се градат две тениски игралишта со димензии 37 на 37 метри квадратни, истите ќе бидат со тврда подлога, просторот околу нив ќе биде ограден, а ќе биде поставено и осветлување за терените да можат да се користат и во вечерните часови. Со завршувањето на проектот, додаде Апостолов, спортистите, рекреативците и другите заинтересирани граѓани покрај земјените тениски терени во склоп на СРЦ Младост ќе имаат на располагање и терените со тврда подлога и самите ќе можат да избираат каде ќе играат тенис. Со изградбата на двојниот тениски терен, се заокружува проектот за изградба на спортско-рекреативен простор во населбата Саат-кула кој до пред извесен период беше комплетно запуштен и оставен на „забот на времето“, а сега претставува пријатно катче за одмор и релаксација на повеќе генерации неготинци.

Повеќе...
 
Утре ќе се доделат сертификатите за учесниците на обуките за пчелари PDF Печати

   На 05.10.2016( среда) во периодот од  16.00-18.30 часот во општина Неготино ќе биде организирано доделувањето на сертификати за учесниците во обуките за пчелари почетници и напредни пчелари во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област-BEE CONOMY,,За време  на  настанот во фоајето  на општина Неготино ќе бидат изложени неколку добавувачи на пчеларска опрема кои преку дирекна демонстрација на дел од пчеларската опрема ќе им  помогнат на идните  пчеларите и ќе остварат понатамошни контакти.Во продолжение на настанот на барање на пчеларите од страна на експертите ќе биде извршена презентација за медоносни растенија и на крај ќе бидат доделени сертификатите за сите учесници во обуките со кратка ретроспектива за текот на обуките.Истовремено се планира на сите учесниците да им бидат поделени и едукативни материајли кои беа користени за време на обуките.

Повеќе...
 
Во Неготино по 5-ти пат се спроведе акцијата „Македонија без отпад“ PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата Ајде Македонија денеска во Неготино по 5-ти пат се реализираше акцијата „Македонија без отпад“ кој има за цел да придонесе преку расчистување на ѓубре и смет од повеќе локации да имаме почиста и поздрава животна средина и околина. Во денешната акција се вклучија ученици од двете основни и средното училиште од градот, здруженија на граѓани, претставници на јавната администрација, екипи на ЈП Комуналец и други заинтересирани граѓани  кои од смет го исчистија целиот простор во и околу Спортско рекреативниот центар „Младост“ кој претставува собиралиште на голем број спортисти, рекреативци и други граѓани кои овде во спортување, одмор и релаксација поминуваат дел од слободното време, додека од отпад беше исчистен и просторот околу СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Во акцијата се вклучи и во расчистување даде сопствен придонес и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека е горд на овие млади луѓе кои беа активни во акцијата за расчистување на отпадот, додавајќи дека нивниот пример треба да го следат сите граѓани, а со единствена цел да имаме почиста и поздрава животна средина. Во денешната акција со механизација и работна рака се вклучија и вработени во ЈП Комуналец кои беа ангажирани на расчистување и отстранување на дивата депонија во близина на спортскиот центар Младост.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 199 од 314