Општина Неготино
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

   Во врска со ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА објавена на нашата веб страна на 05.10.2016 година  за потребата за УСЛУГИ  за  Развој на  прекугранична он-лајн дата база на процедури,производители и производи,Развој на прекугранична е-комерцијална платформа за пчелни производи и подготовка на Водич за пчелни производи- Повик за инвеститори,, во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,,  со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 и  АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот број IPA2010/DN23657/CN358809  од 06.07.2016, за која беше утврден рок на достaвување на понуди до 25.10.2016 вторник  до 12.00 часот, ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   дека општина Неготино го продолжува рокот за доставување на понуди до 07.11.2016( понеделник) до 12.00 часот. Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.
Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 05.10.2016 година.Во истата извршени се промени и  прилагодени се само датумите согласно продолжениот рок.Документите во кои има промена исто така се објавени заедно со ова известување.  Доколку сте заинтересирани тендерска документација може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Повеќе...
 
Се уредува просторот околу Спомен костурницата PDF Печати

    Општина Неготино во соработка со Вардарскиот плански регион, Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа реши да го уреди просторот околу Спомен костурницата  на површина од близу 4 хектари за што ќе бидат реализирани средства во висина од 4.000.000 денари. Како што информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов согласно изготвениот проект по кој се изведуваат работите на терен, ќе бидат уредени јавните површини околу Спомен костурницата со набавка и поставување на урбана опрема, изградба на амфитеатар, фонтана, трим патеки за рекреативци, игралишта за кошарка, одбојка на песок и шах на отворено, а ќе бидат поставени и реквизити за најмладите. Со завршувањето на работите и комплетирањето на проектот, граѓаните на Неготино на располагање ќе добијат уште едно пријатно катче каде што во спортување, рекреирање, одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.

Повеќе...
 
Интензивно се градат тениските терени PDF Печати

   Иако рокот за завршување на работите е 5 месеци, благодарение на посветената работа на работнициите на фирмата изведувач „Конструктор“ се очекува изградбата на новите тениски терени да заврши во втората  половина на месец ноември. За ова градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов беше информиран од одговорните стручни лица на фирмата-изведувач на работите која интезивно работи на терен при што веќе е поставен и асфалтниот слој на двојниот тениски терен во населбата Саат-кула. Веднаш потоа следува поставување и на акрилна подлога, поставување ограда и осветлување со цел терените да можат да се користат и во ноќните часови. Општина Неготино овој проект го реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт на РМ, а вредноста на работите изнесува 9.200.000 денари.

Повеќе...
 
Увид на работите на резервоарот во Тимјаник PDF Печати

   Во втората половина на месец ноември комплетно ќе завршат градежните работи околу изградбата на новиот резервоар за вода во Тимјаник кој е лоциран веднаш до постоечкиот, со тоа што водата од новиот резервоар ќе биде наменета за корисниците од Неготино кои живеат во високите зони. Инаку, станува збор за резрвоар со зафатнина од 500 метри кубни кој претставува целина од 2 независни водни комори од по 250 метри кубни, дистрибуцијата на водата ќе се овозможи преку одводен цевковод, а целиот комплекс околу резервоарот ќе биде ограден со столбови од челични профили. По ставањето во функција на новиот резрвоар, постоечкиот од 150 метри кубни вода ќе биде наменет само за жителите на Тимјаник, а водата од новиот за населението од Неготино од високите зони. Ова е уште еден од неколкуте проекти кои општина Неготино ги реализира за долгорочно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето.

Повеќе...
 
Заврши обуката за 50 пчелари. PDF Печати
   Во рамките на реализацијата на проектот „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област кој е финансисран преку ИПА-ЦБЦ програмата Македонија-Грција се одржа завршната едукативна сесија по што на 50 пчелари од кои 25 постојни и 25 нови пчелари од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на пригодна свеченост им беа доделени соодветни сертификати. Апостолов информираше дека покрај овој, со со обезбедените средства е предвидена реализација на проект за изградба на патна инфраструктура на патот Горни Дисан-Вешје во должина од 400 метри. Што се однесува до проектот за обука на пчеларите, обуките се спроведоа во 2 циклуси со времетраење од 70 часови и истите ги реализираа стручни лица од Факултетот за земјоделие и храна. По завршувањето на обуките, пчеларите почетници кои добија сертификати ќе добијат и опрема и ќе имаат обврска да се регистрираат како индивидуалци или претпријатие за производство на мед и други пчелни производи.
Повеќе...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-307 од 28.09.2016 за утврдување на потреба од УСЛУГИ  за  Развој на  прекугранична он-лајн дата база на процедури,производители и производи,Развој на прекугранична е-комерцијална платформа за пчелни производи и подготовка на Водич за пчелни производи- Повик за инвеститори,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 и  АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот број IPA2010/DN23657/CN358809  од 06.07.2016 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за УСЛУГИ  за  Развој на  прекугранична он-лајн дата база на процедури,производители и производи,Развој на прекугранична е-комерцијална платформа за пчелни производи и подготовка на Водич за пчелни производи- Повик за инвеститори,,за проектот,,BEE CONOMY”опишано во тендерскaта документација 05-307.

Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 05.10.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД. Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 25.10.2016 до 12.00 часот.Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 198 од 314