Општина Неготино
Објавен повик за изградба на делница од патот Г.Дисан-Вешје PDF Печати

   Со објавениот јавен повик општина Неготино ги повикува сите заинтересирани, подобни и квалификувани понудувачи да достават понуди за изведување градежни работи кои вклучуваат изградба на делница од локалниот пат Горни Дисан-Вешје. Имено, по асфалтирањето на првите 800 метри, општина Неготино продолжува со уредувањето на овој патен правец во фази, се до неговото комплетно асфалтирање. Понудите можат да се достават најдоцна до 15-ти декември оваа година до 12,00 часот и истите ќе бидат физички отворени во присуство на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат на отворањето на понудите, по што ќе се изврши избор на најповолниот понудувач и потенцијален изведувач на работите.

Повеќе...
 
Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП PDF Печати
Република Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП
ИПА инвестициски грантови

                                                              MSIP-IPA-NCB-058-16

1.     Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2.    Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на локален пат Горни Дисан – Вешје.

3.    Општина Меготино ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Изградба на локален пат Горни Дисан – Вешје.

4.    Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.   Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: Ул. „Ацо Аџи-Илов“ бр.2

Град: Неготино

Поштенски број: 1440

Држава: Република Македонија

Телефон: 043/361-045

Факс: 043/361-933

Електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

6. Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:Банка: Народна банка на Република Македонија

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 748014059263015

Приходно конто: 72593900


Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Неготино.

8.         Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 15.12.2016 Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 15.12.2016.
 

9.       Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 550.000,00 МКД.

10.     Адреса:Ул.„Ацо Аџи-Илов“ бр.2

          Град: Неготино  

          Поштенски број: 1440

          Архива
         Држава: Република Македонија
 
Неготино ќе биде домаќин на Републичкиот квиз натпревар за противпожарна заштита PDF Печати

   Благодарение на освоеното прво место од страна на учениците од пионерската екипа на ООУ„Страшо Пинџур“ на државнито квиз натпревар, оваа година токму Неготино ќе биде домаќин на Републичкиот квиз натпревар од областа на противпожарната заштита, а овој настан се предвидува да се одржи во втората половина на месец декември. Инаку, денеска во организација на општина Неготино, Територијалната противпожарна единица од градот и ООУ „Страшо Пинџур денеска во просториите на училиштето се одржа традиционалниот Општински квиз натпревар од областа на противпожарната заштита. На натпреварот во пионерска конкуренција учество зедоа 4 екипи составени од ученици од Основните училишта „Гоце Делчев“  и „Страшо Пинџур“ од Неготино, „Димката Ангелов-Габерот од Д.Капија и екипа од подрачното училиште во Долни Дисан. Во кадетска конкуренција пак се натпреваруваа 2 екипи составени од ученици од Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Сите екипи покажаа одлични резултати на тема противпожарната заштита, а градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на најдобрите им ги врачи признанијата и наградите.

Повеќе...
 
Одбележување на 8-ми Ноември 2016 г. PDF Печати

   Со тридневна програма и со спроведување на бројни настани и активности општина Неготино и оваа година на пригоден начин го прослави празникот на општината 8-ми Ноември. По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во својот кабинет приреди прием за претставниците на делегациите кои се присутни во нашиот град и заедно со граѓаните на Неготино го чествуваат празникот, а веднаш потоа на спомен-бистите на паднатите броци во НОБ делегациите положија свежо свеќе. Централниот настан во рамките на одбележувањето на празникот-свечената седница на Советот на општина Неготино која ја отвори претседателот Јордан Паунов се одржа во преполнетата сала на Центарот за култура во нашиот град, на која пак за реализираните активности во изминатиот едногодишен период помеѓу двата празника и проектите кои се во тек или се планирани да се спроведат пригодно обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Во рамките на свечената седница беа доделени признанијата и наградата по повод 8-ми Ноември, а седницата заврши со културно уметничка програма.

Повеќе...
 
Драган Доневски по вторпат победник на турнирот во табла “Неготино 2016” PDF Печати

   Синоќа (08.11.) заврши осмиот традиционален турнир во табла “Неготино 2016”, кој беше организиран во рамките на програмата за одбележување на Денот на градот – 8ми Ноември. На турнирот учество зедоа 64 учесници, кои од 6 до 8 ноември одиграа многу интересни мечеви, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до завршницата. Победник на турнирот е Драган Доневски единствениот таблаџија на кој по вторпат му појде од рака да го освои овој масовен турнир. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 7.000 денари, додека поразениот во финалето и вицешампион на турнирот Филип Давидовиќ доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Зоран Недев кој покрај диплома за трето место заработи и награда од 3.000 денари. Покрај наградите за најдобрите тројца учесници, беа доделени и благодарници за учество турнирот на најстарите двајца учесници.

 

Повеќе...
 
Во тек е реализација на повеќе проекти PDF Печати

   Она што им го ветивме на жителите на Пепелиште, го исполнивме. Новоизградениот резервор за вода со зафатнина од 250 метри кубни и потисниот цевковод во должина од 1.260 метри се веќе ставени во функција и водата од резервоарот пристигнува до домовите на месното население како во ниската, така и во високата зона. На овој начин успеавме да решиме еден децениски проблем на жителите на Пепелиште кој се однесуваше на недостигот од вода за пиење, а водата од новиот резервоар е достапна и до стопанските капацитети кои функционираат на ова подрачје.

Во текот на денот решивме уште еден горлив проблем за граѓани на Неготино кои живеат на улица која се спојува со улицата „Фемо Кулаков“. Имено, во текот на денот на задоволство на жителите кои повеќе од 30 години се соочуваа со проблеми при движењето, ја бетониравме улицата во должина од 110 метри на површина од 500 м2 и со поставување на 60 до 70 тони бетон. Станува збор за една од ретките неасфалтирани улици во градот, па сега газењето кал е минато за населението и тие пеш и со возила ќе можат да се движат по уредена и бетонирана улица.

Следејќи ја динамиката на изведување на работите, до крајот на овој месец очекуваме да заврши изградбата на двојниот тениски терен со тврда подлога кој се гради во населбата Саат-кула и со чија изградба ќе дојде до заокружување на проектот Неготино и неговите граѓани да добијат уште еден спортско-рекреативен центар. По извршеното  бетонирање на терените, поставена е ограда и столбови за осветлување за да можат терените да се користат и во ноќните часови, а во периодот пред нас се очекува финализирање на работите со поставување акрилна подлога и неопходните елементи за еден двоен тениски терен.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 196 од 314