Општина Неготино
Комплетно изградени новите тениски терени PDF Печати

   Со средства во висина од 9.200.000 денари Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и општина Неготино го реализираа проектот за изградба на двоен тениски терен во населбата Саат кула кој е лоциран веднаш до мултинаменското игралиште и забавно-рекреативниот парк, со што граѓаните на Неготино на располагање добија уште еден спортско-рекреативен комплекс. По асфалтирањето, на двете тениски игралишта се постави акрилна подлога, неопходните реквизити за нивно оформување, поставена е ограда и осветлување со цел терените да можат да се користат и во ноќните часови. Сите љубители на тенисот и другите заинтересирани спортисти и рекреативци терените ќе можат да ги користат бесплатно.

Повеќе...
 
Одржана завршна конференција за општина Алмопиа Грција PDF Печати

   На 5 декември во општина Алмопиа Грција се одржа завршна конференција за проектот BEE CONOMY за партнерот од Грчката страна – општина Алмопиа кои по 24 месеци ги презентираа севкупно постигнатите резултати. Истовремено на завршната конференција свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој исто така говореше за постигнатите резултати од проектот во општина Неготино и за она што треба да се заврши во следниот период со оглед на тоа што проектот за општина Неготино сеуште трае. Двајцата градоначалници заклучија дека проектот BEE CONOMY овозможи продлабочување на соработката, заедничките интереси на двете општини се рефлектира и преку следен аплициран проект од програмата IPA 2014-2020. Истиот во моментот е во фаза на евалуација за што веруваме на успех и понатамошна плодна соработка помеѓу овие две општини.

Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
   Утре, среда 30.11. и во општина Неготино ќе се спроведат низа активности во рамките на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Имено, согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25 ноември, а по повод спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда) е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Во соопштението од МТСП се наведува и дека на денот на акцијата градинките треба да работат со вообичаеното работно време. Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.

 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

 Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-352 од 23.11.2016 за утврдување на потреба од УСЛУГИ  за организирање на завршна конференција за проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област,,(,, Support and development the Bee-Product’s Economy in the cross-border area-BEE-CONOMY,,)со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 и  АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот број IPA2010/DN23657/CN358809  од 06.07.2016, од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за УСЛУГИ  за организирање на завршна конференција за проектот ,,BEE CONOMY”опишано во тендерскaта документација 05-352.

Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 28.11.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 07.12.2016 до 12.00 часот.Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати

  Од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино ги информираат граѓаните дека во текот на утрешниот ден (четврток 24 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето во времето од 10,00 до 20,00 часот. Одгоборните појаснуваат дека прекинот ќе биде поради изведување работи за приклучување на новоизградениот водовод во Тимјаник со зафатнина од 500 метри кубни на постоечкиот водоснабдителен систем, а чија вода ќе биде наменета за подобрување на водоснабдувањето на жителите кои живеат во висока зона во Неготино, со што пак ќе дојде до растеретување на водоснабдувањето и во ниската зона во градот. Од ЈП Комуналец апелираат до населението за разбирање, бидејќи сите проекти кои се реализирани и се реализираат се со единствена цел-обезбедување 24 часовно водоснабдување за граѓаните на Неготино.

 
Реализирана заедничка средба во општина Алмопиа-Грција во рамките на проектот ИПА:Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област,,БЕЕ КОНОМИ,, PDF Печати

   Во деновите 14 и 15.11.2016 година во општина Алмопиа( Аридеа)Грција беше реализирана по втор пат   работна  средба   (четврта во рамките на проектот) помеѓу проектните тимови  од општина Неготино и општина Алмопиа. На 14.11.2015( понеделник) средбата се одржа во просториите на општината Алмопиа. Се дискутираше и се дадоа  појаснувања околу содржините на  електронските платформи за двете општини и водичот за инвеститори кои се во фаза на подготовка .Потоа  следуваше размена на материјали кои се дел од комуникацискиот пакет на општината Алмопиа.На 15.11.2016 ( вторник)работната средба беше одржана во новоопремената просторија  за пчеларство во местото Ексаплатанос  во близина на Аридеа.Состанокот се одвиваше согласно планираната агенда за вториот ден . Во врска со напредокот на проектот за општина Алмопиа и за општина Неготино се даде преглед за секоја активност посебно.Беше разгледана   севкупно набавената опрема за пчеларство која и по завршување на проектот ќе може да биде користена за едукативни  , практични  и демонстративни цели од здружение на пчелари во општина Алмопиа кое е во фаза на формирање.Во преостанатиот дел од средбата се разговараше за одобреното  продолжување на проектот за општина Алмопиа до 26.12.2016 наместо 26.11.2016 .Исто така беше дискутиран и предлогот за продолжување на проектот за општина Неготино, со цел да може да биде завршена и една од главните активности на проектот , а тоа е изградбата на делот од патот Г.Дисан –Вешје во должина од околу 400м за што во моментот се работи на измени во техничката документација.

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 195 од 314