Општина Неготино
Дечиња со костими и маски продефилираа низ улиците на Неготино PDF Печати

   Општина Неготино и оваа година се вклучи во организацијата на традиционалната манифестација „Априлијада“ која се одржува по повод 1-ви април-Денот на шегата. Стотици дечиња од нашиот град обелечени во костими и маски изработени од самите дечиња, нивните родители или со помош на наставниците продефилираа низ улиците на Неготино, а по нивното пристигнување на бината на плоштадот, присутните граѓани имаа можност да проследат и културно-забавна програма.

Повеќе...
 
Тампониран дел од патот Војшанци-Пепелиште PDF Печати

   Врз основа на констатираните состојби на терен кои говореа за присуство на сериозни оштеувања, се пристапи кон тампонирање на дел од патниот правец од Војшанци до Пепелиште кој во моментов поради санација на оштетувањата на Војшанскиот мост се користи како алтернативен пат. Покрај тоа, на овој потег застапени се големи површини под земјоделски култури, што пак резултира со секојдневно присуство на земјоделци со возила и механизација, па токму затоа се изврши тампонирање со цел за отстранување на најголемите оштетувања на овој патен правец. По завршувањето на активностите на терен, санирани се најголемите оштетувања, што овозможува полесно и побезбедно движење по патот Војшанци-Пепелиште.

Повеќе...
 
Започна тампонирањето на улици во селата со гребен асфалт PDF Печати

   Врз основа на одличната соработка на релација градоначалник на општина Неготино, Министерство за транспорт и врски во Владата на РМ и Јавното претпријатие за стопанисување со државни патишта општина Неготино издејствува целиот гребен асфалт од реконструкцијата на автопатот од Неготино до Демир Капија да биде наменет за тампонирање на улиците во сите населени места во неготинска општина каде што има потреба од тоа. За волја на вистината, оваа активност започна минатото лето кога со гребен асфалт од реконструкцијата на патот Неготино- Криволак беа тампонирани неколку улички во Тимјаник, а со подорбувањето на временските услови и со започнувањето на градежната сезона продолжува во овој период и ќе се одвива според однапред утврдена динамика. Денеска градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов беше присутен на терен во селото Тремник каде што интензивно се одвиваат работи за тампонирање на улици со гребен асфалт во соработка и во координација со месната заедница и локалното население. По завршувањето на градежните работи во Тремник, активностите за тампонирање на улиците со гребен асфалт продолжуваат и во останатите населени места во општина Неготино.

Повеќе...
 
Втора фаза од градежните работи на патот од Г.Дисан до Вешје PDF Печати

   Во моментов на терен се изведуваат градежни активности во рамките од втората фаза од реконструкцијата на делницата од патниот правец Г.Дисан- Вешје, откако предходно беше спроведена првата фаза со асфалтирање на 800 метри од овој патен правец. Инаку, втората фаза  во која се рекенструираат и ќе се асфалтираат 400 метри од овој пат се реализира преку проектот за преку гранична соработка Неготино-Алмопија „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во преку гранична област“ со вредност на проектот од 130.000 евра. Досега е извршено геодетско одбележување на трасата, истата е расчистена, изведени се земјени работи и набавка и вградување на камен со изработка на подобрена постелка, набивање на под тлото и ископ на канавки. Во наредниот период следува тампонирање и асфалтирање на новите 400 метри од патот Горни Дисан-Вешје.

Повеќе...
 
Одбележан празникот на лозарите „Свети Трифун“ PDF Печати

   Со прием на делегациите во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, фолклорно дефиле по улиците на градот со учество на повеќе културно-уметнички друштва и закројување на виновата лоза во дворот на неготинската црква „Св. Атанасиј“ започнаа денешните активности за одбележување на празникот „Свети Трифун“-заштитникот на лозарите и овоштарите. Централната прослава се одвиваше на градскиот плоштад во присуство на илјадници граѓани кои дојдоа да го проследат настанот, гости од земјава и странство од збратимените градови Наџиката и Попово, неговата екселинција амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Иштван и други. Свештено лице од МПЦ„Св. Атанасиј“ изврши попрскување на импровизираната лоза со светена вода, за веднаш потоа градоначалникот Апостолов и заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски да го извршат симболичниот чин на закројување на лозата и да им посакаат на лозарите квалитетен род. Во продолжение беа доделени наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производители на вина и ракии, а присутните на плоштадот имаа можност да уживаат во богатата културно-забавна програма и да дегустираат од изложените вина и ракии на штандовите на винариите.

Повеќе...
 
Предавање за состојбата и перспективите на „вранецот“ PDF Печати

   Во рамките на многубројните настани кои се одржуваат за времетраењето на манифестацијата „Недела на виното“ со која општина Неготино го чествува заштитникот на лозарите Свети Трифун, во големата сала на локалната самоуправа се одржа предавање за „состојбите и перспективите на сортата „вранец“ во Република Македонија. Настанот беше проследен од голем број на лозари и стручни лица од областа на земјоделието, а предавањето го изврши професор д-р Виолета Димовска од Факултетот за земјоделски науки „Гоце Делчев“ од Штип.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 192 од 314