Општина Неготино
Од 4 мај започнува Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2017 PDF Печати

   Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по шести пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах “Неготино 2017”. Првенството ќе започне на 4 мај (четврток) во 17.00 часот и ќе се одржува во просторот над обложувалницата Марбет (на старата градска чаршија). Првенството кое ќе трае до 8 мај (недела) ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Право на учество на првенството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на Градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 4 мај (четврток) до 13.00 часот.

Повеќе...
 
ЖБОГАР: НЕГОТИНО Е ПРИМЕР ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА СО ЕУ. PDF Печати

   Неговата екселенција-амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Самуел Жбогар е исклучително задоволен од одличната соработка со општина Неготино и успешната реализација на проекти со средства од Унијата во неготинска општина и овој став тој му го пренесе и на својот домаќин-градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и во изјавата за медиумите за време денешната работна посета на нашиот град. Имено, евроамбасадорот Жбогар присуствуваше на завршната конференција на проектот „ Bee-economy“ –Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ кој општина Неготино го реализираше со средства од ИПА програмата на ЕУ во соработка со партнер-општината Алмопија, а настанот беше искористен за пригодни обраќања на евроамбасадорот Жбогар, градоначалникот Апостолов и заменик-градоначалникот на Алмопија Синсиридис во кои беа пренесени информации за спроведувањето на самиот проект и проектните резултати. На завршниот настан свои излагања имаа и стручни лица кои се осврнаа на можностите за развој на пчеларството во двете општини и производството на мед и пчелни производи. Инаку, работниот дел од посетата евроамбасадорот Жбогар го започна со работна средба со градоначалникот Апостолов на која беа разгледани можностите за аплицирање со нови проекти за користење средства од фондовите на ЕУ, а градоначалникот Апостолов ја искористи можноста да го запознае високиот гостин дека неодамна на општина Неготино од страна на ЕУ и беа одобрени средства од 1.000.000 евра за спроведување на проекти во општината за подобрување на севкупните услови за живеење. Исто така, Жбогар и Апостолов го посетија тренинг центарот од проектот проектот „ Bee-economy“ –Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ сместен во Желковата куќа, средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј, а евроамбасадорот имаше и работна средба со претставници од бизнис секторот од општина Неготино.

Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ 116 НОВИ ВАУЧЕРИ PDF Печати

   Општина Неготино ја продолжува во континуитет востановената пракса од август 2013-та година, кога впрочем и започна реализацијата на проектот, за доделување на ваучери во вредност од 7.000 денари за прво или второ родено дете, 14.000 денари за семејствата кои имаат трето или повеќе деца и 30.000 денари за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Денеска на пригодна свеченост во големата сала на општината беа доделени нови 116 ваучери од кои 114 за новороденчиња и 2 ваучери за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Со овие, како што информираат стручните служби при локалната самоуправа, во изминатиот 3,5 годишен период општина Неготино има доделено близу 700 вредносни ваучери, на задоволство на примателите на истите и на градоначалникот Апостолов како покренувач и реализатор на оваа иницијатива.

Повеќе...
 
Завршна конференција за проектот „BEE CONOMY - Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област“ PDF Печати
 
Ќе се реализираат повеќе проекти со средства од ИПА програмата на ЕУ PDF Печати

Преку аплицирање со повеќе проекти преку ИПА програмата на Европската унија, а во соработка со општините Алмопија и Пела,  општина Неготино успеа да обезбеди средства во висина од 1.000.000 евра  од кои 15 отсто се учество на локалната самоуправа и кои ќе бидат искористени за повеќе намени. Градоначалникот Апостолов информира дека согласно проектите, средствата ќе бидат наменети за повеќе цели и тоа:

- Изградба на главен колектор за отпадни води за приклучување на селото Тимјаник во системот за отпадни води на Неготино

- Изработка на комплетна техничка документација за изградба на пречистителна станица

- За потребите на ЈП Комуналец ќе се набави опрема за оддржување на канализационите системи, т.е. возило „канал џет“ за отпушување на јами и канализации

- За поефикасно работење на локалното комунално претпријатие ќе набавиме ултразвучни мерачи за проток на вода, односно геофони за детектирање на загубите на вода во водоснабдителниот систем на општина Неготино

- Ќе извршиме замена на целото улично осветлување во општина Неготино преку активности за енергетска ефикасност

- Ќе се заменат 1.410 постоечки живини и натриумови светилки со нови лед штедливи светилки, како и дислокација на мерни броила и автоматика во стандардизирани ормани надвор од трафостаницата на ЕВН-вкупно 42 броја

- Интервенции во општинската зграда за подобрување на енергетската ефикасност

- Интервенции во зградата на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ за подбрување на енергетската ефикасност преку инсталација на санитарна топла вода во спортската сала и лабораторијата по хемија, поставување на 5 панелни сончеви колектори, 3 цевоводи со автоматика, поставување на 5 бојлери-резервоари, замена на 95 прозорци во гимназијата со разни димензии и друго.

 
Велигденски хепенинг PDF Печати
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 191 од 314