Општина Неготино
Tурнир во улична кошарка “Street Ball 2017” PDF Печати

   Во рамките на програмата за спорт, Општина Неготино оваа година по 10-ти јубилеен пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2017”. Натпреварите на турнирот ќе бидат одиграни во три дена - 28, 29 и 30 август (понеделник, вторник и среда), а ќе започнат на 28 август (понеделник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино.

Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Истиот за отворен ќе го прогласи покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов

Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 075/553-800 и 072/320-842, најоцна до 28 август (до 17 часот). Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 35.000 денари.

 

Повеќе...
 
АПЕЛ PDF Печати
   Поради тропските горештини и долготрајниот сушен период кои ја зафатија општината се јавува енормно зголемување на водата за пиење која во одредени интервали изнесува и повеќе од 110л/с за ниска зона и повеќе од 20 л/с за висока зона додека
од регионалниот водовод „Лукар“ пристигнуваат околу 60-70 л/с. Во исто време потрошувачите на располагање го имаат и паралелниот систем за наводнување на дворните површини кој кон градот носи околу 100л/с.
Ј.П.„Комуналец“ апелира и ги замолува граѓаните на општината совесно и со чувство на одговорност да ја користат водата, посебно оние кои живеат во пониските делови од градот како би помогнале во ублажување/ надминување на состојбата.
Исто така апелираме и до жителите на населените места чии водоснабдителни системи се поврзани со бунари на рационална потрошувачка бидејќи и кај нив поради лошата хидролока состојба се јавува повлекување и помала издашност на подземните води.
                                                                                 Ј.П. „Комуналец“ - Неготино
 
КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА НОВИТЕ ПРОСТОРИИ НА ЛОВНОТО ДРУШТВО „ВАРДАР“ PDF Печати

   На пригодна свеченост во кругот на старата Гимназија во Неготино во присуство на заинтересирани граѓани беше поставен камен темелникот и започнаа работите на изградбата на новите простории во кои ќе бидат сместени членовите и останатите ловџии од Ловното друштво „Вардар“ од Неготино. Стартот на работите го означија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на ЛД„Вардар“ Димче Михов, како и други членови на неготинското ловно друштво. Вредноста на проектот е 2.000.000 денари, а се очекува новиот дом на неготинските ловџии да биде завршен во период од околу 2 месеци.

Повеќе...
 
РЕАЛИЗИРАН УШТЕ ЕДЕН ПРОЕКТ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   Со средства од Буџетот на општина Неготино во изминатиот период се одвиваше и заврши изградбата на новата фонтана во нашиот град која е лоцирана на Градскиот плоштад и која веќе неколку денови е ставена во функција на задоволство на граѓаните-посетители на централното градско подрачје кои во текот на целиот ден, а посебно во вечерните часови, застануваат и со интерес го следат работењето на новоизградената фонтана. Фонтаната е изградена според сите пропишани стандарди, за непречено нејзино функционирање вградени се сите неопходни елементи, а она што истата ја прави посебно атрактивната се поставените светлосни уреди. Би сакал да ја информирам пошироката јавност дека потрошувачката на вода за работењето на фонтаната е минимална и изнесува само 5 метри кубни во текот на еден цел месец, а како што тоа го правевме и во изминатиот четирогодишен период кога е во прашање реализирањето на проекти за подобрување на водоснабдувањето, со иста посветеност и динамика продолжуваме и во иднина, со единствена цел граѓаните на општина Неготино да ги почуствуваат благодетите во делот на водоснабдувањето од сите реализирани проекти.

Повеќе...
 
ТРЕТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА ПАТОТ Г.ДИСАН-ВЕШЈЕ, ФИНИШИРА ИЗГРАДБАТА НА ФОНТАНАТА PDF Печати

   Работници на фирмата „Изградба“ од Струмица, која понуди најповолни услови на јавното наддавање и која е актуелен изведувач на работите, се присутни на терен и реализираат земјени активности од третата фаза како подготовка за асфалтирање на нови 630 метри од патниот правец Горни Дисан-Вешје. Станува збор за проект вреден 260.000 евра со кои ќе се асфалтираат нови 630 метри со ширина на патот од 5,5 метри според пропишаните стандарди за изградба на регионален патен правец. Инаку, во првата фаза беа асфалтирани 800 метри, во втората со средства од проект за прекугранична соработка 430 метри, третата фаза е во должина од 640 метри, а како што информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов асфалтирањето на преостанатите 250 метри од овој патен правец се обврска на локалната самоуправа. Паралелно, финишираат и активностите околу ставањето во функција на новата фонтана која се гради на Градскиот плоштад која, според Апостолов, ќе биде гордост на неготинци и чие пробно работење се очекува да се случи во текот на наредните неколку денови.

Повеќе...
 
Швајцарската амбасада поддржи отворање на штанд за локални производи во Неготино PDF Печати

  Штандот за продажба на локални производи поставен во близина на автопатот Е-75, на влезот од Неготино. На настанот, кој се оддржа пред ресторан „Антигона“ на влезот од Неготино, учествуваа претставници од локалната акциска група, производители чии производи се продаваат на штандот, како и претставници од општините Неготино, Демир Капија и Кавадарци.  „На штандот ќе бидат застапени производи од локални производители кои сами не можат да се појават на пазарот, а штандот им нуди  можност Локалната акциска група „Тиквешка Винска Долина“ го  одбележа отворањето на на едно место да се претстават заеднички и да остварат дополнителни приходи “ – изјави Василка Косева, од Локалната акциска група „Тиквешка Винска Долина“. „Истовремено, штандот ќе ја зголеми и видливоста на Тиквешијата како регион во кој се произведуваат квалитетни, автентични производи со кои доследно ќе може да се претстави Македонија на странските туристи “ – додаде таа. Локалната акциска група Тиквешка Винска Долина е здружение составено од претставници од приватниот, невладиниот и јавниот сектор, кое веќе две години работи на поддржувањето на регионалниот развој на Тиквешкиот микро-регион. Поставувањето и работењето на штандот се спроведува како дел од пилот-активност на Тиквешка Винска Долина во склоп на Проектот за операционализација на ЛЕАДЕР пристапот во РМ.  Проектот е спроведен од страна Асоцијацијата за иновации во руалната економија (АИРЕ), финансирана од страна на Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија. Со поддршката од Амбасадата, АИРЕ поддржува девет локални акциони групи во Македонија со цел да ги изгради нивните капацитети за пристапување до финансиски средства од домашни и странски донатори

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 187 од 314