Општина Неготино
Новоизбраниот градоначалник Тони Делков го доби уверението од ОИК PDF Печати

   По одржувањето на локалните избори општина Неготино доби нов градоначалник, Тони Делков, кој ја доби довербата на мнозинството гласачи во наредните 4 години да ја води општината. Делков, кој беше кандидат на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ победата ја освои уште по првиот круг од гласањето со освоени 6.455 добиени гласови или 51,44 отсто од излезените 12.107 гласачи од вкупно запишаните 16.084 избирачи во единствениот избирачки список. На денешната пригодна свеченост која се одржа во големата сала на локалната самоуправа, претстедателката на Општинската изборна комисија на Тони Делков му го врачи уверението со што тој и официјално стана нов градоначалник на општина Неготино. Примопредавањето на функцијата најавено е да се случи во текот на утрешниот ден. Новиот градоначалник Делков ја искористи приликата да им се заблагодари на сите кои учествуваа во спроведувањето на изборниот процес, на граѓаните кои својот глас го дадоа за неговата кандидатура, како и на сите 12.107 гласачи кои го искористија правото на глас на неодамна одржаните избори. Градоначалникот Делков вети дека ќе работи во интерес на сите граѓани на општина Неготино преку реализирање на неговата Програмата за работа со која настапи пред граѓаните и со заеднички напори Неготино и населените места да станат што е можно попристојно место за живеење.

Повеќе...
 
Новите советници во Советот на општината добија уверенија од ОИК PDF Печати

   На неодамна одржаните локални избори на територијата на неготинска општина, листата со советници на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ освои најмногу гласови-6.349 и со тој резултат обезбеди 8 мандати во Советот на општина Неготино, додека советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освои 5.287 гласови со обезбедени 7 мандати во општинскиот Совет во кој делуваат вкупно 15 советници.
Еве ги и новите советници чии мандат трае 4 години. СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ во Советот на општината ќе бидат претставувани од носителот на листата Диме Витанов, Гордана Филипова, Вуле Младеновиќ, Дане Мајсторчев, Трајче Димков, Ивана Трајкова, Игор Ѓорчев и Борче Коцев. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ги застапуваат носителот на листата Петре Манчев, Љупчо Пасинечки, Гордана Јованова, Зоран Стојанов, Флорида Илиевска, Игор Јованов и Трајко Стафилов.
Се очекува во најскоро време да се одржи конститутивна седница на која ќе се избере претседател на Советот на општина Неготино и ќе бидат формирани соодветните комисии, по што советниците ќе започнат со одржување седници и носење одлука од нивниот делокруг на работа.

 

Повеќе...
 
Објавен оглас за поднесување кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Печати

   Од денеска 18-ти октомври започна да тече и до 31 октомври  оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Како што информираат од локалната самоуправа признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози е вторник 31 октомври. Процедурата налага пристигнатите предлози најпрво да ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците новоизбраниот градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во среда на 8-ми Ноември Денот на ослободувањето на нашиот град.

 

 
Заврши шестото издание на меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров” PDF Печати
   Во организација на боречкиот клуб “Неготино” и општина Неготино годинава во големата сала на СРЦ “Младост се одржа шестото по ред издание на меморијалниот турнир во борење слободен стил “Јован Димитров”. Во рамките на програмата во 10 часот беше положено свежо цвеќе на споменикот на трагично загинатиот наш сограѓанин Јован Димитров во војната на поранешните југословенски простори.
На турнирот учество зедоа преку 40 млади борачи во конкуренциите машки - пионери и кадети и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Вардар” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, и “7ми Мај-Леов” од Прилеп. 
Повеќе...
 
Одбележана „Европската недела на мобилност“ во Неготино PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје денеска во Неготино беше одбележана „Европската недела на мобилност“. Стотици ученици од основните и од средното училиште од нашиот град, Здруженија на граѓани, претставници на Совет на млади на општина Неготино и други преку возење на велосипеди и други алтернативни средства со можност за одбирање секојдневен транспорт се вклучија во одбележувањето на овој настан кој протече во најдобар ред. Учесниците во одбележувањето на „Европската недела на мобилноср“ стартуваа кај Музејот на град Неготино и движејќи се по однапред утврдена маршрута пристигнаа на градскиот плоштад каде што и заврши настанот.

Повеќе...
 
Одбележување на “Европска недела на мобилност“ во Неготино PDF Печати

Агенда:

 

Дата и време:

 

18.09.2017 година; 11.00 – 13.00 часот

 

 

Локација:               

 

Стартот на учестиците ќе биде на ул. Маршал Тито кај Музејот на град Неготино во 11:30 часот, на семафорите се врте десно а потоа лево се продолжува по ул.Партизанска. Кај споменкостурницата се врте лево по ул. Баба Ана Ташева и потоа лево се враќаат по ул Маршал Тито назад кон плоштадот каде е и предвидено да заврши маршутата.

Целна Група

Ученици од основните и средното училиште, граѓани, совет на млади, медиуми, јавна администрација, здруженија на граѓани

 

ОРГАНИЗАТОР

 

ОПШТИНА  НЕГОТИНО

 

 

Национален координатор

 

Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија

 

Партнери во активноста

 

Европската Делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје

Мото на акцијата

Споделувањето те движи напред

 

 

 

11,30 – 13,30

часот

 

Возење на велосипеди и други алтернативни средства  за можноста за одбирање начин за секојдневен транспорт (Учесници: ученици од основните и средното училиште, здружениеја на граѓани, совет на млади на општина Неготино)

 

 

Контакт:  Бранко Вељанов вработен во општина Неготино (моб.070/376-749)

               Митко Толовски вработен во општина Неготино (моб.076/212-094)

 

 

 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 185 од 314