Општина Неготино
Градоначалникот Делков ќе организира средби со претставници на урбаните заедници во општината PDF Печати
Градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков со неговиот тим,преставници од Советот на општина Неготино,престаници од ЈП Комуналец и од јавната администрација од општина Неготино ќе организира Средби со граѓаните од урбаните заедници од општина Неготино. Најнапред ќе се ораганизра средби по урбаните заедници од приградските населби и тоа започнувајќи од населените места од с.Тремник , с.Дуброво и с.Војшанци на ден 09.11.2017 година и тоа со почеток од 18 часот во просториите на месна заедница во с.Тремник,во 19,30 минути во с.Дуброво и за 20,30 цасот во с.Војшанци во просториите на месна заедница и на овие средби граѓаните  потребно е да понудат  повеќе предлози за буџетската 2018 година за подобрување на условите за живот во нивните урбани заедници.
На ден 10.11.2017 година ќе се организра средби со граѓаните од урбаните средини во с.Пепелиште во просториите на месна заедница со почеток во 18 часот, за потоа во 20 часот во с.Криволак во просториите на месна заедница од с.Криволак. На ден 11.11.2017 година ќе се органозира средби со граѓаните од урбаните населби  на с.Црвени Брегови во просториите на подрачното училиште во с.Црвени Брегови, за потоа во 20,00часот ќе се организира средби со граѓаните од с.Курија во просториите на подрачното училиште во с.Курија.
Средбите со граѓаните продолжуваат и на ден 12.11.2017 година со посета на населението од населба Тимјаник со почеток во 18 часот во просториите на подрачното училиште во насебата Тимјаник, за потоа во 20 часот ќе се организира средба со населението од село Долни Дисан и с.Вешје како урбани заедници.Градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков, со својот тим ќе ги продолжи Собирите со граѓаните од месните заедници од урбаните заедници 1;2 и 3 во големата сала на општина Неготино на ден 13.11.2017 година со почеток од  18 ,00часот, за потоа во 20,00 часот да се организира во истата просторија собир на граѓани на урбаните заедници од 4 ; 5 и 6. како урбани заедници во град Неготино.Според утврдената динамика, градоначалникот со својот тим ќе има средба со граѓаните  од урбани заедници 7 ; 8 и 9 во Неготино на ден 14.11.2017 година со почеток од 18 часот во големата сала на општинското собрание на Неготино каде се очекува граѓаните со свои предлози како приоритети да се вметнат во Годишната Програма за комуинални работи и сообраќај на подрачјето на општина Неготинио за 2018 година како и во другите програми од буџетската 2018 година се со цел подобрување на условите за живот во нивните урбани заедници.                                                           
 
Познати добитниците на признанијата и наградата „8-ми Ноември“ PDF Печати

   Советниците во Советот на општина Неготино на првата седница ги разгледаа и усвоија одлуките за доделувања на признанија и наградата „8-ми Ноември“ кои традиционално се врачуваат по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Неготино. Врз основа на пристигнатите предлози по предходно распишаниот оглас, ставот на комисијата за доделување на награди и признанија и одлуката донесена од страна на општинскиот Совет, годинашен добитник на наградата „8-ми ноември“ е Трговското друштво „Дуки Дасо Дооел“-Неготино. Според одлуката на Советот, признанија по повод празникот 8-ми Ноември ќе им бидат доделени на Илија Цветковски-филмски работник, Атанас Наумов-атлетичар маратонец, Ракометниот клуб „Вардар“ од Неготино, Ленче Лазова-крводарител и Ангела Глигорова-научен истражувач. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков признанијата и наградата на добитниците ќе им ги врачи во рамките на оджувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино која ќе се одржи во среда на 8-ми Ноември со почеток од 13,00 часот.

Повеќе...
 
Повардарие ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината PDF Печати
   Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Оваа одлука произлезе од денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, а во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков.  Средбата беше организирана од страна на МЗШВ, со цел итно да се најде решение за исплата на долговите што визбата ги има кон лозарите. На состанокот, раководство на ВВ „Поварадарие“ изрази уверување дека ќе бидат комплетно расчистени долговите кон лозарите за преземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година. Од винарската визба посочија дека имаат залихи за извоз во странство од чија што продажба  ќе се се реализира исплатата на долговите кон лозарите.  
Оваа состојба ја потврди Државниот инспекторат за земјоделство, кој изминатите денови изврши  контроли во В.В „Повардарие“ и утврди дека визбата има залихи на вино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера изјави дека има потпишано решенија со кои се одобрува продажбата на вино од залихите на винарската визба, но под услов со тие финансиски средства да бидат исплатени лозарите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ќе ја следи состојбата со текот на исплатата, и во тој контекст МЗШВ на секои 15 дена ќе прави контрола за количините на извезено вино, уплатата на финансиските средства за истото и исплатат кон лозарите.
Првично долгот на ВВ „Повардарие“ кон лозарите беше 3,5 милиони евра, а сега изнесува околу еден милион евра.  
 
Конституиран Советот на општина Неготино-Диме Витанов избран за претседател PDF Печати

   Во големата сала на локалната самоуправа денеска се одржа конститутивната седница на Советот на општина Неготино на која најпрво се изврши верификација на мандатите на новоизбраните членови на општинскиот Совет. По предлог на мнозинството советници, за нов претседател на Советот на општина Неготино со мандат од 4 години беше избран Диме Витанов кој по преземањето на функцијата нагласи дека очекува конструктивна соработка меѓу сите советници без разлика на нивната политичка провиниенција-се во интерес на доброто на граѓаните на општина Неготино. Новиот градоначалник на општина Неготино Тони Делков истакна дека очекува добра и плодна соработка со сите советници и реализација на проекти со кои ќе се подобри квалитетот на секојдневното живеење во неготинска општина. Советниците на првата седница расправаа и за други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

Повеќе...
 
Деветто издание на турнирот во табла “Неготино опен 2017” PDF Печати
     Во рамките на програмата за одбележување на празникот на градот 8ми Ноември и оваа година Општина Неготино ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2017”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември во просторот над обложувалницата “Марбет” во старата градска чаршија. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на овој настан изнесува 15.000 денари, односно 8.000 денари за освоено прво место, 5.000 денари за второ и 2.000 денари за освоено трето место. Пријавувањето ќа се врши на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , моб.телефон 072/320-842 или директно во кафе-бар ЈОКО и берберница КОКО. Бројот на учесници на турнирот е ограничен на 64, а учеството на истиот е бесплатно. Отварањето на турнирот и одигрувањето на првото коло од истиот се закажани за 6 ноември во 17.00 часот.
Повеќе...
 
Тони Делков ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино PDF Печати

   Со чинот на примопредавањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Ванчо Апостолов на новоизбраниот градоначалник Тони Делков, од денеска Делков и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино која ќе ја врши во наредниот 4-годишен мандат. По краткиот разговор, досегашниот градоначалник Апостолов на актуелниот Делков му го честиташе изборот за прв човек на општина Неготино посакувајќи му успех во работењето во наредниот период и реализација на проекти од интерес на граѓаните, а се заблагодари и на соработката со администрацијата, Советот и граѓаните во изминатите 4 години. Новиот градоначалник Делков во изјавата истакна  дека му е чест што ја презема градоначалничката функција која за него значи обврска, а не привилегија, додадавајќи дека ќе вложи максимални напори како градоначалник да се реализираат проектите од програмата со која настапи на изборите, Неготино да се движи напред и да се врати стариот сјај на нашиот град. Градоначалникот Делков потенцираше дека секое дадено ветување пред граѓаните на општина Неготино ќе биде реализирано во наредниот 4 годишен период за времетраењето на неговиот мандат.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 184 од 314