Општина Неготино
Неготино го чествува Денот на ослободувањето PDF Печати

   Со положување на свежо цвеќе на спомен бистите и спомениците на паднатите борци и хеорите од Народноослободителната борба и на борците кои ги изгубија животите во воените конфликти на просторите на поранешна Југославија и во Република Македонија, започнаа денешните активности со кои се одбечежува 8-ми ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Повеќе делегации и делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков посетија повеќе локации на територијата на нашата општина каде што се лоцирани спомениците и во знак на почит и сеќавање на нивната жртва, положија букети свежо цвеќе. Исто така, букети свежо цвеќе беа положени и пред спомен бистите на загинатите борци во НОБ во паркот до зградата на општина Неготино. Како дел од денешното чествување на празникот, градоналникот Делков организираше прием за делегации кои присуствуваа на одбележувањето на празникот 8-ми Ноември.

Повеќе...
 
Изложба на слики од ликовни уметници од општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на општина Неготино 8-ми Ноември во изложбениот салон на Музејот на град Неготино се одржа традиционалната изложба на слики создадени од ликовни уметници од неготинска општина. Во присуство на голем број љубители на ликовната уметност, изложбата за отворена ја прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој упати благодарност до сите уметници кои со свои дела ја збогатија оваа изложба и уште еднаш покажаа и докажаа дека Неготино има ликовни уметници и нивни дела со кои може да се гордее и изрази надеж дека нивниот број од година во година се повеќе ќе се зголемува, а посетителите ќе имаат можност да ги разгледуваат и уживаат во нивните слики. Организаторот на сите учесници на изложбата во знак на благодарност за нивното учество им додели пригодни подароци.

Повеќе...
 
Спроведена еколошка акција „Неготино без отпад“ PDF Печати

   Во пресрет на одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот во Неготино се спроведе еколошка акција „Неготино без отпад“ чија цел беше да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во нашата околина, а паралелно да се влијае на подигнувањето на свеста на населението за правилно управување со отпадот, како и развивање механизми за подобро справување со неорганизираното и незаконско исфрлување на отпадот во заедницата. Во акцијата активно учество зедоа ученици од еко тимот на средното училиште од Неготино, а поддршка добија и од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков.

Повеќе...
 
Признанија и медали за најбрзите на уличните трки низ Неготино PDF Печати

    Стотици млади зедоа активно учество на традиционалните улични трки во Неготино-настан кој е дел од програма за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Под менторство на своите наставници и професори, годинава масовноста на трките со своето учество ја збогатија најмладите од детската градинка „Фемо Кулаков, ученици од двете основни училишта од градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, како и ученици од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Присутните на градскиот плоштад каде што беше и целта имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки, во кои победникот се решаваше во последните метри. По завршувањето на трките, следеше чинот на прогласувањето на најуспешните во своите категории, а признанијата и медалите им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој водејќи се од максимата „во здраво теко-здрав дух“, на сите учесници им сугерираше што е можно поголем дел од слободното време да го користат за спроведување на спортско-рекреативни активности.

Повеќе...
 
Во Неготино се одржа турнир во „гол-бал“ PDF Печати

   Традиционално, како и секоја, така и оваа година во рамките на спроведувањето на Програмата за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември, во спортската сала на ООУ„Страшо Пинџур“ во нашиот град се одржа турнирот во гол-бал на кој учествуваат лица со оштетен вид. Настанот е во организација на општина Неготино и Здружението на слепи лица од Неготино, а учество на турнирот зедоа 3 екипи и тоа од градот домаќин, Струмица и Кавадарци. Станува збор за специфична и мошне напорна игра во која сите учесници го даваат максимумот за да постигнат подобри резултати. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, учесниците  другаруваа заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој на науспешните екипи им додели признанија, им се заблагодари за придонесот во прославата на празникот и им посака учество и на други вакви и слични турнири и остварување на резултати со кои самите учесници ќе се гордеат.

Повеќе...
 
Празнична програма 8 Ноември 2017 PDF Печати

 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 183 од 314