Општина Неготино
Поради дефект, жителите од висока зона Неготино ќе немаат вода за пиење PDF Print
There are no translations available.

Одговорните во Јавното претпријатие Комуналец ги информираат граѓаните кои живеат во ,,висока зона" во Неготино, дека поради настанат дефект ќе немаат вода за пиење до 17,00 часот. Од Комуналец додаваат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, по чие санирање водата ќе дојде до домовите на населението од населбата Саат-кула.
 
Амбасадорката на Јапонија во работна посета на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Република Македонија Кеико Ханеда престојуваше во работна посета на општина Неготино остварувајќи притоа средба со градоначалникот Тони Делков, а ја посети и изложбата во Музејот на град Неготино. На средбата со градоначалникот Делков, високата гостинка-амбасадорката Ханеда беше информирана за личната карта на општина Неготино, проектите кои локалната самоуправа ги спроведува во моментов, како и оние кои допрва ќе се реализираат, со единствена цел градот и населените места да станат подобро место за живеење на сите жители. Престојот во Неготино, амбасадорката на Јапонија го искористи да присуствува на отворањето на изложбата на јапонска графика од уметници од 17-иот век. Како што истакна градоначалникот Делков преку оваа изложба и изложените дела ја запознаваме земјата на изгрејсонцето Јапонија, далечна земја - како географски, временски и етнички и со различна култура, но ете тоа не е пречка да се оствари соработка на двострано задоволство. Градоначалникот изрази надеж дека соработката со првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Македонија Кеико Ханеда ќе продолжи и понатаму на секое поле.

Read more...
 
Министерот Алаѓозовски и градоначалникот Делков во Д.Дисан го посетија уникатното палеонтолошко откритие PDF Print
There are no translations available.

   Фосилните остатоци од скелет на слон кој по својата старост живеел пред 8 милиони години и досега непознат за науката откриен во близина на селото Долни Дисан, ја ставија Република Македонија и општина Неготино на светската археолошка карта. Уникатното палеонтолошко откритие во неготинска општина денеска го посетија министерот за култура во Владата на РМ Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, пратеникот од нашата општина во Собранието на РМ Ристе Ташев и стручни лица кои на лице место имаа можност да се запознаат и да ги погледнат фосилните остатоци од изумрен вид на слон. Она што ова археолошко откритие го прави посебно е фактот што, според зборовите на стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење, бидејќи фосилни остатоци од овој вид слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и Евроазија, но комплетен скелет како овој во Долни Дисан досега не и е познат на научната јавност. Алаѓозовски и Делков од претставници на Природнонаучниот музеј на Македонија и Природнонаучниот музеј на Бугарија кои работат на терен, беа информирани дека со ископување на фосилните остатоци на изумрениот слон е започнато на 20 април 2018 година и прелиминарно неговата старост се проценува на околу 8 милиони години. Министерот Алаѓозовски истакна дека со помош на Министерството за култура преку програмата за музејска дејност стручен тим во деновите што престојат ќе ги колекционираат ископаните остатоци, а во блиска иднина фосилните коски ќе бидат конзервирани и претставени на домашната и меѓународната јавност преку соодветно изложување во просториите на Музејот.

Read more...
 
Отвореното градско првенство на Неготино во шах ќе се одржи од 4 до 6 мај PDF Print
There are no translations available.

    Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по седми пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах “Неготино Опен 2018”. Првенството ќе започне на 4 мај (петок) во 17.00 часот и ќе се одржува во просториите на старата зграда на Фондот за здравство. Првенството кое ќе трае до 6 мај (недела) ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Тони Делков. Право на учество на првенството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на Градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 4 мај (петок) до 13.00 часот.
 
Read more...
 
Голем интерес за инвестирање во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков деновиве имаше интензивни контакти со странски претставници, меѓу кои амбасадори, потенцијални инвеститори и заинтересирани за спроведување заеднички проекти со нашата општина. Така, денеска градоначалникот Делков го прими и разговараше со Паоло Вигато од Италија од општина Есте и Монтањина-провинција Падова Венето. Целта на состанокот беше воспоставување соработка и аплицирање на заеднички проекти од интерес за двете општини од областа на земјоделието и животната средина. Двајцата соговорници беа едногласни дека и двете општини имаат огромни потенцијали за спроведување проекти од овие области, па се договорија на наредниот состанок соработката да продолжи на ниво на администрација преку заедничко разработување на проекти.

Read more...
 
Во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” втора изведба на комедијата “Стјуардеси” на кавадаречкиот театар PDF Print
There are no translations available.

   На барање на љубителите на театарот од Неготино, комедијата “Стјуардеси” на кавадаречкиот театар наредната недела ќе доживее репризно издание во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”. Поради огромниот интерес за оваа театарска претстава во нашиот град за премиерната изведба и после неа, општина Неготино и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” направија напори по вторпат да ги видиме одличните актери на кавадаречкиот театар со извонредната изведба на оваа комедија, која што е работена според текст на Марк Камолети, а е во режија на Диме Коцевски.

Претставата е закажана за вторник, 24 април со почеток од 19.30 часот, а влезниците по цена од 50 денари можат да се набават пред почетокот на претставата на билетарата во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”.

Read more...
 
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>

Page 167 of 314