Општина Неготино
Одбележан патрониот празник на ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Денеска се одбележуваат 115 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев кој на денешен ден во 1903 година бил убиен од турската војска во селото Баница, а во тие рамки денеска беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште “Гоце Делчев“ од Неготино. Активностите започнаа со одржување на спортски игри и со полагање на свежо цвеќе на спомен бистата на патронот која е лоцирана во училишниот двор, по што програмата продолжи во просториите на училиштето. На настанот беа присутни и истиот го проследија  голем број гости меѓу кои сегашни и поранешни наставници и раководители, делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, носители на јавни функции, претставници на бизнис секторот и други присутни кои имаа пријатна можност да ја проследат празничната програма подготвена од страна на учениците и нивните наставници. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа доделени дипломи и пофалници, а пред присутните беа прочитани наградените литературни творби по предходно распишаниот конкурс. Инаку, празнувањето започна синоќа во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ со одржување пригодна програма во чии рамки свое обраќање пред гостите имаше директорот на оваа образовна установа Петар Мантев.

Read more...
 
Министерот Ахмедовски во работна посета на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Министерот без ресор Аксел Ахмедовски денеска беше во работна посета на Неготино, оствари средба со неготинскиот градоначалник Тони Делков. Рече дека како министер во Владата, надлежен за спроведување  на Стратегијата за Ромите 2014-2020 година, ги посетува општините во кои има ромско население. Ова ни беше прва средба со градоначалникот на Неготино. Разговаравме околу надлежностите, помошта која може да ја добијат околу проекти за инфраструктурни објекти кои се однесуваат на населени места во кои живее ромско население. Разговараме и околу вработувања на лица од ромска националност во општината и други институции, мислам дека Неготино ќе добие референт за ромски прашања, како некои други општини, нагласи Ахмедовски, најавувајќи локален акциски план, кој е основа за соработката со општината. И министерот и градоначалникот изразија задоволство од првичната средба и нагласија дека соработката ќе продолжи, во интерес на сите.

Read more...
 
Започнаа градежните работи во Урбаната зона 8 блок 1 во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претставници на изведувачот  „Ју-бај2“ од Скопје и надзорот над изградбата, започнаа работите за изградба на водоводна, фекална и атмосверска канализација во УЗ 8 блок 1. Станува збор за проект чија вкупна вредност на работите изнесува 14.000.000 денари, а истиот се спроведува преку Министерството за транспорт и врски со средства одобрени од Европската инвестициона банка.  Се гради комунална инфраструткура и тоа АБ канал, краци на улиците 3 и 4, а се поставува и водоводна, фекална и атмосверска мрежа во рамките на проектот „Линиска инфраструктура за изградба на комунална инфраструктура во општина Неготино. Согласно проектот, ќе биде изграден канал во должина од 330 метри, фекална мрежа со опфат на краци во должина од 808 метри, атмосверска канализација од 372 метри и водовод за улиците 3 и 4 со опфат на краци во должина од 809 метри. Градоначалникот Делков изрази оптимизам дека целиот проект ќе биде навремено завршен со што ќе се создадат услови за непречено функционирање на постоечките стопански капацитети, но и да се стимулираат потенцијални инвеститори токму на овој урбанизиран простор да изградат нови капацитети.

Read more...
 
Од среда (02.05.) во функција ќе биде паралелниот систем за наводнување дворни површини PDF Print
There are no translations available.

Од Јавното претпријатие Комуналец  ги  известуваат граѓаните  на општина Неготино дека од 02.05.2018 (среда) ќе биде пуштен во функција паралелниот систем за наводнување на дворните површини. Од локалното комунално претпријатие ги замолуваат  граѓаните да извршат проверка на своите приклучоци и да ги доведат во исправна состојба.  Во случај на појава на евентуални дефекти, да се пријави во Ј.П.„Комуналец“ или на тел: 361 – 711.
 
Делегација од Франција на средба со градоначалникот Делков PDF Print
There are no translations available.

  СОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино започна соработка со гимназијата Малерб од Каен, Р. Франција. Соработката започна пред 18 месеци а се конкретизираше овој април со школска размена помеѓу двете училишта.  Учениците од нашето средно училиште беа на посета во Каен во периодот од 6 до 13 април додека француските ученици им ја возвратија посетата од 20 до 27 април 2018. Вкупно заминаа 21 ученици од француските паралелки со тројца професори. Темите на коишто работеа учениците од двете земји беа теми од областа на првата и втората светска војна. Беа посетени плажите на истоварувањето на сојузничкита сили во Нормандија и Меморијалниот центар во Каен. Во Македонија беа посетени француските и македонските гробишта каде што им се оддаде почит на паднатите македонски и француски војници за време на последните две светски војни. Учениците работеа на проектот „Нормандија за мир“ истражувајќи и користејќи различни материјали и фотографии направени во Франција.  Јазичната и културната размена со оваа најголема гимназија во Нормандија (2400 ученици) ќе се одвива секоја втора година.
Read more...
 
Хортикултурно се уредуваат повеќе локации во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на реализацијата на проектот „Мојот убав град“ на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков деновиве работници на ЈП Комуналец беа ангажирани на хортикултурно уредување на неколку локации во градот. Се разубавуваше централното градско подрачје, паркот во близина на Музејот, околината на спортската сала Младост и други локации во Неготино. Како што информираат одговорните, засадени се зимзелени ползавци, лаванда, трендафили, едногодишни хризантеми и други украсни жбунесто растенија, со единствена цел за разубавување на просторот каде истите се посадени, а наедно на повеќе места се изврши косење на нараснатата трева. Активностите од проектот „Мојот убав град“ продолжуваат и ќе се одвиваат во континуитет на територијата на целиот град, а планирано е хортикултурно уредување и на влезот и излезот во и од Неготино со нивно расчистување и садење на украсни растенија.

Read more...
 
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>

Page 166 of 314