Општина Неготино
Се одржаа „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура кај младите“ PDF Print
There are no translations available.

   Како секоја година, така и оваа, во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Неготино и со поддршка од локалната самоуправа и училиштата од општината, се одржаа сообраќајно воспитните манифестации „ Детски семафор “ и „Сообраќајно техничка култура на младите“. Натпреварот се одржа на 09.05 (среда) со почеток од 09:00 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино, на кои учествуваа двете основни училишта од општината ООУ,,Страшо Пинџур“ и ООУ„ Гоце Делчев“, подрачното ОУ„Гоце Делчев“ од с.Долни Дисан и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Учествуваа 18 ученици од основните училишта, и 6 ученици од средното училиште. Екипно најдобри резултати постигнаа учениците од ОУ„ Гоце Делчев“- с.Долни Дисан  кои се пласираа за учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци.

Read more...
 
Започна реконструкцијата на тротоари во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Согласно годишната програма за комунални работи и сообраќај на општина Неготино започнаа градежни работи за реконструкција на тротоари на повеќе локации во градот. Во моментов на терен се работи на реконструкција на тротоарот од  левата страна  на ул„ Борис Кидрич“ од спојот со ул„Маршал Тито“ до спојот со ул„Јна“ во должина од 150 метри или како што информираат стручните служби опфатена е површина од 230 м2. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков најпрво се изврши отстранување на постоечкиот бетон и рабници, по што ќе се пристапи кон поставување на бехатон коцки и нови бетонски рабници, со што по завршувањето на работите овој тротоар ќе добие сосема нов и модерен лик. Градоначалникот Делков додава дека следна локација на која ќе се работи ќе биде потегот кај црквата „Св.Атанасиј“ од десната страна на ул„Партизанска“, поточно од спојот на истата со ул„Цандо Кожинков“ се до спојот со ул „4 Јули“ каде што ќе се гради комплетно нов троатоа во должина од 150 метри. Средствата за изведување на работите се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
Во Неготино одбележан Денот на македонската полиција PDF Print
There are no translations available.

   Со положување свежо цвеќе на спомен бистата на загинатиот полицаец Косте Волканоски и со оддавање почит на сите припадници на полицијата кои ги изгубиле своите животи, во кругот на Полициската станица Неготино беше одбележан Денот на македонската полиција. На настанот присуствуваше делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков кој на полицајците им го честиташе празникот 7-ми Мај кој се слави од 1993 година посакувајќи им успешна работа на сите полиња на дејствување. Инаку, годинава 7- Мај се прославува под мотото ,,Полицијата за граѓаните".

Read more...
 
Илија Ѓорѓиев победник на отвореното градско првенство на Неготино во шах PDF Print
There are no translations available.

   Од 4 до 6 мај во нашиот град се одржа седмото по ред отворено првенство во шах “Неготино Опен 2018”. На првенството учество зедоа преку 20 учесници кои за три дена одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство е шахистот Илија Ѓорѓиев за кој ова е втор триумф на првенствата по 2013 година кога исто така беше победник. Тој во седумте одиграни партии освои вкупно 6,5 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место на турнирот и втората награда во висина од 4.000 денари му припадна на Санде Атанасов, а третопласиран е Милорад Давидовиќ. Награди во висина од 1.000 денари добија и најдобро пласираниот млад шахист (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваа на турнирот. Наградите ги обезбеди Општина Неготино, а првенството беше организирано во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”.
Read more...
 
Заложбата за почиста животна средина е приоритет во дејствувањето на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, вработени во локалната администрација со асистенција на ЈП„Комуналец“ денеска спроведоа заедничка акција за отстранување на сметот и разубавување на градот во кој сите граѓани поминуваат најголем дел од своето време. Со работна рака и со помош на механизација од страна на учесниците во акцијата комплетно беше исчистен потегот на булеварот „Маршал Тито“ од двете страни од Полициската станица до надвозникот и просторот на влезот и излезот во и од Неготино, делот околу Спортско рекреативниот центар „Младост“, градскиот кеј, потегот кај бензинската станица и други локации. Градоначалникот Делков истакна дека ваквите акции му се потребни на Неготино и треба да се одржуваат почесто, со единствена цел да го разубавиме нашиот град во кој живееме и дејствуваме и да се избориме за почиста животна средина за сегашните и идните генерации граѓани на општината. Делков додаде дека локалната самоупорава е во секој момент подготвена не само да се вклучи во ваквите и слични акции за расчистување на градот, туку и да даде секаков вид поддршка за сите заинтересирани кои сакаат да дадат сопствен придонес за создавање услови за здрав живот на сите граѓани, како еден од најважните приоритети во дејствувањето на локалната самоуправа.

 

Read more...
 
Започна отвореното градско првенство на Неготино во шах PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб Неготино до недела (4 – 6 мај) во нашиот град  се одржува седмото по ред отворено првенство во шах. На првенството се пријавени преку 20 шахисти кои според правилата на ФИДЕ, по швајцарски систем ќе одиграат вкупно 7 кола. Предвидено е да се игра темпо од 25 минути, без дополнителни секунди по потег. Градското првенство за отворено го прогласија градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претседателот на ШК Неготино Трајко Недев кои на сите учесници им посакаа успешен настап, истакнувајќи дека заеднички ќе работат на создавање услови за развој на шахот во нашиот град и привлекување на што е можно поголем број млади шахисти и пројавување интерес од нивна страна за оваа древна игра.. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино ќе биде шахистот кој од одиграните седум кола ќе освои најмногу поени. При делба на место, односно во случај на шахисти со ист број освоени поени се применува критериум бухолц. Првата награда е во вредност од 5.000 денари. Покрај останатите, предвидени се и награди за најдобро пласираниот млад учесник (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваат на турнирот. Дипломите и наградите на најдобрите шахисти од нашиот град на ова првенство ќе им ги додели покровителот на овој настан - градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Тони Делков.

Read more...
 
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>

Page 165 of 314