Општина Неготино
Се обновува урбаната опрема и реквизитите на повеќе локации во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на годишната Програмата за комунални дејности и сообраќај, општина Неготино на неколку локации во градот започна со активности за санација на урбаната опрема, кантите за собирање на отпад  и поставените реквизити. Како што информираат стручните служби, извршено е обновување на сите клупи за седење во централното градско подрачје каде што и фреквенцијата од посетители е најголема, во населбата Саат-кула, а следуваат активности и на просторот околу Спортско рекреативниот центар Младост. Исто така, се врши санирање и на реквизите наменети за најмладите наши сограѓани кои наедно се и најмногу експлоатирани и подложни на оштетување и тоа како во центарот на градот, така и во населбата Саат-кула.

Read more...
 
Награди и признанија за најдобрите ученици од неготинските училишта PDF Print
There are no translations available.

  Во четврток на 7-ми овој месец на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 20,00 часот ќе се одржи настан под мотото „Играме и пееме за крај“ на кој на најдобрите и најуспешните ученици од трите неготински училишта ќе им бидат доделени пригодни награди и признанија. Настанот ќе се одржи под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а организацискиот дел е на директорите и вработените во СОУ„Св. Кирил и Методиј“ , ООУ„Гоце Делчев“ и ООУ„Страшо Пинџур“ Драган Василев, Петар Мантев и Сашо Ѓорѓиев. Според предвидената програма која ќе се реализира на бината на градскиот плоштад, пригодно обраќање пред присутните ќе има градоначалникот Делков кој воедно ќе им ги врачи наградиите и признанијата на најдобрите ученици како знак на внимание за сите успеси што ги постигнале, за трудољубивоста, за огромната љубов и почит кон своето училиште, кон наставниците и родителите. Како што истакнуваат организаторите, настанот ќе биде проследен и со богата културно-забавна програма, па токму затоа апелираат до сите граѓани на општина Неготино во четврток навечер да повелат на градскиот плоштад и да ги проследат содржините од манифестацијата која за прв пат се одржува во нашиот град.

Read more...
 
До 28-ми јуни во Музејот на Неготино изложба на етнолошки предмети PDF Print
There are no translations available.

   Во Општинската установа Музеј на град Неготино е отворена “Изложба на етнолошки предмети“ која е дел од одобрените проекти од Министерствот за култура на РМ според националната програма за финансирање на проекти од национален интерес на Р.Македонија за 2018 година. Предметите кои што се изложени во изложбениот салон во музејот потекнуваат од почетокот на 18 до крајот на 20 век и се од селата од општина Неготино и тоа: Долни Дисан, Горни Дисан, Тремник, Војшанци, Бистренци, Тимјаник, Црвени Брегови, Курија, Пепелиште и секако од градот Неготино. Тие се собрани по пат на подарување, наоѓање и откуп при теренските истражувања на етнолошкото одделение во ОУ Музеј на град Неготино од 1996 г. па наваму. Концептот на изложбата е направен врз основа на материјалите од кои што се изработени предметите, односно во првиот дел се содржани предмети изработени од керамика, односно грнчарски предмети, потоа метални предмети, предмети изработени од дрво и текстил изработен и исткаен на разбој. Интерес предизвикуваат предметите како што се: макази - крклизи, соларник, пиралка, дрмон, вретена, фурки, народниот вез и други предмети кои што се употребувале како алатки за извршување на земјоделски работи, во домаќинството, алатки за обработка и изработка на текстил изработени од вештите раце на грнчарите, казанџиите и ткајачките украсени со посебна орнаментика и колорит. Сите предмети изложени во поставката се во сопственост на ОУ Музеј на град Неготино, валоризирани како збирка на етнолошки предмети со решение од Управата за заштита на културното наследство на РМ, која што претставува богато културно наследство кое треба да се негува и да се сочува од заборав. Изложбата е од јавен карактер, ќе биде поставена до 28 јуни и може секој љубител да ја посети и види.  Автор на изложбата е етнолог-виш кустос од ОУ Музеј на град Неготино, Драгица Чекорова, а ја отвори м-р Анита Ѓорѓиоска, етнолог виш кустос од Националната Установа Музеј Куманово. 

Read more...
 
ООУ„Гоце Делчев“ Неготино доби нова летна училница PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за подобрување на условите за одвивање и следење на наставниот процес во адаптирани услови како за наставниците, така и за учениците, во училишниот двор на Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Неготино  на пригодна свеченост денеска во функција беше ставена новата летна училница. Според зборовите на директорот Петар Мантев, станува збор за објект по чие ставање во функција се создадени услови за одвивање на наставата во природа, покрај редовното следење на наставата во училниците и кабинетите. Летната училница е со површина од 24 метри квадратни, а средствата за нејзината изградба се обезбедени преку организирана донаторска вечер од страна на Ротари клуб Неготино.

Read more...
 
До 30-ти јуни вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Апел со цел „Лето без пожари“ PDF Print
There are no translations available.

   Со присуството на високи температури кои претставуваат потенцијална опасност за појава на пожари, од страна на надлежните институции до сите граѓани е упатен апел со мото „Лето без пожари“. Имено, од Територијалната противпожарна единица Неготино, а во соработка со Општинскиот противпожарен сојуз и локалната самоуправа Неготино, апелираат до граѓаните и населението за зголемена внимателност од можноста за предизвикување пожари сега, а посебно во претстојниот летен период. Токму затоа, се повикува на внимателност при движење во шумите и на отворен простор со единствена цел за благовремена превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните и заедницата. Се препорачува да не се фрлаат догорчиња и отпушоци од цигари, да не се пали оган на отворен простор, на стрништа, плевели и друг отпаден материјал, со што пак сите заедно како граѓани на општина Неготино ќе придонесеме за зачувување на шумите и останатите материјални богатства во природата. Доколку граѓаните забележат пожар, се замолуваат веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 193, информираат од Територијалната противпожарна единица од Неготино.

 
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>

Page 162 of 314